Може да спаси животи: Со која рака ја отварате вратата од автомобилот?


Откако ќе го паркирате автомобилот, свртете се и отворете ја вратата со десната рака. Веројатно никогаш не ви паднало на памет, но причината е повеќе од сериозна. Отворањето на вратата од автомобилот со десната рака треба да стане навика на секој возач. Кога излегувате од автомобилот, речиси секој возач ја отвора вратата со левата рака. […]

Тужбите кон Министерството за одбрана ќе станат минато, прекувремената работа сега ќе се плаќа целосно


Вработување без јавен оглас за критичните професии, плаќање на реален надомест за прекувремената работа, напредување според заслугите и спречување на партизација, отворање на АРМ за кадри со попреченост, за деца на умрени и загинати војници во АРМ и слични одредби се дел од првиот закон за вработените во АРМ, кој по повеќе месеци блокади од […]

Во јануари имало за 10,1 отсто повеќе туристи од истиот месец лани, бројот на ноќевања поголем за 15,2 отсто


Во земјава во јануари годинава се евидентирани 47.761 турист, од кои 40,4 отсто се домашни, а 59,6 отсто се странски, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102.079, од кои 48,4 отсто се од домашните туристи, a 51,6 отсто од странските туристи. Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во […]

Советот ја усвои завршната сметка на буџетот на Општина Карпош за 2023 година


Мнозинството советници од Карпош ја изгласаа Завршната сметка на Буџетот на локалната самоуправа за 2023 година, којашто е изработена врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Инаку, остварувањето на приходи во Буџетот за 2023 година зависи од приливот на средства добиени од даноците на имот, даноците на […]

 „Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката – уникатна изложба во Чифте амам


  Австриската амбасада во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија имаат задоволство да ве поканат на изложбата со наслов „Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката која ќе биде отворена на 12 март 2024 година, во 19 часот, во Чифте амам.  Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во […]

Македонија ја одбележа годишнината од депортацијата на Евреите


  Со положување цвеќе пред споменикот на 7.144-те депортирани македонски Евреи во дворот на поранешниот скопски Монопол денеска во Скопје денеска се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка.  Меѓу оние кои положија цвеќе се и претседателот на државата, Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, пратеници, амбасадори. „Денеска им оддаваме […]

По 40 години, Бајага и Инструктори се враќаат во МКЦ на 6 април


„Во 1984та година, Бајага & Инструктори го издадоа ремек делото ,,Позитивна географија”.Таа пролет, албумот беше доста срамежливо промовиран во три града и три сали: Белград – ,,Дом синдиката” Загреб – ,,Кулушиќ” Скопје – ,,Дом на млади – 25 мај”. Оваа пролет, Бајага веќе закажа и распродаде концерти во Белград (,,МТС Арена ” – некогашен ,,Дом […]

Бесплатно мерење очен притисок во центарот на Скопје за Светскиот ден на глаукомот


Бесплатно мерење очен притисок во центарот на Скопје се реализира попладнево по повод Светскиот ден на глаукомот. Професионални офталмолози и обучени медицински сестри им мерат очен притисок на лица од сите возрасти, со цел подигнување на свесноста за навремено откривање на глаукомот. Како што беше нагласено, станува збор за сериозна офталмолошка болест и ако не […]

Еве како изгледа браната „Конско“ која ќе го препороди Гевгелискиот регион (Галерија)


  На 20 километри западно од градот Гевгелија, на пониските падини на планината Кожуф, на Конска Река, изградена е браната „Конско“. Браната е висока 79,65 метри, со наклон од 1:1,8, изградена од карпесто полнење – габро, со две преодни зони кон дијафрагмата (нагорно и низводно) и горната тампонирана брана, која се користи за заштита на […]

Потпишан договорот за проектот паметен Аеродром, вреден 9 милиони евра


Денеска е потпишан договорот со кој што го почнува јавно-приватното партнерство помеѓу општина Аеродром и корперацијата „Crescent NV“ со цел имплементација на проектот за смарт односно паметен Аеродром. – Овој проект е само почеток на дигиталните решенија кои што ќе се нудат во нашата општина во следните години. Посебно ме радува што иницијалната инвестиција која […]

