Поранешниот министер за одбрана Медиу смета дека Албанија нема капацитети да произведува оружје за Украина


Поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу, коментирајќи ја изјавата на Канцеларијата на НАТО во Брисел дека „приоритет на Алијансата во Албанија е премин од бавно кон високо производство на муниција, за потребите на војната во Украина“ оценува дека Албанија нема капацитети за такво нешто. -Генерално, ова е рано барање на НАТО, бидејќи Украина потроши многу […]

Детална астро прогноза од 11 до 17 март


Слаба точка на Овенот ќе биде главата, но тоа се привремени главоболки. Слободните Овен учествуваат во тајни приказни, постои можност да запознаат некој на пат или личност поврзана со странство. Што се однесува до зафатените, ова е недела во која ќе имаат поддршка од партнерите. Ќе бидат романтично расположени и ќе уживаат. Ги очекуваат позитивни […]

Внимавајте ако добиете вакви пораки за подигање пратки со името на Пошта. Лажни се


Повторно се злоупотребува името на АД „Пошта на Северна Македонија“ со пораки кои ги добиваат деновиве граѓаните со невистинита содржина, информираат од компанијата во објава на веб страницата. Со пораките граѓаните се известуваат за пристигнати пратки и се повикуваат да ја потврдат својата адреса на понуден линк.  АД „Пошта на Северна Македонија“ потенцира дека не […]

Герасимовски: Ако надлежноста за јавната хигиена ја преземат општините сигурен сум дека ќе имаме почисти населби


Ако општините ја преземат одговорноста за јавната чистото, Скопје би бил многу почист, смета градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Доколку сите општини ги преземат ингеренциите од градот за одржување на јавната хигиена на булеварите сигурен сум дека градот односно сите општини ќе бидат многу почисти од сега“, вели Герасимовски, во денешното гостување во Слободен […]

Постојано сте загрижени дали сте ја исклучиле пеглата или заклучиле вратата? Психолошки трик со кој ќе го „натерате“ мозокот да памти


Трик кој ќе ви помогне секогаш да бидете сигурно дека сте ја исклучите пеглата или шпоретот или сте ја заклучите вратата пред да излезете од дома. Колку често ви откажува меморијата? Дали сте од оние луѓе кои никогаш не се сигурни дали ја исклучиле пеглата или шпоретот пред да излезат од станот или дури ја […]

ЕК објави транзициски план за зелена, дигитална и отпорна земјоделско-прехранбена индустрија


Европската комисија денеска објави план за транзиција на земјоделско-прехранбениот индустриски екосистем, во кој главен фокус е ставен на прехранбената индустрија. Планот ги идентификува предизвиците и можностите на прехранбениот сектор и предлага активности за зајакнување на неговиот придонес кон конкурентен, одржлив, еластичен и праведен земјоделско-прехранбен систем на ЕУ. – Конкурентноста и еластичноста на системот за храна […]

Ако биде избран Трамп нема да даде ниту цент за Украина, вели Орбан


  Поранешниот американски лидер Доналд Трамп нема да даде пари за да ѝ помогне на Украина во борбата против Русија, ако повторно ја добие претседателската функција и тоа ќе го забрза крајот на војната, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан во неделата (10 март) по средбата со него. Националистичкиот премиер Орбан, кој ја поддржува желбата на […]

11 март во историјата – Нуклеарната кастрофа во Фукушима


  На 11 март 2011 година, најголемиот земјотрес некогаш регистриран во Јапонија предизвика огромно уништување, а цунамито што следеше го десеткуваше регионот Тохоку во североисточниот дел на островот Хоншу. Покрај веќе ужасното уништување и загубата на животи, природната катастрофа, исто така, доведе до нуклеарна катастрофа во нуклеарната централа „Фукушима Даичи“. Катастрофата во Фукушима се смета […]

Селфи на израелските војници со урнатините во Газа


  Фотографот на Асошиетед прес, Цафрир Абајов, ја покрива границата меѓу Израел и Газа речиси 20 години. Тој на 19 февруари направи една амблематична фотографија како израелски жени војници прават селфи пред огромната девастација на Газа. Таа стана приказна која зборува за себе за војната на Израел против Хамас. Цафрир Абајов напиша за АП како […]

