Пожар во Дом за стари лица во Банско – корисниците евакуирани


Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека вечерва околу 23.30 часот бил пријавен пожар во Домот за стари лица во селото Банско.

Корисниците биле безбедно евакуирани, а откако пожарот бил изгасен, биле вратени назад.

Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарно возила. Нема повредени лица. Пожарот целосно е изгаснат во 00.50 часот.

Прво биле евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица полека се вратени на местата, собите од каде што биле евакуирани.

Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.