Битиќи: Тврдам дека нашата понуда е подобра од таа на ВМРО-ДПМНЕ


„ Со сигурност тврдам дека тоа што го нудиме на овие избори е далеку подобро од целата политичка програма на опозицијата и на ВМРО-ДПМНЕ  затоа што ако ја гледате парламентарната кампања во суштина нема понуда за граѓаните туку празни зборови. Една единствена е понудата, дали во албанскиот спектар, дали во македонскиот, а тоа е кој […]

До 2030 година Албанија со четири аеродроми


Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија. На веќе постоечките аеродроми во главниот град Тирана и северниот град Кукс, аеродромите во крајбрежниот град Валона, југозападна Албанија и во јужниот град Ѓирокастро, ќе бидат додадени до 2030 година. Во […]

Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки


Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово ги исполнило сите барања на Европската унија за укинување на рестриктивните мерки што му беа наметнати и дека треба да бидат отстранети. „Мерките што се во сила против Косово се спротивни на напорите на регионот за забрзана интеграција во ЕУ. Продолжуваме со нашите напори да отвориме повеќе […]

Барозо: Не се потребни фиксни датуми за проширувањето на ЕУ, туку постепена интеграција на кандидатите


Одредувањето на фиксни датуми за следното проширување на ЕУ не е најдобра идеја, но Унијата треба да работи на постепена интеграција на земјите кандидати за членство, смета поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо.  Коментирајќи ја најавата на актуелниот претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел дадена минатата година во Блед дека следното проширување на […]

Почина таткото на Тоше Проески


Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. „Светол патот, татко мој“, напиша таа. Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, Никола и Доминика, не се појавуваа во јавноста и немаа сила да бидат дел од […]

Овој аеродром не изгубил ниту еден багаж во последните 30 години


Јапонскиот меѓународен аеродром „Кансаи“ (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот. „Кансаи“ е рангиран како 18-ти најдобар аеродром во светот за оваа година, зад меѓународниот аеродром во Токио, Нарита која е на петтото место и Ханеда која е на четвртото место. При изборот на најдобриот аеродром, се земаат […]

Измиени дворовите на поголемите православни цркви пред Велигден


Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини. Со активностите се опфатени: соборниот храм „Св. Климент Охридски“, црквите „Св.Богородица“, […]

Заработка од 186 евра на час! За овие три работи не ви е потребна диплома, има само еден услов!


Три работи кои може да се работат од дома, а од нив може да заработите добри пари. Сè поголем број Американци одат во фриленсери, покажуваат резултатите од најновото истражување. Дури 38 отсто од нив во 2023 година работеле од дома за дополнителен приход, а некои овие работи ги извршувале со полно работно време. Ако и […]

Николоски се жали: Никој од про-опозициските кандидати за претседател до денес не ја поддржал Силјановска


 Четирите про-опозициски кандидати за претседател до денес ја немаат поддржано Силјановска Давкова,  изјави денес Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, неколку помали политички партии од македонскиот кампус кои му слугуваат на Али Ахмети, свесно или несвесно. „Има неколку помали политички партии од македонскиот политички кампус кои му слугуваат на Али Ахмети свесно или несвесно и […]

Ученици обезбедија клима-уред за социјално загрозено семејство


Ученици обезбедија грејно – разладно тело за социјално загрозено семејство во Кавадарци, во рамки на активностите од програмата за промоција на хумани вредности, информираше денеска Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст.    – Младите волонтери во нашата хуманитарна организација реализираат неколку проекти, станува збор за платформата „Црвен крст во акција, промоција на […]

Агенцијата за супервизија на осигурување ја охрабрува Владата да ги намали цените на полисите за автомобилите


Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја охрабрува Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. АСО како регулатор на пазарот на осигурување уште еднаш јавно информира дека е целосно неоправдан и без основа потегот […]

До понеделник градските автобуси со празничен возен ред


За време на велигденските празници, односно од утре петок – 3 мај до понеделник 6 мај. јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Како што информираат од ЈСП Скопје исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре ќе сообраќаат по саботен возен ред. […]

Финалниот предлог на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница пратен во ОН


Конечниот предлог за Резолуцијата што ќе го одбележи 11 јули како ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница во БиХ во 1995 година е испратен до претседателот на Генералното собрание на ОН, Денис Френсис, потврди амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија. Конечниот предлог на Резолуцијата, во која имаа увид од […]

Невремето создаде хаос во Франција: Одрони, а има и мртви


Една 57-годишна жена загина, а еден маж е повреден во лизгање на земјиштето за време на невремето што синоќа го зафати северниот дел на Франција, соопштија локалните власти. Интензивните врнежи од дожд во градот Курмело предизвикаа одрони и лизгање на земјиште, кои затрупаа неколку куќи, се наведува во соопштението, пренесува Фигаро. Интервенирале речиси 60 пожарникари, […]

Големи се шансите Косово да остане надвор од агендата на Советот на Европа


Поранешниот косовски координатор за дијалог со Србија, Авни Арифи вели дека барањата до Косово на земјите-партнери Германија, Франција и Италија не се исполнети, дека мора да се преземат конкретни чекори за формирање на Заедницата на општини со мнозинско срспко население за членство во Советот на Европа, поради што постои можност Косово да не влезе во […]

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за светскиот раст за 2024 година


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ги зголеми прогнозите за светскиот економски раст во 2024 година, особено благодарение на динамиката на закрепнување во САД. Денеска ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2024 година на 3,1 отсто, додека според последната економска прогноза на организацијата од февруари таа изнесува 2,9 отсто. „Внимателниот оптимизам […]

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности


Три пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Крушево од 15.45 до 19.30 часот, со едно ПП возило и три пожарникари и еден вработен и едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Липа“ од Крушево, […]

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно


Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно. Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час. – Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во […]

Села: ВЛЕН аплаудира на антиалбански изјави на Мицкоски


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села е загрижен што коалицијата ВЛЕН „аплаудира на антиалбанските изјави на Христијан Мицкоски“, пишува „Газета Експрес“. Тој додал дека ВЛЕН сега го „заборави“ косовскиот премиер Албин Курти и го користат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Според Села, неговиот довчерашен сопартиец, Арбен Таравари, сега зборува како „тие да се оружјето на […]

Караванот на ДИК едуцираше гласачи низ повеќе општини во државата


Караванот на Државната изборна комисија, како дел од кампањата „Ти си на ред“, кој започна на 18 април, досега посети различни општини низ државата, во сите изборни единици. Гласачите во Штип, Конче, Струмица, Куманово, Студеничани, како и Скопје (општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Центар), се здобија со информативни и едукативни материјали во склоп на […]