Турските аеродроми имаа рекордни 14,7 милиони патници во јануари


Во јануари турските аеродроми пречекаа рекордни 14,7 милиони патници, изјави денеска министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаиоглу. „Протокот на патници на турските аеродроми во јануари е зголемен за 8,1 отсто во однос на истиот месец минатата година“, рече министерот Караисмаиоглу, повикувајќи се на податоци од Генералниот директорат на државните аеродроми. Над 7 милиони патници […]

Доколку Синдикатот има сознанија за мобинг во Филхармонија, треба да пријави, вели министерката за култура


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со петицијата на вработените во Филхармонија за разрешување на директорот, потенцираше дека доколку Синдикатот за култура во оваа институција има одредени сознанија за мобинг од страна на директорот, постојат инстанци каде тоа треба да го пријават и тој ќе биде […]

Зошто среброто поскапува и дали по цена ќе го надмине златото?


Оваа година цените на среброто би можеле да бидат највисоки во последните 10 години. Според извештајот на Американскиот институт за сребро, постои можност глобалната побарувачка за сребро да достигне 1,2 милијарди унци во 2024 година, што би било втора најголема побарувачка досега. Во извештајот се наведува дека зајакнувањето на индустриската побарувачка треба да биде главната […]

Да се разрешат Меџити и Алиу – предлог на премиерот Џафери


  Она што се очекуваше и се случи: министрите за здравство и за информатичко општество, Фатмир Меџити и Азир Алиу, треба да бидат разрешени. Техничкиот премиер Талат Џафери доставил допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, […]

Целосна реконструкција на стадионот „ССК“ во Драчево


Почнува целосна обнова на стадионот „ССК“ во Драчево. По иницијатива на градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и бројните заложби за овозможување современи услови за спортистите кои тука тренираат и се натпреваруваат, почнува инвестиција овозможена од ФФМ, која во првата фаза ќе чини 8,5 милиони денари. Како што информира Општина Кисела Вода, спортскиот терен […]

„Хаарец“: Нетанјаху се замислува дека е Черчил


  Пишувајќи за либералниот израелски весник „Хаарец“ во денешната анализа  Аншел Фафер за вчерашната прес-конференција на Бенјамин Нетанјаху вели дека довербата на израелската јавност во премиерот е „фундаментално нарушена“. Фафер пишува: „Нетанјаху немаше потреба да одржи прес-конференција. Лаконската изјава со која се отфрлаат максималистичките барања на Хамас би била доволна. Сепак, прес-конференцијата не беше за […]

Гази Баба дава субвенции за сончеви колектори


Општина Гази Баба оваа година за прв пат ја реализира мерката за доделување на субвенции на граѓаните за набавка и вградување на сончеви термални колектори за што објавен e и јавен повик.   За јавниот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук.   „За прв […]

Меџити ќе потпише прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје


Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ потврди дека има четири нови случаи на голема кашлица во земјава, со […]

Медалите за Олимпијадата во Париз 2024 година ќе содржат метал од Ајфеловата кула


Париз – Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги промовира медалите што ќе им бидат доделени на победниците на Летните игри 2024 година во Париз. Забележано е дека наградите ќе содржат парче од оригиналната метална конструкција на Ајфеловата кула – еден од симболите на главниот град на Франција. Материјалот ќе биде нанесен во шестоаголна форма на секој […]

Земјоделците во Шпанија и денеска со трактори го блокираа сообраќајот во градовите


Земјоделците во Шпанија и денеска со трактори го блокираа сообраќајот во градовите низ државата, интензивирајќи ги протестите и барајќи намалување на даноците и укинување на правилата на ЕУ, бидејќи, како што тврдат, тие се помалку конкурентни од земјоделците надвор од Унијата. Протестите започнаа спонтано во вторникот и се поддржани од трите главни шпански здруженија на […]

Имаме поддршка од 83 делегати на Собранието на АА, вели министерот Меџити


  Легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари и партијата има легитимно Собрание, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој се соочува со разрешување по поделбите во Алијансата за Албанците. Меџити го обвини ДУИ за опструкции на неговата работа.  „Во Алијансата на Албанците има едно едно централно собрание и тоа ќе биде […]

Конечно продолжува реконструкцијата на Универзалната сала


  Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалата сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела. […]

Кантри ѕвездата Тоби Кит почина на 62 години од рак на желудник, ова се симптомите кои се игнорираат


Кантри ѕвездата Тоби Кит почина на 62-годишна возраст, според објавата на веб-страницата на пејачот, а причината за неговата смрт е рак на желудникот. Пејачот на „Should’ve Been a Cowboy“ почина на 62 години на 5 февруари 2024 година, околу 18 месеци откако откри дека се лекувал од болеста. „Тоби Кит мирно почина на 5 февруари, […]

Избегнете мамурлак: Ова овошје го победува алкохолот


За многумина алкохолот е „издувен вентил“ и можност за опуштање со добра причина. Проблемот настанува, следниот ден, кога ќе ве обземе мамурлак. Мамурлакот обично е придружен со комбинација на главоболка, жед, аверзија кон храна, гадење, дијареа, замор… Идеално решение за мамурлак е чај од ѓумбир или нане, многу вода и лек за главоболка. Сепак, сето […]

Белгиски европратеник иницира „укинување“ на Европскиот зелен договор


Европратеникот Том Вандендрисхе од редовите на белгиската екстремно десничарска партија Фламански интерес (ВБ) поднесе иницијатива до Европскиот парламент за усвојување на резолуција со која би се „укинал“ Европскиот зелен договор.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во иницијативата упатена по електронска пошта до сите европратеници, се посочува дека Европскиот зелен договор и стратегиите […]

Од недела дожд и пад на температурите


 Утре и во сабота стабилно време, од недела врнежи од дожд и пад на температурите, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, утре и во сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, […]

МТВ е слика и прилика како изгледаа медиумите до 2016, вели Ковачевски


  Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска порача дека не може да зборува за случувањата во Алијанса. Вели дека не ја знае кадровската комисија на партијата за предложените нови имиња на министри и истакна дека досега комуницирал само со лидерот Арбен Таравари. „Пред два дена зборував со него и секогаш сум имал официјална комуникација, кажа […]

„Квази-експерти ги бранат своите и туѓите интереси“: Грковска за противниците на законот за „црните листи“


  Нема ниту еден сериозен аргумент за тврдењето дека со законот за рстриктивни мерки се крши Уставот и суверенитетот изјави вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и рече дека за разлика од нашите меѓународни партнери, во нашата држава има структури кои не се заинтересирани за прогресот. „Очигледни се тие структури кои што едноставно ја прокоцкуваат […]

Општина Аеродром почна кампања за зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар


Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна кампања за информирање на граѓаните за бенефитите од зонското паркирање кое треба да се имплементира во населбата Ново Лисиче и Реонски центар. Паралелно со информативна кампања се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за предлог иницијативата за […]

Четири нови случаи на голема кашлица во земјава, вкупно 22 од почетокот на годината


Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината, потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје. Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис или народски […]