По 32 години Велика Британија ги враќа грамофонските плочи во пресметката на инфлацијата


Британскиот завод за статистика објави дека повторно ќе ги вклучи грамофонските плочи во кошничката на производи и услуги што ги користи за пресметување на инфлацијата, по празнина од повеќе од 30 години. Заводот за статистика го менува составот на кошницата еднаш годишно за да ги одрази промените во вкусовите и потребите на Британците.

„Кошничката за купување често го одразува прифаќањето на новите технологии, а враќањето на грамофонот покажува дека на нашата потрошувачка може да влијае и заживување на културата“, објаснува статистичарот на ONS, Мет Кродер.

Плочите се враќаат во кошничката за прв пат од 1992 година и ќе се приклучат на компактните дискови (ЦД-а), претплатите на апликациите за стриминг музика и преземањето дигитална музика благодарение на силното обновување на побарувачката за физички медиуми.

Статистичарите, пак, ќе ги исклучат средствата за дезинфекција на рацете од корпата поради „значително намалениот простор на полиците на продавниците за овој вид производи под влијание на падот на побарувачката по завршувањето на пандемијата“.

Во корпата веќе нема да има ниту печено пилешко бидејќи некои супермаркети го замениле со свежо зготвени пилешки батаци за паузата за ручек.

Меѓу новините е и вклучувањето на мали електрични печки кои ќе ги заменат фритезите, со скок на побарувачката од 30 проценти во 2022 година, според ONS . Показателите за свртување кон поздрава исхрана вклучуваат масло за јадење во спреј, оризова торта и леб без глутен.

ONS додаде 16 артикли во кочничката и отстрани 15. Моментално кошничката содржи 744 производи и услуги.