Спасени две лица заглавени во снегот на Галичица


Центарот за управување со кризи информира дека денеска се спасени две лица кои биле заглавени со возило во снегот на Галичица, иако се наоѓале на пат кој е забранет за сообрачај.

– Спасителната акција е завршена комплетно и успешно – рапорт од Единицата за спасување на планина од Охрид Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид известува дека во 12:56 часот, од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило „мерцедес“ на Галичица во близина на црквата „Св. Наум“, на патниот правец што е забранет за сообраќај – велат од ЦУК.

Од таму додаваат дека  веднаш беше информирана Единицата за спасување на планина од Охрид.

– Во оптимално брзо време беа лоцирани и спасени заглавени две лица во снегот на Галичица, вклучувајќи го и возилото марка „мерцедес“ – додаваат од ЦУК.

Според извештајот на спасителите од Охрид, акција е завршена на 14:15 часот, комплетно и успешно.