Светската метропола пред апоколипса: Нулти ден можеби во јуни


 

Поради исцрпените водотеци, несоодветната инфраструктура, растот на населението и климатските промени, еден од најголемите градови во светот, Мексико Сити, е на работ на голема криза за вода.

„Околу 60 отсто од водата во Мексико Сити доаѓа од подземните водоносни слоеви на градот, но таа е толку исцрпена што градот тоне со алармантна брзина. Станува збор за тонење од околу 50 сантиметри годишно, според последните истражувања“, се наведува во анализата.

Понатаму се додава дека градот, кој моментално има 22 милиони жители, недостигот на вода го надополнува од сопствени извори со испумпување од околните извори, но во преносот има загуби и до 40 отсто. Не помагаат ниту климатските промени во Мексико Сити, поради што врнежливите денови и сушите со натпросечно високи температури се подолги и подолги.

– Густо населениот Мексико Сити се протега низ коритото на езерото на голема надморска височина, околу 2.200 метри пки надморска височина. Изграден е на почва богата со глина, во која сега тоне. Тој е подложен на земјотреси и е многу чувствителен на климатските промени. Тоа е можеби едно од последните места каде што некој би избрал да изгради мегаград денес. Поради несоодветна инфраструктура, дождовницата од периодите на обилни врнежи не ги обновува водните патишта.

Дополнителен проблем се и некои од жителите на Мексико Сити кои немаат резервоари со вода за да се полнат со вода од цистерни.