Рекордна трговска размена меѓу Кина и Русија во 2023 година


Пекинг – Трговската размена меѓу Кина и Русија достигна рекордно високо ниво во 2023 година, додека трговијата со САД падна по првпат од 2019 година, покажуваат податоците на кинеската царина. Кина и Русија разменија стоки и услуги во вредност од 240,1 милијарди долари минатата година, што е зголемување од 26,3 отсто во споредба со 2022 […]

Кои се Хутите и зошто напаѓаат бродови во Црвеното Море?


САД и Велика Британија извршија големи воздушни напади врз цели во Јемен поради нападите на Хутите врз товарни бродови во Црвеното Море. Хутите се бунтовничка група поддржана од Иран која контролира голем дел од Јемен. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американската и британската армија, со поддршка на Австралија, Бахреин, Канада и Холандија, рано утринава […]

Одбележување 16 години од хеликоптерската несреќа кај Блаце


Денеска се одбележуваат шеснаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце, во која трагично загинаа единаесет армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг. Од Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата информираат дека на спомен одбележјето на хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од […]

Најниската температура измерена утрово – 8 степени, во текот на денот до 9 степени


Најниска темпратура утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија – 8 степени, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец – 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп – 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во Гевгелија еден степен. Најмногу снег […]

Електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија


 Електронска аукција на која услов за добивање на тендерот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“, денеска ќе се одржи во Скопје.  За повикот покрај постојниот универзален снабдувач интерес појави и грчката ЕДС […]

Ирскиот премиер Лео Варадкар во официјална посета на Македонија


Премиерот на Ирска, Лео Варадкар денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ќе го пречека неговиуот ирски колега по што ќе следуваат разговори меѓу нив и двете делегации. Ирскиот премиер ќе биде примен и од претседателот на државата Стево  Пендаровски.

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, […]

„Can’t Get Enough“ – Џенифер Лопез сподели видео за првиот сингл од новиот албум


Џенифер Лопез го сподели видеото за првиот сингл од нејзиниот претстоен албум, This Is Me…Now. Визуелниот „Can’t Get Enough“ го режираше Лопез со Дејв Мејерс (режисер на видеа од Дрејк, Тејлор Свифт, Хари Стајлс и многу повеќе). Видеото е дел од поголемото „музичко искуство“ за албумот што доаѓа на Prime Video на 16 февруари.  „Can’t […]

Најактивниот вулкан на Исланд е под надзор поради можна ерупција


Рејкјавик– Моментално најактивниот вулкан на Исланд, Гримсвотн, од денеска е под надзор на властите поради природниот феномен на голема глацијална поплава, што е можен вовед во ерупцијата на вулканот. Падот на притисокот на вулканот предизвикан од протокот на огромни количества вода може да предизвика ерупција, како што беше случај во 1922, 1934 и 2004 година. […]

Земјотрес со интезинтет од 3,8 степени почуствуван во Ресен, Охрид, Струга, Битола и Кавадарци


Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е почуствуван ноќеска во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци. Епицентарот на земјотресот бил во Преспа, на 120 километри од Скопје. Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.  -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, […]

Студено утро, преку ден сончево со локална облачност


Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 километри на час. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека минималната температура ќе биде во интервал од -9 до […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 12 јануари 2024 година, 12-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 354 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 23 минути. Денов трае 9 часа и 22 минути.  Месечината, која е во фаза на млада Месечин ќе изгрее во 8 часот и […]

Две изненадувања во новата француска влада


  Новата влада на францускиот премиер Габриел Атал беше објавена во четвртокот со само една голема промена во Министерството за надворешни работи, повеќето високи членови на кабинетот останаа непроменети, но има уште едно големо изненадување. Министрите за внатрешни работи, финансии, одбрана и правда остануваат на своите места, се вели во соопштението на француското претседателство. Членовите […]

Нема повредени пациенти или медицински персонал по пукањето пред тетовската болница


По пукањето пред Ургентниот центар во тетовската болница нема пријави за повредени пациенти или медицински персонал, изјави д-р Бобан Вучевски од Клиничка болница Тетово. Тој информираше и за состојбата на двајцата браќа кои се однесени во Клиничкиот центар во Скопјe. – Едниот беше во покритична состојба. Беше интервенирано од наша страна и со екипа од […]

Русија ги обвинува САД дека ангажира „петта колона“ да ги поткопа изборите


  Шефот на СВР, руската надворешна разузнавачка служба, тврди дека САД планираат да се мешаат во кампањата за реизбор на Владимир Путин, велејќи дека руските дипломирани студенти од американските образовни програми би можеле да се мобилизираат да служат како потенцијална „петта колона“. Сергеј Наришкин, рускиот шеф на шпионите, рече дека САД планираат да ги „активираат“ […]

Најактивниот вулкан на Исланд е под надзор поради можна ерупција


Моментално најактивниот вулкан на Исланд, Гримсвотн, од денеска е под надзор на властите поради природниот феномен на голема глацијална поплава, што е можен вовед во ерупцијата на вулканот. Падот на притисокот на вулканот предизвикан од протокот на огромни количества вода може да предизвика ерупција, како што беше случај во 1922, 1934 и 2004 година. Но, […]

Мехмедовиќ: Основниот елемент на превенција против големата кашлица е вакцинацијата


 Најефикасниот начин да спречиме ширење на пертусис (голема кашлица) е вакцинацијата, не е ни затворањето на граници, не е ниту носењето маски, не е ниту миењето раце, иако не смееме да ги минимизираме како заштитни мерки, вели д –р Злате Мехмедовиќ  од Комисијата за заразни болести. Тој во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на […]

Спасовски доби пофалби во Стејт департментот за справувањето на МВР со сајбер безбедноста


  Министерството за внатрешни работи покажа исклучителна подготвеност во справување со сајбер закани, соработката со САД и НАТО сојузниците е клучна, истакнал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со амбасадорот за сајберпростор и дигитална политика, Натаниел Фик во Стејт департментот во Вашингтон, соопшти МВР. Потенцирајќи го ангажманот на МВР во развивањето и спроведувањето […]

ВМРО-ДПМНЕ му остава на Мицкоски да ги избере кандидатите за техничката влада


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва го помина формалниот филтер со кој нејзините кандидати ќе учествуваат во техничката влада. Потпретседателот Тимчо Муцунски по седницата на Извршниот комитет изјави дека телото донесло одлука нејзини претставници да учествуваат во техничката влада „кои ќе ја надгледуваат регуларноста на процесите во предизборниот период“. Тој додаде дека се очекуваЦентралниот комитет на партијата […]

„Црно сонце“ од Ацо Шопов доби англиски препев – еве кој ја пее


Англискиот препев на „Црно сонце“ од Ацо Шопов е првата песна на бендот „Ветрило“, снимена во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет. Музиката е на Верица Андреевска и Дејан Спасовиќ, а во изведбата им се придружија Кирил Бабамов, Верица Недеска и Круме Стефановски. Тонски снимател е Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“, кој ги […]