Во целата држава невакцинирани деца нема да се примаат во градинка


  На територија на цела македонија ќе се вршат засилени контроли за тоа дали децата во градинка се вакцинирани или не, особено со ДиТепер вакцината, откако последниот период се зголемија случаите со магарешка кашлица. „На државно ниво ќе има засилени прегледи инспекциски и ќе барам да се зголемат бројките на вакцинирани“, рече министерот за здравство […]

За 34,4 отсто помалку издадени одобренија за градба во јануари


Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 34,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.503 536 илјади денари, што е за 41,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната […]

Случајно или не, Ал Пачино ги прескокна номинираните и го прогласи најдобриот филм на 96. Оскари


Лос Анџелес– Ал Пачино прескокна неколку чекори пред да го прогласи Опенхајмер за најдобар филм на Оскарите 2024 година. Актерската легенда излезе на сцената на церемонијата на доделување награди синоќа за да ја додели главната награда на вечерта. Како што е традиција, презентерите обично ги објавуваат сите номинирани пред да го прогласат победникот. Наместо да […]

АС: Столе Димитриевски се договорил со Валенсија


Столе Димитриевски по завршувањето на сеозната ќе се пресели на „Местаља“ во Валенсија. „АС“, тврди дека македонскиот репрезентативец потпишал преддоговор со Валенсија.   Столе Димитриевски има договор со Рајо ваљекано до крајот на актуелната сезона, што значи дека тој како слободен играч ќе се пресели во Валенсија. Клубот од „Местаља“ со години има финансиски проблеми, […]

Македонските вина промовирани пред светската јавност на „ProWein 2024“


Македонските вина се претставуваат на најпознатиот меѓународен саем за вино и жестоки пијалаци „ProWein 2024“, кој од 10 до 12 март, се одржува во Дизелдорф, Германија. На триесеттото издание на „ProWein2024“ учествуваат македонските винарници: „Тиквеш“, „Камник“, „Венец“, „Мовино“, „Имако“, „Попов“, „Милев“, „Стоби“, „Парагон“, „Сопот“ и „Лазар“. Учеството на овој саем е од исклучително значење за […]

Оскаровската тоалета на Лили Гледстоун крие приказна, еве каква


Лос Анџелес – Во текот на оваа сезона на награди, Лили Гледстуон испишува историја. Таа беше првата Индијанка која беше номинирана за најдобра актерка, а синоќа на Оскарите замалку не и успеа. На црвените теписи оваа година, додека ја промовираше својата работа во Убијците на цветната месечина на Мартин Скорсезе, Гледстоун му оддава почит на […]

ЕСМ набавил поволно струја, РЕК Битола работеше со еден блок, но и тој испаднал од мрежа


Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, направена беше набавка на струја, со поволни цени кои на АД ЕСМ му овозможуваат намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа РЕК Битола планирано работеше само со еден блок, известуваат од  АД „Електрани на Северна Македонија“. Оттаму, појаснуваат дека […]

Дали знаете кога да користите свеж квасец, а кога сув?


Кој квасец почесто го користите при месење тесто – сув или свеж? Квасецот се користи за подготовка на тесто, а благодарение на него печивата и лебот имаат совршен вкус. Можете да користите свеж или сув квасец, но дали ја знаете разликата помеѓу овие два производи? Свежиот квасец трае само две недели и мора да се […]

Португалија се сврте в десно на тесните избори


  Португалската централно-десничарска коалиција Демократска алијанса извојува победа на вонредно тесните предвремени избори во неделата, на кои екстремната десница значајно порасна и ниту една партија не обезбеди мнозинство во парламентот. „Португалскиот народ зборуваше“, рече лидерот на Демократската алијанса Луис Монтенегро. „Тие сакаат различна влада, различни политики, обновени партии и дијалог меѓу нивните лидери… И тоа […]

Били Ајлиш – најмладата личност која освоила два „Оскара“


Лос Анџелес – Американската поп-пејачка Били Ајлиш на свои 22 години стана најмладата личност со два освоени „Оскари“, и тоа за најдобра филмска песна, откако на синоќешното доделување го доби признанието за нумерата од филмот „Барби“. Ајлиш го дели одличјето со својот брат Финес О’Конел (26), кој со тоа стана втората најмлада личност која двапати ја добила […]