Сончево и топло, од утре дожд


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Од УХМР најавија […]

Во сообраќајка на патот Штип-Велес загина 66 – годишник од Свети Николе, повредени две лица


Во сообраќајката што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес  загина 66 – годишениот В.П од Свети Николе. Тој им подлегна на повредите вечерва во 21.30 часот во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник од светиниколско Супурге кој е учесник […]

Европските социјалисти го избраа Николас Шмит како кандидат да се соочи со Урсула фон дер Лајен


  Партијата на европските социјалисти (ПЕС) го избра Николас Шмит за главен кандидат за изборите во ЕУ во време кога трае загриженоста од бранот на крајната десница. Шмит, актуелниот еврокомесар за работни места и социјални права, го доби мандатот со акламација во саботата попладне на крајот од конгресот на партијата во Рим. Седумдесетгодишниот политичар од […]

Ковачевски на конгресот на европските социјалисти: Подготвени сме да ја внесеме Македонија во ЕУ до 2030


  Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ, беше во Рим на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) што е најважен настан за оваа групација пред европските избори во јуни. Тој се обрати на панел сесијата „Решенија за подобар квалитет на живот“. Ковачевски оствари и средби со премиерката на Данска, Мете Фредериксен, шпанскиот премиер, Педро Санчез […]

Михаил Рот му одговори на Вучиќ: Ја сакам Србија, но вие не сте Србија


  Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, денеска ја критикуваше авторитарната политика на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој претходно го нарече „србомразец“. Рот на социјалната мрежа Икс објави дел од говорот на Вучиќ од денешната прес-конференција и му одговори дека во ЕУ повеќе не важи изјавата „Државата тоа сум […]

Силјановска-Давкова кандидат за претседател, ја доживува Македонија како преумна и храбра жена


  По неколкучасовна конвенција денеска ВМРО-ДПМНЕ ја избра пратеничката Гордана Силјановска-Давкова за кандидат за претседател, овозможувајќи ѝ втор обид да стигне до функцијата шеф на државата по неуспехот пред пет години. На конвенцијата во Македонската филхармонија, на која таа беше единствен кандидат, гласале 448 делегати, од нив 444 гласале за кандидатурата на Силјановска-Давкова. Од утре […]

САД почнаа испорака на хуманитарна помош во Газа со падобрани


  Војската на Соединетите Држави ја спроведе својата прва акција за хуиманитарна помош со падобрани во Газа во саботата, соопштија американските официјални лица, а хуманитарните агенции предупредија на растечка хуманитарна катастрофа во палестинската енклава додека Израел продолжува со својата офанзива. Обединетите нации велат дека една четвртина од населението е на чекор од глад, а Палестинците […]

Уапсени двајца битолчани во Грција кои сакале на див премин да пренесат патник со забрана за влез во ЕУ


  Грчки локални медиуми јавуваат дека двајца странци на возраст од 42 и 46 години, вчера напладне, се уапсени од страна на полициски службеници на Одделот за безбедност во Лерин поради нелегален превоз на друг странец на див премин на границата Македонија – Грција. Од наши извори дознавме дека станува збор за двајца битолчани, од […]

Десет лица уапсени за трговија со дрога


  Од МВР денеска информираа дека се уапсени десет лица во координирана полициска операција што се спроведе денеска. Четворица од приведени се од Гевгелија, тројца од Струмица, двајца од Струга и едно лице од Демир Капија. Меѓу нив, како што неофицијално дознава ,,Фокус“, се и поранешен градоначалник на СДСМ и син на поранешен градоначалник на […]

Македонија и Турција ќе одржат заедничка седница на двете влади


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на учеството на Анталија дипломатскиот форум, остварил средба со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, соопштија денеска од МНР. Османи и Фидан изразиле задоволство од нивото на севкупните односи меѓу двете земји, кои се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство и […]

Луѓето продолжуваат да доаѓаат на гробот на Навални и да носат цвеќиња


  Утрото на 2 март, ден по погребот на Алексеј Навални, луѓето продолжија да носат цвеќе на неговиот гроб на гробиштата „Борисов“ во предградие на Москва, напиша новинарот Александар Пљушчев. „Има многу безбедносни сили, огради долж целата улица, но сите се пријателски расположени“, пишува на каналот. „На гробиштата можете мирно да одите, не ве брзаат […]

