Пендаровски би одел на дебата со Силјановска и во белата палата


  „Јас предлагам дуел, кој опозицијата го избегна. Македонските граѓаните треба да знаат дека побегнаа од мастер дебата. Јас ја предложив, пред 20 дена реков дајте сите да седнеме, сите да се присутни. Нивниот кандидат се мислеше, еднаш прифати, па откажа. Потоа откажаа некои телевизии од за мене непознати причини“ рече претседателот Стево Пендаровски на […]

Само јас сум против внесување на Бугарите во Уставот, вели Ванковска


  Во Тетово, партијата Левица одржа народен собир на која беше претставена изборната програма „Го враќаме достоинството на нацијата“ на нивниот претседателски кандидат Билјана Ванковска. Таа рече дека противкандидатите бегаат од директни соочувања што не доликува на една демократија. „Ни ја зедоа државата. Нема веќе демос, има само етнос. И кога еден од противкандидатите зборува […]

Се огласи Пендаровски: Начинот на кој е упасен новинарот Салиу нѐ врати во мрачните времиња на Груевски


  „Успеав да видам само кратка видео снимка од апсењето на новинарот Салиу, детали за случајот немам. Очекувам и официјалните органи и МВР да кажат и да ја чуеме и другата страна, на новинарот. Но, кога ја видов снимката на која специјалци апсат новинар и тоа повеќемина врз еден, ме врати на старите мрачни времиња […]

Апсењето на новинарот Фуркан Салиу ги зовре страстите во кампањата


  Прво со тоа што објавуваше факсимили од состанок на партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ за наводно организирање лажни анкети и лажни вести, а денеска со неговото апсење од страна на полициски специјалци, новинарот Фуркан Салиу е во центарот на настаните за време на кампањата за двата избори. Тој денеска беше уапсен на фудбалски натпревар во […]

Силјановска го вика Пендаровски на дебата, но не и другите


  Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, го повика претседателот Стево Пендаровски на дебата од митингот во Виница, но не кажа дали би излегла со другите претседателски ривали на соочување. Таа изјави дека „секој претседател го завршува мандатот со еден детален извештај со кој што ќе потврди што реализирал“. За потоа да изјави: „Што […]

ЗНМ бара Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода


  Здружението на новинарите на Македонија излезе со соопштение случајот на новинарот Фуркан Салиу да биде расчистен, а тој веднаш да биде пуштен од полицискиот притвор. „Попладневно на социјалните мрежи и на неколку онлајн медиуми беше објавено видео од кое се забележува како повеќе униформирани специјалци од МВР апсат лице кое се наоѓа на земја […]

Брегот на главниот град на Оман се менува – ќе ви го одземе здивот (фото)


На брегот на главниот град на Оман, Мускат, ќе има згради со вкупна вредност од 1,3 милијарди долари, кои се дизајнирани од светски познатата архитектонска канцеларија основана од архитектката Заха Хадид. Градежниот комплекс ќе има 3,3 милиони квадратни метри, а ќе се состои од станбен комплекс, марина, културни институции, шеталишта и други објекти. Изградбата треба […]

Полициски специјалци го приведоа новинарот Фуркан Салиу


  Новинарот Фуркан Салиу, кој деновиве беше во центарот на аферата со наводните планови на ВМРО-ДПМНЕ за лажни анкети и лажни вести, денеска е приведен од припадници на специјалната полиција за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре. Според изјави на членови на семејството за некои медиуми Салиу заедно со неговиот снимател го следел фудбалскиот […]

Димитриевски: Мора да влеземе во ЕУ со крената глава


  Македонија мора да продолжи на патот на евроинтеграциите, но не по секоја цена, бидејќи мора да влеземе во Европската унија со крената глава како Македонци и како засебна нација, како што била и како што е во моментот по основните заложби на Крушевскиот манифест, порача од Струга претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. На […]

Дури 3.420 учеснички на „Авицена женска трка“


  Денеска се одржа 12. издание на „Авицена женска трка“. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија. Учесничките на трката беа поделени во девет категории, а со најдобар резултат заврши Теа Божиновска, која е дел од атлетскиот клуб „Скопски маратон“. Резултатите ќе бидат […]

На таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ му е одредена мерка притвор


На таткото на Д.Д., осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), му е одредена мерка притвор до 30 дена, јавуваат медиумите. Р.Д., таткото на Д.Д., осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), е приведен во Вишото јавно обвинителство во Зајечар поради сомнение дека му помогнал на синот да го отстрани телото на девојчето. Тој се […]

Пред шест месеци цел свет беше со Израел. Сега е осамен како ниедна друга земја


  ЕРУСАЛИМ – Кога Израел објави војна против Хамас минатиот октомври, тој беше обединет дома и уживаше широка поддршка од целиот свет по нападот без преседан на исламската милитантна група. Шест месеци подоцна, Израел се најде на многу поинакво место: заглавен во Газа, поделен внатрешно, изолиран на меѓународно ниво и сè повеќе во судир со […]

Почина братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ


Почина осомничениот Д.Д.(1984) од Бор кој во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д.Д., осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по делото.  Полицијата соопшти дека братот на убиецот починал во Полициското одделение во Бор. На Д.Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај […]

Изабела Роселини се врати на пистата во легендарниот Пучи принт во Рим


Рим- Изабела Роселини има силна врска со историјата на фирентинската модна куќа Емилио Пучи. Таа го носеше, во фотосесијата во 1990 година, култниот принт на Вивара, создаден во 1965 година од Пучи и именуван по островот во Неаполскиот залив што го инспирираше. Отворањето на неговиот прв бутик во Капри во 1950 година веќе беше изјава […]

СДСМ има план како да врати дел од лекарите кои заминале, вели Филипче


  Носителот на листата на СДСМ во Четвртата изборна единица, Венко Филипче, денес учестувуваше на трибина посветена на здравјето во Прилеп каде пред 150 здравствени работници ја претстави програмата на СДСМ и коалицијата во делот на здравството и планираните проекти кои директно ќе ги подобрат условите за здравствените работници и пациентите.  Во своето обраќање Филипче […]

Владо Мисајловски бара граѓаните да ја поддржат Гордана Силјановска-Давкова


  Денеска сме тука во Старо Нагоричане заедно со техничкиот заменик министер во земјоделие Цветан Трипуновски нашиот пријател од ВМРО-ДПМНЕ со нашите коалициони партнери, бедеми во коалицијата, сите заеднички и сложно да идеме од врата на врата да посетиме граѓани да разговараме со земјоделци и да ја претставиме нашата програма за следните парламентарни избори. Потпретседателот […]

Битолчани бараат од пратениците да бидат локал патриоти


  БИТОЛА – Битолските политичари кога ќе го поминат Плетвар забораваат на Битола! Оваа реченица често ја користат граѓаните од градот на конзулите, кога коментираат за политика, најчесто разочарани од предизборните ветувања и исполнувањата на партиите, но пред сѐ од изборот на партиски кадри за кандидати за пратеници. Па, така во ова предизборие, битолчани на […]

Османи сака меѓународен борд кој ќе биде филтер за политичарите и судиите


  Кандидатот за претседател од „Европскиот фронт“, Бујар Османи, денеска отиде подалеку од идејата на ДУИ за ветинг на политичарите и побара формирање на меѓународен борд кој ќе прави филтрирање на личностите кои се занимаваат со политиката во нашата земја. На денешната прес-конференција Османи рече дека еден од најважните приоритети на „европскиот претседател“ ќе биде […]

Ковачевски на средба со граѓани од Општина Центар


  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со граѓаните од Општина Центар и разговараше со нив за многу важни прашања, како што се животниот стандард, платите, пензиите, инфлацијата, за досега сработеното од владите на СДСМ на овие теми, но и плановите за следниот мандат. На средбите, како што соопштуваат од […]

Саша Барон Коен и Исла Фишер се разведуваат по две децении


Саша Барон Коен и Исла Фишер објавија дека се разведуваат по две децении. Во објавата на социјалните мрежи со која ја објавија разделбата, актерите рекоа дека заедно поднеле барање за ставање крај на нивниот брак минатата година. Двојката, која има три деца, се запозна во 2001, а се сврши во 2004. Споделувајќи ја објавата на […]