Легендарна Американка загина во лавина во ски-центар на Косово, нејзиниот свршеник не успеал да ја спаси

Кетрин „Каша“ Ригби го загуби животот во лавина


Бројни светски медиуми посветени на скијањето ја пренесоа веста дека пред три дена, на 13 февруари, Кетрин „Каша“ Ригби , легендарна американска скијачка и пионерка на екстремното скијање со телемарк, загина во лавина во Косово.

Ригби почина на 55-годишна возраст во ски-центарот Брезовица, кој се наоѓа на самиот југ на Косово, во близина на границата со Северна Македонија, познат и по тоа што пред 40 години имаше патека за спуст на Зимските олимписки игри во Сараево, пишува Дневник.хр.

Американката била однесена од лавина, иако многу мала, но доволно за да заврши меѓу дрвјата, каде била погодена во градите. Внатрешното крварење и оштетеното белодробно крило биле преголеми повреди за да се опорави, а за жал таа починала кратко по немилиот настан.

Нејзиниот свршеник стигнал до неа за дваесетина секунди, но не можел да ја спаси. Се обидел со процедурата за реанимација, но немало помош.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kasha La (@kashalaclare)

Каша Ригби беше почитуван член на екстремната скијачка заедница. Таа, исто така, се искачуваше на светските врвови од повеќе од 8000 метри и скијаше надолу, а тоа го правеше и од активните вулкани.

Таа беше ѕвезда и на многу документарни филмови посветени на екстремното скијање, особено пред 20 години кога беше на врвот на нејзината кариера.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kasha La (@kashalaclare)

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kasha La (@kashalaclare)