На денешен ден 1993 година Македонија стана земја членка на ОН


На денешен ден, 8-ми април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7-ми април 1993 година. Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските […]

Агенција: Во Европа се шверцуваат гасови кои ја затоплуваат климата


Огромни количества на разладни гасови кои ја затоплуваат климата од Кина и Турција илегално се шверцуваат во Европа, што го поткопува глобалниот пакт за нивно постепено отстранување, се вели во извештајот на Агенцијата за истражување на животната средина (EIA) со седиште во Лондон. Гасовите се флуоројаглеводороди (HFC), низа хемикалии кои се користат главно за индустриско […]

Пет работи кои не треба да ги правите во текот на ретроградниот Меркур


Априлскиот ретрограден Меркур започна на 1 април и ќе трае до 25 април, носејќи ги вообичаените тешкотии. „Меркур ретрограден“ е една од најпознатите фрази во астрологијата и за неа слушнале дури и оние кои не веруваат во влијанието на планетите врз нашиот секојдневен живот. Најновиот ретрограден танц на Меркур се одвива од 1 до 25 […]

Најстудено во Берово, најтопло во Дебар


Во Берово утрово е најстудено, нула степени, а најтопло во Дебар, 10 степени.  Како што соопшти УХМР, до 8:30 часот два степена се измерени во Лазарополе, три во Попова Шапка и Маврови Анови, четири во Скопје-Петровец и Битола, пет во Крива Паланка и Струмица, шест во Охрид, Демир Капија, Тетово, Велес, Крушево, Претор и Куманово, […]

Германија се соочува со тужба за геноцидот во Газа пред највисокиот суд на ОН


Германија, во понеделник, се соочува со обвинувањата на Никарагва пред највисокиот суд на ОН во Хаг дека „го олеснила извршувањето на геноцид“ врз Палестинците со обезбедување воена и политичка поддршка на Израел. Никарагва ја тужеше Германија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), барајќи од судиите да преземат итни мерки за да го спречат Берлин да […]

Филмот и културата создаваат нови мостови: Отворен Фестивалот на грчки филм во Кинотека


Во присуство на актери, режисери, дипломати, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, синоќа во Кинотека бил отворен четвртиот Фестивал на грчки филм, што ќе трае до 10 април.  Фестивалот го организираат Амбасадата на Грција и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ со поддршка од спонзори. Како што информира „Киненова“, присутните ги поздрави Клери Коцидас, шеф […]

Силен земјотрес го погоди Тајван


 Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван, јавува ЕМСЦ (EMSC). Земјотресот е регистриран во 13 часот и 9 минути по локално време. Засега нема информации за повредени или материјална штета. Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала минатата недела исто така го погоди овој остров и оттогаш тлото […]

(Видео) Отпадна капак на мотор на „Боинг“ во САД


Капакот на моторот на Боинг 737-800 во сопственост на Саутвест ерлајнс (Southwest Airlines) падна за време на полетувањето во Денвер во неделата и удри во закрилецот, што ја натера американската Федерална управа за авијација (FAA) да отвори истрага. Никој не беше повреден, а летот 3695 безбедно се врати на аеродромот во Денвер околу 8:15 часот […]

Механизмот за реформи и раст на Западен Балкан главна тема на денешното заседание на Корепер


Предлог-регулативата за воспоставување на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, во прво читање, е главна тема на денешното заседание на Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (Корепер).  Регулативата за создавање на Механизмот е ставена на дневниот ред на денешната седница на Корепер, откако во четвртокот белгиското претседателство со Советот на […]

Продолжува хаосот во турскиот фудбал: Фенербахче излезе со младинци, прими гол и го напушти теренот


Турскиот фудбалски гигант, Фенербахче излезе со соопштение по прекинот на натпреварот од Суперкупот на Турција против Галатасарај. Натпреварот што требаше да се одигра вчера заврши по само три минути. Фенербахче истрча со младински тим и по примениот гол, тимот го напушти теренот. Така Фенербахче доживеа службен пораз, а Галатасарај стана освојувач на трофејот. – Излеговме […]

