Рециклираната облека нема да ја спаси планетата. „Не можете ништо да направите со маица од ПЕТ шишиња“


Во многу продавници денес е тешко да се најде облека на чија етикета не пишува дека е направена од „рециклирани материјали“. Во колекцијата на H&M минатата година, на пример, 79 проценти од полиестерот беше од рециклирани материјали, а следната година компанијата има намера повторно да ги рециклира. Шведскиот гигант за брза мода за AFP изјави […]

Ќе побара ли утре Приднестровје спојување со Русија?


  Сецесионистичкиот регион Приднестровје, меѓународно признат како дел од Молдавија, може да додаде нова тензија во руската војна во Украина. За 28 февруари во главниот град Тираспол е свикан конгрес на пратеници од сите локални административни нивоа. Сецесионистите претходно прибегнаа кон овој формат на состанок само во значајни прилики, почнувајќи од нивното еднострано прогласување независност […]

СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека ја кочи изградбата на патот Ранковце-Крива Паланка


  Главен виновник за забавувањето на изградбата на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка СДСМ го гледа во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Социјалдемократите обвинуваат дека за овој сегмент од патот од Куманово до бугарска граница, кој сѐ уште не е новоизграден или реконструиран ВМРО-ДПМНЕ одбива да го стави законот на дневен ред на собраниската Комисија за […]

Марлен Дитрих беше пред своето време, вели Мирјана Карановиќ пред премиерите во Скопје и во Битола 


Гостувањето на легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ (67) во улогата на контроверзната фaм фатал Марлен Дитрих во Македонија предизвика огромен интерес во јавноста и културната фела.  Пред премиерата во Скопје на 4 март, во МНТ, претставата “Марлен Дитрих- 5 точки од обвинението“, на Сараевскиот народен театар, на лично барање на една од најголемите југословенски актерки, […]

Макрон не исклучува испраќање западни војници во Украина


  Францускиот претседател Емануел Макрон не ја исклучува можноста од распоредување на копнени војници во Украина од страна на неговата земја. Ништо не е исклучено за постигнување на целта – спречување на руска победа во Украина, изјави Макрон синоќа во Париз, по завршувањето на конференција за помош на Украина. На неа учествуваа повеќе од 20 […]

Пендаровски: Борис Трајковски не беше сам, со него беа граѓаните


Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати на комеморативниот настан по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата, што се одржа во Националната опера и балет.    -Денеска се навршуваат 20 години откако го загубивме претседателот Борис Трајковски. Оваа вечер се сеќаваме на неговата трагична смрт, заедно со осуммина негови соработници и мои драги […]

Пукање во Бар, убиен член на криминална група


Припадник на организирана криминална група е убиен утрово во престрелка во Бар, за „Вијести.ме“ неофицијално потврдија од полициската управа. Според полицијата убиен е Еднод Мустафа.  Полицијата го блокираше градот и трага по еден или повеќе сторители. Локалните медиуми јавија дека напаѓачот побегнал со мотор, откако пукал во млад маж пред деловна зграда.  Службите за итна […]

Димитриевски стигна до 8.400 потписи, Ванковска до 6.200


  Сосема веројатно дека на претседателските избори ќе има најмалку седум кандидати кои ги исполнуваат законските услови за нив да се гласа во првиот круг на 24 април. Според денешното известување на Државната изборна комисија за бројот на собраните потписи до 20 часот на 26 февруари кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, го поминал прагот од […]

ЈО ќе проверува евентуална поврзаност на убиството во Блаце и пожарот во Чаир


Од јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопштуваат дека се постапува за откривање на сторителите за убиството во близина на Блаце и за пожарот во угостителски објект во Чаир и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани. – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, […]

Бектеши: Нема да се продолжува мерката за гарантирани цени


Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување […]

Градските власти во страв: „Очекуваме разорен земјотрес, граѓаните да се подготват“


Властите во Турција со месеци стравуваат од можен разорен земјотрес, кој може да го погоди Истанбул, па дури и да предизвика цунами. На бројни локации во градот се поставени знаци за предупредување за цунами, а граѓаните се повикуваат итно да се евакуираат во повисоките делови на градот, што е можно подалеку од Босфорот. Првите знаци […]

Зендаја пак облече совршен фустан – воодушеви со футуристичките детали


Во рамките на светската турнеја на филмот „Dune: Part Two“, американската актерка и модна икона Зендаја Колман сервираше неколку навистина спектакуларни изданија за паметење, а за последното во кое се појави на њујоршката премиера ќе се зборува долго.  Ѕвездата на глобално популарната серија „Еуфорија“ фрли се во втор план појавувајќи се во бел фустан со […]

Русија забрани извоз на бензин од 1 март, само четири земји се изземени


Русија во вторникот објави шестмесечна забрана за извоз на бензин од 1 март за да се компензира за зголемената побарувачка од потрошувачите и земјоделците и да се овозможи планирано одржување на рафинеријата. Забраната, пренесува Business Standard, ја потврдила и портпаролката на вицепремиерката Александра Новак. Русија претходно воведе слична забрана помеѓу септември и ноември минатата година […]

Еден од најважните луѓе на Путин се сретна со поранешниот кубански лидер, еве зошто


Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев, еден од најважните соработници на претседателот Владимир Путин, се сретна со поранешниот кубански лидер Раул Кастро за да разговараат за безбедносната соработка, објави во вторникот новинската агенција Интерфакс. „Се разговараше за различни прашања од руско-кубанската соработка на полето на безбедноста“, се вели во соопштението за печатот на […]

ЕППО бара повеќе пари за својата работа


Колегиумот на Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Луксембург побара зголемување на буџетот за 7,8 милиони евра поради приемот на Полска и Шведска во членството на Обвинителството на ЕУ, со што нивниот буџет за 2024 година би изнесувал 79,7 милиони евра. Како што информираат од ЕППО, итното барање упатено до Европскиот парламент, Советот на ЕУ и […]

ОН: Во февруари преполовено количеството помош што влезе во Појасот Газа


 Количеството на испорачана помош за населението на Појасот Газа, според податоците на ОН, е преполовено во февруари во однос на претходниот месец, пренесе денеска ДПА. „Помошта треба да се зголемува, а не да се намалува, за да се одговори на огромните потреби на два милиона Палестинци кои живеат во очајни услови“, објави Филип Лазарини, шеф […]

Совети од стјуардеса: Работи кои никогаш не треба да ги правите во авион


Многу патници на авиокомпаниите ги знаат класичните вежби и предупредувања, но има и неколку совети што ги знаат само оние кои работат таму. Еве што откри стјуардесата од Далас. Шер, стјуардеса која често објавува различни видеа, неодамна откри три совети за патниците кои многу ги надминуваат вообичаените упатства за тоа како да се однесуваат во […]

Истражување: Поголема поддршка за да се избегне „изгубена генерација“ поради лошо психичко здравје


Младите Британци сè повеќе страдаат од проблеми со психичкото здравје што ја попречуваат нивната способност да најдат работа, посочува испитување објавено од „Фондацијата Резолушн“. Истражувањето насочено кон Британците на возраст меѓу 18 и 24 години, потврдува дека кај оние кои страдаат од психичка болест има поголема веројатност да бидат невработени или да преземат ниско платени […]

Светската метропола пред апоколипса: Нулти ден можеби во јуни


  Поради исцрпените водотеци, несоодветната инфраструктура, растот на населението и климатските промени, еден од најголемите градови во светот, Мексико Сити, е на работ на голема криза за вода. „Околу 60 отсто од водата во Мексико Сити доаѓа од подземните водоносни слоеви на градот, но таа е толку исцрпена што градот тоне со алармантна брзина. Станува […]

Трамп ја обжали казната што му беше изречена во случајот со измама во Њујорк


Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и високи раководители на неговата компанија „Трамп Организејшн“ („Trump Organization“) денеска поднесоа жалба оспорувајќи ја судската одлука во тужбата за граѓанска измама против него, поднесена од јавниот обвинител на државата Њујорк, соопштија светските агенции. Адвокатскиот тим на поранешниот претседател го извести апелациониот суд во државата Њујорк за плановите […]