Дали знаете кога да користите свеж квасец, а кога сув?


Кој квасец почесто го користите при месење тесто – сув или свеж?

Квасецот се користи за подготовка на тесто, а благодарение на него печивата и лебот имаат совршен вкус. Можете да користите свеж или сув квасец, но дали ја знаете разликата помеѓу овие два производи? Свежиот квасец трае само две недели и мора да се чува во фрижидер, додека сувиот квасец има подолг рок на траење и може да се чува на собна температура.

И дали ова е единствената разлика кога станува збор за користење на двата вида квасец?
Свежиот квасец најдобро е да го користите кога треба да го замесите тестото неколку пати бидејќи така нема да ја изгуби формата и мекоста, а исто така подобро е кога тестото треба да се остави преку ноќ на ладно место. Кога користите свеж квасец, треба да внимавате, бидејќи лесно се расипува и ако температурата на водата надмине 45°C, постои голема веројатност да го „уништите“, односно да не ги „активира“ своите својства и направи тестото да нарасне.

Од друга страна, сувиот квасец може да биде подобро решение бидејќи може да отстои многу подолго, а сепак да се погрижи тестото да нарасне. Добро е за подготовка на тесто кое се чува во фрижидер преку ноќ, најдобро е за оние кои не треба да се месат повеќе од еднаш.