2 март во историјата – Украдено е телото на Чарли Чаплин од гробот


  Во еден од најпознатите случаи на грабнување тела во историјата, двајца мажи го крадат трупот на почитуваниот филмски актер Сер Чарлс Чаплин од гробиштата во швајцарското село Корсие-сур-Вевеј, лоцирано во ридовите над Женевското езеро, во близина на Лозана. Швајцарија, на 2 март 1978 година. Комичарот, кој беше можеби најпознат по своето алтер его, Малиот […]

Сам кит орка убива голема бела ајкула (Видео)


  Тоа е удар и зграпчување што ги запрепасти научниците: за помалку од две минути, кит убиец орка нападна и изеде голема бела ајкула пред да исплива со црниот дроб на жртвата во устата. Експертите велат дека настанот на брегот на заливот Мосел во Јужна Африка нуди нови сознанија за предаторското однесување на орките. Додека […]

Ковачевски и шпанскиот премиер Санчез разговарале за социјалдемократските вредности


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски за време на учеството на конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) во Рим, се сретна со шпанскиот премиер Педро Санќез. Санќез е претседател на Социјалистичка работничка партија на Шпанија.. Според соопштението од партијата, двајцата соговорници ја истакнале важноста од негување на социјалдемократските вредности како темел на демократските општества, […]

Петмина веќе ги собраа потписите за претседател


  Бујар Османи, Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски, Билјана Ванковска и Арбен Таравари ја поминаа првата пречка – собирањето 10.000 потписи за нивната кандидатура за претседател и веќе можат да се насочат кон изготвувањето на програмата за изборите и стратегијата за кампањата. Јакимовски и Ванковска тоа го направија во текот на вчерашниот ден. Градоначалникот на Карпош, […]

Судир на патриотската десница


Она што пред пет-шест месеци изгледаше само борба за датум за избори (парламентарните да бидат заедно со вториот круг од претседателските) и политичко надмудрување меѓу власта и опозицијата, сега се претвора во извонреден изборен спектакл. Тогаш изгледаше дека парламентарните избори ќе служат и како генератор за валидноста на вториот круг на гласањето за избор на […]

Докторка психијатар истепала своја колешка на работа во Битолската болница 


  Докторка  од одделението за Психијатрија нападнала колешка, исто така специјалист психијатар при Клиничката болница Битола. Настанот го потврди и СВР Битола. Двете лекарки, кои се на околу педесеттина години, наводно повеќе време биле во нарушени колегијани односи, велат извори од болницата.   „На 01.03.2024 во 15.50 часот во СВР Битола, Т.Ч.И.(49) од Битола пријавила дека на […]

НСДСП му даде поддршка на Пендаровски: Државник со визија


  НСДП ја поддржува кандидатурата за втор претседателски мандат на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски. Пендаровски во овие пет години покажа дека е државник кој има знаење, умешност и визија да донесува државнички одлуки во интерес на меѓународното интегрирање на државата и обезбедување на стабилна иднина на граѓаните на Македонија, вели партијата. „Пендаровски е […]

Дронови ги погодија Санкт Петербург и Одеса


  Експлозија се случи во петкатна станбена зграда во Санкт Петербург, Русија. Според неколку медиуми, дрон удрил во зградата. Немаше жртви како резултат на „инцидентот во областа Красногвардеиски“, напиша гувернерот на градот Александар Беглов. Тој не ја наведе причината за експлозијата. „Нема жртви. Делумно е оштетено застаклувањето на балконите на две куќи. Жителите на погодените […]

Снежна бура во Калифорнија, снег и до три метри


  Силна снежна бура беснееше во текот на ноќта кон саботата во планините на Сиера Невада која затвори долг дел од главниот автопат во Калифорнија, а силните ветрови и обилните врнежи ги погодија пониските височини, оставајќи десетици илјади клиенти без струја. Во некои области се очекува и до три метри снег. Националната метеоролошка служба во […]