Во јануари имало за 10,1 отсто повеќе туристи од истиот месец лани, бројот на ноќевања поголем за 15,2 отсто


Во земјава во јануари годинава се евидентирани 47.761 турист, од кои 40,4 отсто се домашни, а 59,6 отсто се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102.079, од кои 48,4 отсто се од домашните туристи, a 51,6 отсто од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10,1 отсто, a бројот на ноќевањата за 15,2 отсто.

Бројот на домашните туристи во јануари 2024 бележи раст од 3 отсто, а на странските од 15,5 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 11,5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18,8 отсто.