Илон Маск објави дека „Тесла“ ќе претстави „роботакси“ на 8 август


Илон Маск долго време има афинитет за самоуправувачки возила, тврдејќи дека тие ќе бидат еден од најважните производи на „Тесла“. И покрај големите ветувања, годините поминаа без автомобили кои досега можат да возат сами. Но, Маск, во петок попладне, кога компаниите имаат тенденција да ги „закопуваат“ вестите, на X објави дека „Тесла“ ќе го претстави […]

Столтенберг за Би-Би-Си: Сојузот на авторитарни сили сè повеќе соработува против Западот


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека „сојуз на авторитарните сили“, во кој, според него, се Русија, Иран, Кина и Северна Кореја, сè поблиску соработува против западните демократии. Тој оцени дека соработката на „сојузот“ се повеќе се координира, а како пример го наведе фактот што Русија им дала технологија на Иран и Северна Кореја […]

Масовни протести низ Израел: Десетици илјади граѓани побараа оставка од Нетанјаху


Десетици илјади Израелци викендов демонстрираа низ целата земја против владата на Бенјамин Нетанјаху, барајќи посериозни напори за ослободување на заложниците кои Хамас ги држи шест месеци. Само во Тел Авив, како што пренесува Гардијан, на улиците излегле 100.000 луѓе. Извикувајќи „избори сега“, демонстрантите го повикаа Нетанјаху веднаш да поднесе оставка и побараа избори. Локалните медиуми […]

Палестинците се враќаат во Кан Јунис по повлекувањето на израелската војска


 Палестинците почнаа да се враќаат во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, неколку часа откако израелските одбранбени сили (ИДФ) ги повлекоа сите копнени сили за маневар, оставајќи само една бригада да обезбеди коридор низ палестинската енклава. Групата Палестинци го напуштија најјужниот град во Газа, Рафа, каде што се засолниле повеќе од 1,5 […]

Излезни анкети: Полската националистичка опозиција ПиС води на локалните избори


Националистичката опозициска партија Право и Правда (ПиС) води на локалните избори во Полска, покажаа излезните анкети, што претставува удар за амбициите на премиерот Доналд Туск да ја консолидира власта. Доколку бидат потврдени, резултатите ќе ги уништат надежите на Туск да ја доведе својата Граѓанска коалиција (КО) на првото место на изборите независно од неговите партнери […]

Бразилски судија почна истрага против Маск


Судијата на бразилскиот Врховен суд Александре де Мораес вчера почна истрага против Илон Маск за попречување на правдата во врска со социјалната мрежа Х, се вели во судски документ. Маск ја оспорува одлуката на судијата Мораес да и нареди на неговата платформа за социјални медиуми Х да блокира одредени профили. Маск претходно објави дека X […]

Повеќе од 90 луѓе загинаа при потонување на брод во близина на брегот на Мозамбик


Повеќе од 90 луѓе загинаа откако брод вчера се преврте крај северниот брег на Мозамбик, соопштија локалните власти, пренесе ДПА. Луѓето кои се наоѓале на бродот бегале од епидемија на колера и патувале од Лунга до островот Мозамбик, во близина на брегот на Нампула, јавија локалните медиуми. Рибарскиот брод можел да собере најмногу 100 луѓе, […]

Петровска во посета на компанијата „Актива“ во Штип, компанија која е регистрирана за учество на пазарот на НАТО


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе ја посети компанијата „Актива“ во Штип, која од крајот на февруари е внесена во евиденцијата на економски оператори од Северна Македонија кои можат да учествуваат на тендерите на НАТО. Со членството во НАТО, како што информира Министерството за одбрана, македонските компании добија можност за пристап до пазарот на […]

Без струја денеска повеќе улици во Центар, без вода неколку улици во Карпош


Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат повеќе корисници во Центар, додека без вода, дел од корисниците на општина Карпош. Во период од 08:30 часот до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците на ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул. „Наум Наумовски – Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина […]

Сончево со мала локална облачност, температури до 27 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се […]