„Хаарец“: Нетанјаху се замислува дека е Черчил
Пишувајќи за либералниот израелски весник „Хаарец“ во денешната анализа Аншел Фафер за вчерашната прес-конференција на Бенјамин Нетанјаху вели дека довербата на израелската јавност во премиерот е „фундаментално нарушена“.
Фафер пишува:
„Нетанјаху немаше потреба да одржи прес-конференција. Лаконската изјава со која се отфрлаат максималистичките барања на Хамас би била доволна. Сепак, прес-конференцијата не беше за предлогот на Хамас. Не се работеше ниту за заложниците во Газа. Стануваше збор за Нетанјаху.
Во последните неколку недели, тоа беше неговото празно ветување за ‘тотална победа’, повторувано одново и одново. Кога еден новинар го прашал да објасни што значи „тотална победа“, тој започна во бизарна алегорија за кршење чаша ‘на мали парчиња, а потоа продолжуваш да ја кршиш на уште помали парчиња и продолжуваш да ги удираш’, оставајќи ништо помудро.
Нетанјаху, како и многу други лидери пред него, живее во черчилијанска фантазија. Тој сè уште верува дека може да го имитира британскиот воен премиер и да го води Израел ‘напред во широки висорамнини осветлени од сонцето’. Она што не може да го прифати е дека во неговото отслкување на Втората светска војна, тој не е Винстон Черчил, туку Невил Чемберлен – лошот помирувач кого Черчил го замени осум месеци по почетокот на војната.
Сите освен најтврдокорните бибиисти веќе ја знаат неизбежната вистина: дека Нетанјаху засекогаш ќе биде запаметен во историјата како најлошиот премиер на Израел, кој го доведе до најголемата трагедија што некогаш ја снашла државата. Но, тој не е способен да го разбере тоа и ќе продолжи да се бори да го промени тој наратив, дури и по завршувањето на војната“.