Турските аеродроми имаа рекордни 14,7 милиони патници во јануари
Во јануари турските аеродроми пречекаа рекордни 14,7 милиони патници, изјави денеска министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаиоглу.
„Протокот на патници на турските аеродроми во јануари е зголемен за 8,1 отсто во однос на истиот месец минатата година“, рече министерот Караисмаиоглу, повикувајќи се на податоци од Генералниот директорат на државните аеродроми.
Над 7 милиони патници патувале со домашни летови минатиот месец, а 7,7 милиони патувале со меѓународни летови, односно 4,2 отсто и 11,9 отсто повеќе од претходната година.
Бројот на авиони со кои управувале турските аеродроми во јануари е зголемен за 5,6 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.
Аеродромот во Истанбул во јануари имаше вкупно 6 милиони патници на домашните и меѓународните линии, а бројот на сервисирани авиони беше околу 40.848. Авиосообраќајот во Истанбул е зголемен за 6 отсто во споредба со јануари минатата година.
„Вториот најфреквентен аеродром во Турција, кој се наоѓа во азискиот дел на Истанбул – „Сабиха Ѓокчен“ прими 3,2 милиони патници и опслужи 19.177 авиони“, додаде министерот.