Запален билборд на Таравари, тој чека институциите да откријат што се случило


  Во текот на ноќта помеѓу 6 и 7 април во Град Скопје бил запален билборд на кој се наоѓа рекламен плакат за претседателскиот кандидат Арбен Таравари, соопштија од коалицијата „Вреди“ која побара виновниците да бидат казнети. „На полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина […]

Бајага по 40 години со албумот „Позитивна географија“ во МКЦ: Евегрините се вечни


Регионалната поп-ѕвезда и неговиот бенд  „Бајага и инструктори“ синоќа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје го повтори својот прв концерт одржан на истото место 40 години претходно. На сцена заедно со фронтменот Момчило Бајагиќ – Бајага беа и членовите на легендарната постава од осумдесеттите, гитаристот и пејач Живорад Миленковиќ – Жика и клавијатуристот Александар […]

Многу граѓани од Македонија се пријавиле да работат во Србија преку Отворен Балкан


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ изјави дека Србија „има проблем […]

Црна комедија го отвара Фестивалот на грчки филм во Скопје


  Со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос (краток филм) и црната комедија  „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос вечерва  во 20 часот во Кинотека свечено ќе биде отворено 4.издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје.   Филмот на Јоргос Геогопулос, […]

Лажно се претставувал, вршел уцена, изнудил 180.000 евра. Заврши во притвор


  Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Изнуда од член 258 и Лажно претставување од член 391 од Кривичниот законик. Во период од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во […]

Четворица израелски војници убиени во битка во јужниот дел на Газа


  Израелските одбранбени сили во неделата објавија смрт на четворица војници за време на борбите против палестинската група Хамас во јужниот дел на Појасот Газа еден ден претходно. Нивната смрт дојде кога ИДФ одбележа шест месеци од почетокот на војната против Хамас со масовниот октомвриски напад на терористичката група врз Израел. Нивната смрт го зголеми […]

Ванковска доби поддршка од европратеничката Клер Дејли


  Ирската европратеничка Клер Дејли, член на групацијата Левица во Европскиот парламент, ја поддржа претседателската кандидатка Билјана Ванковска во тековната кампања. „Ирска е неутрална земја на периферијата на Европа, на некој начин слична на Македонија. Иднината за нас е можна само преку мирни односи со соседите и е исклучително важно за нас да мали земји […]

Словачка го избра прорускиот националист Петер Пелегрини за претседател


  Кандидатот на националистичката левица Петер Пелегрини победи на претседателските избори во Словачка пред либералниот, прозападен опозициски кандидат Иван Корчок. Блискиот соработник на популистичкиот премиер Роберт Фицо доби 53,12 отсто од гласовите на вториот круг од изборите во саботата, додека поранешниот министер за надворешни работи Корчок имаше имаше 46,87 отсто. Говорејќи во Братислава, Пелегрини вети […]

7 април во историјата – Почна страшниот геноцид во Руанда


  На 7 април 1994 година, насилството го поттикна започнувањето на она што стана најлошата епизода на геноцид од Втората светска војна: масакрот на околу 500.000 до 1 милион невини цивили Тутси и умерени Хути. По првиот бран масакри, силите на Руанда успеаја да ја обесхрабрат меѓународната интервенција со убиството на 10 белгиски мировни офицери. […]

Вучиќ повторно предлага воведување смртна казна, по трагедијата со Данка


По трагедијата со смртта на Данка (2) српскиот претседател Александар Вучиќ повторно предлага да се смени Кривичниот законик и за вакви тешки злосторства да се воведе смртна казна. Ваков предлог Вучиќ даде и по масакротв во училиштето „Рибникар“, каде малолетник, ученик во истото училиште уби десет соученици и еден член на обезбедувањето. Ќе предложам промена […]

Пендаровски: Мицкоски е шпиценкандидат за претседател


  Одговарајќи на забелешките на лидерот на опозицијата дека на митинзите не го придружувасл претседателот на СДСМ, Стево Пендаровски му одговори на Христијан мицкоски дека тој, всушност, „шпиценкандидат за претседател“. „Јасно е дека на митинзите на Силјановска само претседателот на партијата што ја поддржува зборува. Пред четири години човекот беше шпиценкандидат за премиер, сега е […]

