Македонија и Турција ќе одржат заедничка седница на двете влади


Министрите за надворешни работи, Бујар Османи и Хакан Фидан

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на учеството на Анталија дипломатскиот форум, остварил средба со министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, соопштија денеска од МНР.

Османи и Фидан изразиле задоволство од нивото на севкупните односи меѓу двете земји, кои се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство и се договориле да се иницира заедничка средба меѓу двете влади.

„Оваа година ќе одбележуваме 32 години од воспоставувањето дипломатските односи меѓу нашите земји, повеќе од три децении откако Турција во континутитет претставува наш важен пријател и сојузник на Македонија. Оттука, наша обврска е да продолжиме да го негуваме ова наше традиционално партнерство преку заедничка средба на двете влади, истакнал Османи.

Во врска со трговската размена меѓу двете земји Османи подвлекол дека е во постојан раст последните пет години, но дека исто така целиме кон користење на сите потенцијали за економска и туристичка соработка.

Шефовите на дипломатиите Османи и Фидан разговарале и за мултилатералната соработка во рамки на меѓународните организации, особено сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата.