Се реконструираат просториите на МВР во зградата на МРТВ


Денеска (16.02.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка, Магдалена Несторовска, ги посети управните служби на МВР кои се наоѓаат во зградата на Македонска телевизија, со цел увид во текот на реконструкцијата на просториите на службите како и во процесот на замена на личните документи на граѓаните. „Градежните работи започнаа […]

Почеток на доградбата на ООУ „Блаже Конески“ – ќе има 26 нови училници


Со објавување на огласот за спроведување јавна набавка за изведба на градежни активности, Општина Аеродром ја започна постапката за реализација на доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, кое се наоѓа во еден од најгусто населените делови од општината. Со оваа инвестиција, ќе се обезбедат дополнителни капацитети за учениците и наставниците, […]

Додека Тошковски работи, Џафери и Османи бркаат рејтинг во Минхен


  Од околу 200 држави во светот на годинашнава Минхенска конференција ќе присуствуваат околу 60 лидери, а од нив дури двајца ќе бидат од Македонија. Покрај претседателот Стево Пендаровски кому тоа му е работа, таму отпатува и техничкиот премиер Талат Џафери кој, верувале или не, ќе дискутира со Олаф Шолц, Ентони Блинкен, Исак Херцог, Камала […]

Легендарна Американка загина во лавина во ски-центар на Косово, нејзиниот свршеник не успеал да ја спаси


Бројни светски медиуми посветени на скијањето ја пренесоа веста дека пред три дена, на 13 февруари, Кетрин „Каша“ Ригби , легендарна американска скијачка и пионерка на екстремното скијање со телемарк, загина во лавина во Косово. Ригби почина на 55-годишна возраст во ски-центарот Брезовица, кој се наоѓа на самиот југ на Косово, во близина на границата […]

Скопје како Њујорк : Хитовите на Френк Синатра го преполнија НОБ (галерија)


Со урбана публика, хитови на Френк Синатра, врвна музика и носталгичен амбиент, Скопје за  празниците „Св. Трифун и Св. Валентин , наликуваше на Њујорк. Убава завршница во ноќта со песните кои ја одбележија музичката историја „Come fly with me“, „Fly me to the moon“ и „New York, New York“, во изведба на џез вокалистот Џон […]

Полска се откажува од барањата за воени репарации од Германија


  Новата полска влада на премиерот Доналд Туск ќе се откаже од барањата за репарации од Втората светска војна од Германија поттикнати од претходната влада на ПиС и наместо тоа ќе бара друга форма на компензација како реставрација на историски градби или инвестирање во меѓусебна одбрана, најави министерот за надворешни работи Радослав Сикорски. Претходната конзервативна […]

Меси прв пат играше против својот клуб од детството


Осумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси одигра изминатата вечер еден час во дресот на Интер Мајами во пријателски натпревар против својот аргентински клуб од детството Невил Олд Бојс пред полни трибини на стадионот во Форт Лоудердејл. Натпреварот заврши нерешено 1-1, а Меси ја напушти играта во 60 минута заедно со Уругваецот Луис Суарез, со […]

Од 29 март уште еден трговски центар – се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром


На 29 март се отвора новиот трговски центар Џевахир Мол Скопје во општина Аеродром. Во соопштението до медиумите се вели дека новиот шопинг и бизнис центар Џевахир Мол Скопје и импресивниот најголем мурал во градот креиран од локален уметник на 4.000 метри квадратни ѕидна површина, ќе биде секојдневна атракција за посетителите, во исто време нудејќи […]

Од спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки, Царина ќе наплати пет милиони денари


Со судска пресуда, од фирма од Скопје која избегнала да плати увозни давачи при увоз на гас, Царина ќе наплати вкупно пет милиони денари, два милиони во пари и три милиони од одземени влекач и цистерна.  – Царинската управа ќе наплати 2 милиони денари, пари што што ќе се слеат во Буџетот, откако фирма од […]

ЕЦБ им порача на вработените: Ако не сте зелени, не ве сакаме


ФРАНКФУРТ – Врвен функционер на Европската централна банка ги запрепасти вработените велејќи дека луѓето кои не ги прифаќаат зелените цели на институцијата – не се добредојдени да работат таму. Френк Елдерсон, еден од шесте членови на извршниот одбор на ЕЦБ, на интерен состанок изјави: „Не ги сакам овие луѓе повеќе“. Неговите коментари, потврдени од POLITICO, […]

Бетонска греда падна врз работници во Фиренца – тројца загинаа, по тројца се трага


Во несреќа што се случи во супермаркет во изградба во Фиренца, загинаа тројца работници, а три лица се водат како исчезнати. Уште три лица се извлечени живи од под урнатините и веднаш се пренесени во болница. Немилиот настан се случил денеска околу 9 часот, а според првите информации до трагедијата дошло кога бетонската греда, која […]

Аргентина ја извести Русија дека нема да се приклучи на БРИКС


Аргентина ја извести Русија дека не планира да се приклучи на БРИКС, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Рјабков. „Новата влада на оваа земја официјално не информираше нас и другите членки на БРИКС дека нема намера да ја искористи поканата формулирана од лидерите во Јоханесбург“, рече Рјабков на прес-конференцијата. Тој додаде дека […]

Дваесет инвестициски проекти на македонски компании се доставени на Јавниот повик за техничка помош на ТИРЗ и ИФЦ


Дваесет инвестициски проекти се доставени на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании. Апликантите се средни и големи компании од Кавадарци, Скопје, Струмица, Кочани и Битола. Компаниите се доминантно извозни со остварен приход од над 217 милиони евра во последната година. 65% од остварените приходи овие компании ги […]

„Жито Лукс“ го претстави новото лого, одраз на идните цели и развојни планови на компанијата


  Со нови бои, ново лого и нов, модерен дизајн на сите пакувања, „Жито Лукс“ го претстави својот нов визуелен идентитет. Унапредувањето на постоечкиот изглед на брендот e одлука на компанијата направена по низа испитувања на мислењето на потрошувачите и нивната перцепција за брендот. „Огромен е предизвикот да се направи промена, посебно кога се работи […]

Путин наводно го разрешил командантот на руската флота поради потонатиот брод


 Адмиралот Виктор Соколов, командант на руската Црноморска флота, е разрешен еден ден откако Украина соопшти дека го потопила големиот десантен брод „Цезар Куников“ објавија руските воени блогери и поранешниот советник во Кремљ, Сергеј Марков. Засега нема официјална потврда од Москва, а руското Министерство за одбрана не одговорило на барањата за коментар, пренесе БТА. Соколов ја […]

Лидерот на СИРИЗА го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови


Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис заедно со неговиот сопруг, доцна синоќа во ЛГБТ+ клуб во Атина го прослави изгласувањето на законот за истополовите бракови во Грција и на присутните им порача да бидат горди на себе, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис, кој во октомври минатата година стапи во цивилен брак во САД со […]

Од понеделник МВР ќе ги известува за готови пасоши граѓаните што се фотографирале во МРТВ и во ПС Пролет


Од понеделник (19 февруари 2024) граѓаните кои се фотографирале за пасош во објектот на МРТВ или во ПС Пролет ќе добиваат СМС-порака дека документот им е готов за   да дојдат да го подигнат. Министерството за внатрешни работи соопшти дека го воведува овој начин на известување за да се олесни процесот за подигање готови патни исправи.  […]

Ангеловска-Бежоска: Според анкетата на Светска банка, Народна банка е домашна институција со најголема доверба


Според анкетата на Светска банка, Народна банка е домашна институција којашто ужива најголема доверба во државата. Довербата на граѓаните и на институциите во нашата централна банка е на повисоко ниво и во однос на некои меѓународни институции, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во разговорот за емисијата „Каде се парите“ со Горан Теменугов на порталот „Пари“. […]

Изгаснат пожарот во напуштената куќа зад хотелот „Вип“


Рано утринава е опожарена напуштена куќа зад хотелот „Вип“, но пожарот не зафатил околни објекти и причинета незначителна материјална штета . Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски истакна дека било интервенирано со две возила и шест пожарникари. -Опожарен […]

Огромна инвестиција на Мајкрософт за развој на центар за вештачка интелигенција во Германија


Мајкрософт планира да инвестира речиси 3,5 милијарди долари во Германија во следните две години за да го прошири капацитетот на центрите за податоци за апликации за вештачка интелигенција (ВИ) и компјутери во облак, објави извршниот директор на Мајкрософт, Бред Смит. Најголемата поединечна инвестиција во 40-годишната историја на Мајкрософт во Германија вклучува и програма за обука […]