Силјановска против германскиот филозоф: Хегел не е во право


  Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска се зафати и со толкувањата на големите филозофи, па во нејзината опсервација се најде Георг Хегел. На митингот во Неготино таа рече дека таткото на дијалектиката не бил во право кога напиша дека секој народ ја заслужува својата власт. Како филозоф кој поттикна огромни промени во цивилизацијата, […]

По Рим, Белград, Тирана, изложбата „Паоло Роси – златното момче и легендите на фудбалот“, доаѓа и во Скопје


Во присуство на премиерот Талат Џафери, домашни и меѓународни институции, како и многу значајни гости, на 8 април со почеток во 11 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје ќе биде отворена изложбата за животот и кариерата на Паоло Роси и за легендите на меѓународниот фудбал. По големиот успех на изложбите кои веќе беа […]

Ковачевски ветува минимална пензија од 20.000 денари и регрес во декември 2024 година


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска со пензионерите од општина Карпош, разговараше за  досегашните и идните мерки од програмата на СДСМ за пензионерите, како и за предлозите и прашањата што се од нивен интерес.   На средбата, Ковачевски посочи дека во зиминатите 7 години, СДСМ во комуникација со Сојузот на здруженија на […]

Укинувањето на екраните на допир во автомобилите не значи дека се враќаме на копчињата


Автомобилите на иднината веројатно воопшто нема да имаат екран на допир, но нема да имаат и многу копчиња. Во денешно време речиси е невозможно да се купи автомобил без екран на допир. Тие се толку распространети што е тешко да се замисли автомобил без нив, иако имаат и негативна страна, односно често го одвлекуваат вниманието […]

Растат тензиите на границата на Ерменија и Азербејџан: Кој сака нов конфликт?


Во саботата, Ерменија го обвини Азербејџан за зголемено прекршување на примирјето долж ерменско-азербејџанската граница во текот на ноќта по разговорите меѓу премиерот Никол Пашинјан и највисоките претставници на САД и Европската унија. Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските сили отвориле оган врз нивните позиции на неколку делови од границата. Тие пријавиле „активно движење“ на […]

Загина 63-годишен прилепчанец при палење стрниште


 Во несреќен случај, од пожар загина 63-годишен прилкепчанец кој палел стрниште на својата нива. При палењето на стрништето прилепчанецот бил зафатен од пожарот и починал на местото на несреќата. Итната помош само констатирала смрт и поради несреќата нема да се изврши обдукција зашто нема траги на насилство. Како што информира основниот јавен обвинител Стевчо Биноски, […]

Десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта против Орбан


Десетици илјади луѓе протестираа денеска против владата на Виктор Орбан во центарот на Будимпешта, објавија британските медиуми. Демонстрациите беа предводени од адвокат кој до неодамна беше близок до администрацијата на Орбан, но оттогаш создаде политичко движење насочено кон унгарскиот премиер. Демонстрантите маршираа до Парламентот и извикуваа: „Не се плашиме!“ и „Орбан, оставка!“. Многу демонстранти ги […]

AББA слави 50 години од победата на Евровизија


Обожавателите на шведската поп група АББА денеска на лондонската железничка станица „Ватерло“ прославија 50 години од победата на групата на Евровизија со истоимената песна. Шведскиот квартет триумфираше на денешен ден во 1974 година, а песната „Ватерло“ повторно се слушна на истоимената станица, именувана по битката во 1815 година во која Наполеон беше поразен, пренесе АП. […]

Експертите предупредуваат: Австрија ќе остане без глечери во следните 45 години


Глечерите во Австрија практично ќе исчезнат за неколку децении, предупредија во Салцбург истражувачите кои ги проучуваат ефектите од климатските промени. „За 40 до 45 години, Австрија во голема мера ќе биде без мраз“, рече Андреас Келерер-Пирклбауер од Институтот за географија и просторни истражувања на Универзитетот во Грац. Од 93 забележани глечери, сите освен еден се […]