Спасени две лица заглавени во снегот на Галичица


Центарот за управување со кризи информира дека денеска се спасени две лица кои биле заглавени со возило во снегот на Галичица, иако се наоѓале на пат кој е забранет за сообрачај. – Спасителната акција е завршена комплетно и успешно – рапорт од Единицата за спасување на планина од Охрид Регионалниот центар за управување со кризи […]

Во „Комунална хигиена“ 50-ина времено вработени останаа без работа


Повеќе времено вработени во ЈП „Комунална хигиена“ денеска останаа без работа, затоа што договорите не им се продолжени, дознаваме од наши извори.  Прво се спомнуваше бројка од околу 100 вработени, но бројот на избркани е помал, тврди нашиот извор, односно околу 50-тина од одделите за администрација и механизација. Од ЈП „Комунална хигиена“ уште немаат соопштено […]

Прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерот на Ирска, Варадкар (видео)


Заедничка прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот ирски колега Лео Варадкар, кој е во официјална посета на Северна Македонија. Ова е прва официјална посета на ирски премиер на нашата држава, која со Ирска годинава одбележува 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Познати институциите кои наводно злоупотребиле европски пари, во тек се предистражните постапки


Се знае кои се јавните институции поврзани со критиките од ЕУ за наводни злоупотреби на европските пари, но, тие нема да бидат откриени додека не завршат предистражните постапки кои се во тек. По конечните одлуки, ќе им се намалат средства од редовните програми и ќе се бара лична одговорност од луѓето кои ги раководеле. Како […]

Битиќи: Во наредните 10 дена би требало да знаеме кој ќе биде универзален снабдувач на електрична енергија


Во наредните 10 дена би требало да знаеме кој ќе биде универзален снабдувач на електрична енергија, откако денеска ќе се отворат понудите, појасни вицепремиерот Фатмир Битиќи. – Денеска ќе се отвораат понудите и ќе се оценува дали ги исполнуваат условите. Не знаеме кој сѐ може да аплицира – рече Битиќи во врска со тендерот за […]

Тетово и Призрен ќе се поврзат преку тунел од 6,4 километри низ Шар Планина


Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, денеска го потпишаа Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. Како што информираа од Министерството за транспорт и врски, поврзувањето со Косово ќе се […]

Со фотографија од пасош најавена „Златна бубамара на популарноста“ за 22 февруари


Манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 22 февруари во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот, објави Ранко Петровиќ, сопственикот на радио „Буба мара“, кое го организира настанот. „Да се чекираме со време. ‘Златна бубамара’ го најавува летот број 27. Билетите може да ги подигнете од 25 јануари“, вели Петровиќ.   Шоуто кое […]

Се бара осомничениот за убиството на Оки да биде екстрадиран во Грција


Грчката полиција, првично преку меѓународна, а потоа преку европска потерница, бара осомничениот за убиството на македонскиот државјанин на Халкидики да биде екстрадиран во Грција за да биде изведен пред грчката правда, а станува збор за 33-годишен кој е притворен во Скопје за учество во двојно убиство во март минатата година во Скопската чаршија, јавува дописничката […]

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота (13 јануари)


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (13.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје (од 08 до 16 часот). Со оглед на искуството дека граѓаните кои може да си ги подигнат готовите документи , чекаат и по повеќе од шест часа во […]

Фантастично оживување на „Ноќна стража“ на Рембрант среде трговски центар во Амстердам (видео)


Амстердам– Славната слика на Рембрант „Ноќна стража“, една од најпознатите во светот, „оживеа“ меѓу збунетите посетители на познат трговски центар во Амстердам, Холандија. Луѓето се тргаа на страна, мислејќи дека е некоја вежба или „историска“ инвазија. Ремек-делото што секоја година привлекува повеќе од два милиони посетители, во 2019 година, беше реставрирано од амстердамскиот „Ријксмусеум“, како […]

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток ја крена цената на златото, еве колку чини унца сега


Цените на златото пораснаа на светските пазари во петокот, бидејќи стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток ги поттикна инвеститорите да го префрлат капиталот кон безбедни средства. На физичкиот пазар цената на златото утрото се зголеми за 0,5 отсто, на 2.038 долари за унца, продолжувајќи ја нагорната траекторија што го одржува над нивото од […]

Не вртите глава од обвинувањата за геноцид од страна на Израел


Расправата дали Израел врши геноцид во Газа сега пред Меѓународниот суд на правдата администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја дочека со отфрлања. Се чини дека „незаслужено“  е договорениот термин меѓу американските официјални лица. „Обвинението за геноцид е неосновано“, изјави државниот секретар Антони Блинкен од говорницата во Тел Авив оваа недела. „Безвредни, контрапродуктивни и без […]

Украина гради барикади, копа ровови и се ориентира кон одбрана


  Редици од бели бетонски барикади и намотки од бодликава жица се протегаат низ отворено поле во близината на Купјанск повеќе од еден километар. Под закрила на темнината се копаат ровови со рудиментирани станбени простории. Артилерија татне недалеку. Новите одбранбени линии што ги посети Ројтерс во близина на североисточниот град Купјанск на 28 декември покажуваат […]

Вучиќ и партијата лобираат да се ублажи извештајот на ОДИХР за изборни нерегуларности


  Според информациите до кои дојде порталот „Нова.рс“, од дипломатски кругови во Брисел, Српската напредна партија врши притисок врз меѓународните актери конечниот извештај на ОДИХР да не ги содржи сите изборни нерегуларности кои набљудувачите ги забележале на 17 декември. „Овие притисоци ги водат земјите со кои владејачката партија во Србија (СНП) и претседателот на Србија, […]

Тони ѓубре течат по босанска река – Дринското Езеро е еколошка катастрофа


Сцени од ѓубре и пловечки отпад во огромни количини го претворија Дринското Езеро во областа на Вишеград во еколошка катастрофа. Тони отпад од пластика и тешки метали, гума, дури и автоделови, бела техника, шишиња и друго ѓубре пловат низ Дринското Езеро. Според проценките, од езерото годишно се отстрануваат меѓу шест и осум илјади кубни метри […]

Благоја Пандовски ја замени Слаѓана Тасева на местото претседател на ТИ-Македонија


Благоја Пандовски е нов претседател на Транспаренси интернешенл-Македонија. Функцијата ја наследува од долгогодишната претседателка Слаѓана Тасева, која останува почесен претседател на оваа организација. Веста денеска ја соопшти Тасева на презентација на новиот Извештај за резултатите од Националниот систем за интегритет. Пандовски е еден од основачите на ТИ-Македонија и член на Управниот одбор. Тој соопшти дека […]

Гир: Имаме многу добар систем на контрола и на проверка за реализација на проектите на ЕУ


Имаме многу добар систем на контрола и на проверка за реализација на проектите на Европската Унија,  изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали средствата што ги вложува ЕУ се коректно потрошени во земјава.  Тој изрази задоволство од работната средба во Неготино. Гир рече дека е горд на поддршката што ЕУ […]

12 јануари во историјата – Советските сили ја пробија опсадата на Ленинград


  На 12 јануари 1943 година, советските трупи создадоа пробив во германската опсада на Ленинград, која траеше година и половина. Советските сили направија дупка во опсадата, што го пукна германското опкружување и овозможи да дојдат повеќе залихи по езерото Ладога. По инвазијата на Советскиот Сојуз во јуни 1941 година, германските трупи тргнаа кон Ленинград, вториот […]

Израелската полиција ги забрани протестите против војната во Газа


Израелската полиција објави дека нема да одобри демонстрации против војната во Газа што требаше да се одржат во Хаифа во сабота навечер, на кои ќе учествуваат десетици организации. Командантот на полициската крајбрежна област, генерал-мајор Даниел Леви, објасни дека одбивањето да се даде дозволата е поради „реална загриженост за сериозно нарушување на јавниот ред“. Според него, […]

Ревизија, ДКСК и Омбудсманот со најдобри резултати за интегритет, најслаби Обвинителството, судовите


Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Народниот правобранител имаат најдобри резултати за интегритет, отчетност, одговорност и подготвеност за борба со корупцијата и се првите три столба со најмногу поени во националниот Систем за интегритет кој опфаќа 15 столба, во новиот извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) Македонија. Јавното обвинителство е најслабо […]