Десетици илјади Иранци на погребот на Раиси во Техеран


Оќалостени Иранци во техеран ја носат сликата на загинатиот претседател Ебрахим Раиси

Десетици илјади Иранци се собраа утрово во центарот на Техеран за да му оддадат почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа.

Луѓето се собраа околу зградата на Универзитетот во Техеран, каде што врховниот лидер на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, ќе ја води молитвата на погребната церемонија.

Раиси и уште седум лица загинаа во неделата. Меѓу жртвите беше и шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир Абдолахиан.

Хеликоптерот со Раиси се урнал додека се враќал од провинцијата Источен Азербејџан.

Раиси беше претседател на Иран од 2021 година.