Астрономски календар


Денеска е недела, 5 мај 2024 година, 126-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 240 ден.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 24 минути, а ќе зајде во 19 часот и 37 минути. Денов трае 14 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Соборниот храм преполн – радосно дочекано воскресението Христово


Со објавата „Христос воскресе!“, ноќва на полноќ, беше објавено воскресението на господ бог Исус Христос, а бројни православни верници веста ја дочекаа во храмовите. Во скопскиот Соборен храм, поглаварот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан богослужеше во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки. Верниците со насмевки и црвено јајце во рака го […]

Пожар во Дом за стари лица во Банско – корисниците евакуирани


Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека вечерва околу 23.30 часот бил пријавен пожар во Домот за стари лица во селото Банско. Корисниците биле безбедно евакуирани, а откако пожарот бил изгасен, биле вратени назад. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарно возила. Нема повредени лица. Пожарот целосно е изгаснат во 00.50 часот. Прво биле […]

„Голема енигма“: археолози аматери откопаа мистериозен римски објект


  Аматерски археолози во Англија откопаа еден од најголемите римски додекаедрони некогаш пронајдени, но мистерија опкружува за што всушност се користел. Објектот со 12 страни е еден од само 33-те познати дека постојат во римска Британија и еден од приближно 130-те во светот. Се смета за „една од најголемите археолошки енигми“, според групата за историја […]

Лабуристот Садик Кан по трет пат избран за градоначалник на Лондон


  Садик Кан, кандидат на Лабуристичката партија, е избран за градоначалник на Лондон, освојувајќи историски трет мандат по драматичен натпревар. Кан беше прогласен за победник пред кандидатката на конзервативците Сузан Хол во саботата попладне, со 43,8 отсто од гласовите. Градоначалникот на Лондон беше исвиркан додека го започна својот победнички говор. „Ви благодарам од дното на […]

Политичар од германските социјалдемократи тешко претепан во Дрезден


  Политичарот од германската партија СПД, Матијас Еке, е во болница поради сериозни повреди здобиени во напад на група насилници во Дрезден. Истата група нападна и политичари на Зелените. Истрагата за политички мотивирано насилство ја води државната безбедност. Матијас Еке е член на Европскиот парламент и главен кандидат на социјалдемократите на претстојните европски избори. Тој […]

Бочварски и Филипче се провозија по завршениот дел од патот Градско-Прилеп


  Носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата Венко Филипче и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, а видеото од нивното возење е објавено на нивните Фејсбук страни. „Експресен пат Градско –Дреново. Ова е првата фаза од клучка […]

Пендаровски на лежерна средба со млади гостиварци


  Денеска, во рамките на кампањата, претседателскиот кандидат Стево пендаровски беше во Гостивар каде имаше средба со млади жители од овој крај и разговор со шолја кафе. Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна и поразговара со група млади луѓе во Гостивар. Зборувајќи за досегашната работа како претседател, Пендаровски истакна дека младите секогаш имале клучно […]

Апасиев не сака по втор пат да се изгори со поддршка на Силјановска


  Отворено и по малку брутално лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска изјави дека не помислува да ги повика нивните поддржувачи да гласаат за Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на претседателските избори. Левица повика на поддршка за Силјановска во 2019 година. Гостувајќи на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 тој не спомена дека Стево Пендаровски […]

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница


Во тек е дистрибуцијата на гласачките ливчиња низ државава за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, потврдија за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот. – Екипите […]

Русија распиша потерница по Зеленски


Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости. „Володимир Александрович Зеленски, 25 јануари 1978 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, пишува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството. Не беше наведен написот по кој беше издаден налогот за апсење на украинскиот […]

Благодатниот оган и на оваа Велика сабота се појави во храмот на Христовото Воскресение во Ерусалим


Во храмот на Христовото Воскресение во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден. Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим на овој ден се собираат илјадници православни верници, кои по слегувањето на […]

Костадиновска-Стојчевска на откривањето на бистата на Гоце Делчев во Пустец


  „Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа“, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска откако денес во Пустец, Албанија, беше откриена бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Костадиновска-Стојчевска присуствуваше на тој настан. Министерката истакнува дека бистата „е вечен потсетник за значењето на искрената […]

Украина има портпаролка генерирана од вештачка интелигенција


  Украина во средата ја претстави портпаролката генерирана од вештачка интелигенција наречена Викторија, која ќе дава официјални изјави во име на нејзиното Министерство за надворешни работи. Министерството соопшти дека „за прв пат во историјата“ ќе користи дигитален портпарол за читање на неговите изјави, кои сепак ќе ги пишуваат луѓе. Облечена во темен костум, портпаролката се […]

Принцезата Кејт ја оперирал тим од италијански лекари


  Британската принцеза Кејт беше оперирана од тим италијански хирурзи кога беше подложена на абдоминална операција во лондонската клиника во јануари. Ова го објави италијанскиот магазин „Џенте“ за животен стил во напис објавен во петокот. „Операцијата ја изврши тим италијански лекари од поликлиниката ‘Џемели’ во Рим“, се наведува во написот. Ниту болницата „Џемели“, ниту лондонската […]

Го грабнале и барале пари од него. Еден од грабнувачите е полицаец


  Три лица, меѓу кои и полицаец, се осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода.  Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела „разбојништво“ и „противправно лишување од слобода“. Двајцата се осомничени дека […]

Македонија ја одбележа годишнината од загинувањето на Гоце Делчев под сенка на кампањата


  Во атмосфера на последните денови од кампањата за претседателските и парламентарните избори Македонија денеска ја одбележува 121-годишнината од загинувањето на еден од најголемите великани во нејзината историја – Гоце Делчев. На неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје положуваат цвеќе бројни политичари и други делегации. Цвеќе положија претседателот на државата Стево Пендаровски, владина […]

(Фото) Урнато дрво го попречува сообраќајот на Ленинова кај Хемпро


Сообраќајот кај кружниот тек помеѓу улиците Ленинова (Аминта Трети) и Орце Николов (кај Хемпро) предпладнево е делумно во прекин поради паднато дрво.  Една од липите на тротоарот речиси целосно се урна врз коловозната лента во правец на Илинденска и го блокираше коловозот. За среќа, нема штети врз автомобили или врз околните дуќани.  Во моментов, просторот […]

4 мај во историјата – Почна изградбата на Панамскиот канал


  Церемонијата на 4 мај 1905 година го означува официјалниот почеток на вториот обид за изградба на Панамскиот канал. Овој втор обид за премостување на Атлантскиот и Тихиот Океан ќе успее, драматично менувајќи ја светската трговија, како и физичкиот и геополитичкиот пејзаж на Централна Америка. Со децении пред да се направи обид, трговците и инженерите […]

Димитриевски навести дека ќе гласа за Силјановска


  Иако не директно, но индиректно Максим Димитриевски најави дека во вториот круг на претседателскиот избори лично ќе го даде својот глас за Гордана Силјановска-Давкова. Но не ги повика гласачите кои него го поддржаа кому да му го дадат својот глас. „Ќе гласам на претседателските избори, нема да го чкртнам ливчето. Јас веќе се извинив […]