Ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток ја крена цената на златото, еве колку чини унца сега


Цените на златото пораснаа на светските пазари во петокот, бидејќи стравувањата од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток ги поттикна инвеститорите да го префрлат капиталот кон безбедни средства.

На физичкиот пазар цената на златото утрото се зголеми за 0,5 отсто, на 2.038 долари за унца, продолжувајќи ја нагорната траекторија што го одржува над нивото од 2.000 долари речиси еден месец.

На фјучерс пазарот во САД златото поскапе за 1,2 отсто, на 2.042 долари.

„Цените на златото растат поради тековниот геополитички конфликт на Блискиот Исток… И покрај стапката на инфлација во САД кои ги надминуваат очекувањата, цените на златото денеска закрепнаа и веројатно ќе пораснат дополнително“, рече Кунал Шах од Nirmal Bang Commodities во Мумбаи.

САД и Велика Британија нападнаа цели во Јемен поврзани со движењето Хути, а Саудиска Арабија повика на воздржаност, забележува Ројтерс.

Во такви услови, цените на среброто во петокот пораснаа за 0,7 отсто на 22,91 долари за унца. Цената на платината порасна за сличен процент, на 920,42 долари. Најблаг раст забележа паладиумот, со благи 0,2 отсто, на 990,25 долари, покажуваат податоците на берзата.