Во Србија минатата година биле вработени над 52.000 странци


Минатата година во Србија се издадени над 52.000 работни дозволи на странци, што е скок од речиси 70 отсто во однос на претходната година. Само во Белград има 30.000 странски работници. И покрај ова, сè уште недостасуваат сите профили на работници. Се проценува дека исчезнале околу 20.000 возачи и исто толку работници во угостителството. Од […]

(Видео) Никогаш полесен рецепт за мусака во тавче


Рецептот за мусака во тавче никога не бил полесен Мусаката е јадење кое се прави во многу земји, а најпопуларно е во Италија, Грција и кај нас. Италијанците и ние го правиме на сличен начин, од компири и мелено месо, а ви пренесуваме уште полесен и побрз рецепт за мусака. Направете го во тава за […]

По 32 години Велика Британија ги враќа грамофонските плочи во пресметката на инфлацијата


Британскиот завод за статистика објави дека повторно ќе ги вклучи грамофонските плочи во кошничката на производи и услуги што ги користи за пресметување на инфлацијата, по празнина од повеќе од 30 години. Заводот за статистика го менува составот на кошницата еднаш годишно за да ги одрази промените во вкусовите и потребите на Британците. „Кошничката за […]

„На изборите граѓаните ќе бираат и меѓу Отворен и затворен Балкан“


  „Во Северна Македонија во април и мај следуваат редовни парламентарни и претседателски избори. Од едната страна се нуди јасна про-европска интегративна политика која се очекува да ги продолжи политиките на отворена соработка со соседите. Од другата страна се нуди некаква промена која засега е сведена на слоган, но за која јавноста има огромна недоумица […]

Францускиот предлог е лага, тврди Мицкоски


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека „францускиот предлог е лага, голема лага“ и дека изборите во мај не се избори помеѓу Европа и изолација. „Шест и пол години ја продаваат оваа шарена лага, потпишаа сѐ што им беше ставено на маса. Не само што не го заштитија националниот и државен интерес туку дополнително го […]

Извршителите да ги почитуваат законските измени за застарување на долговите, бараат граѓаните


Извршителите да ги почитуваат измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови, побараа граѓаните на мирен протест пред Министерството за правда. Тие преку писмени барања се обратија и до министерот Кренар Лога. Оценуваат дека не се применуваат измените во конкретниот закон од страната на извршителите, кои се однесуваат на застарувањето […]

(Видео) Големо невреме во Франција: автомобили однесени од пороен дожд, четворица мртви


Најмалку четири лица загинаа во поројните поплави во југоисточна Франција, според новите податоци на локалните власти, откако уште еден маж беше пронајден мртов. Телото е пронајдено во околината на Дионс, село северно од Ним, каде исчезнале три лица – таткото и неговите две деца, соопшти префектурата на департманот Гард. 40-годишната мајка била спасена пред нивниот […]

Принцезата Кејт се извини, фотографијата со децата била преправана


  Британската принцезата од Велс се извини за „недоразбирањето“ што доведе до тоа големите фотоагенции да ја повлечат официјалната фотографија на Кејт Мидлтон и нејзините деца. Изјавата на принцезата се појави на социјалните мрежи на палатата Кенсингтон. „Како и многу фотографи аматери, од време на време експериментирам со уредување. Сакам да се извинам за недоразбирањето […]

На што се должи економското забавување на крајот од 2023. Еве што велат од Фајнанс тинк


Институтот за економски истражувања и политики, Фајнанс тинк (Finance Think) го публикуваше Макроекономскиот монитор за квартал 4, 2023 година, во кој дава одговори на прашањата за економскот забавување. Како што е познато, во четвртиот квартал од 2023, БДП се зголеми за 0,9 отсто на годишна основа, со што целата 2023 заврши со еднопроцентен раст. Забавувањето […]

Кривична против охриѓанец поради обид за убиство, турнал жена од тераса


СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишниот Е.М. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, извести СВР Охрид. „На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ […]

Горивата поевтинуваат за половина денар по литар


Цената на дизелот и на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС […]