Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота (13 јануари)


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (13.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје (од 08 до 16 часот).

Со оглед на искуството дека граѓаните кои може да си ги подигнат готовите документи , чекаат и по повеќе од шест часа во денот, ова е одлична можност да се разтовари метежот, кој го нема при аплицирањето, односно кога се фотографираат за документи.

Според искуството на оние кои веќе зеле документи, метеж има во објектот на МРТВ, а во Беко пак, документи се земаат многу порелаксирано.