На денешен ден 1993 година Македонија стана земја членка на ОН


На денешен ден, 8-ми април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7-ми април 1993 година.

Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8-ми септември 1991 година за самостојна и независна држава.

За жал Македонија беше примена под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија поради противењето на Грција.

И покрај тоа, најголем број од државите во светот, повеќе од 150, ја признаа Македонија под уставното име Република Македонија, меѓу кои и две членки на Советот за безбедност, како Кина и Русија.