Во Владата ќе биде потпишан договор за изградба на четири системи за наводнување


Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за избор на консултант за изградба на четири системи за наводнување. Договорот ќе го потпишат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставник на консултантската компанија. На настанот ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Нов пад на Волстрит. Меѓу губитниците се „Амазон“, „Алфабет“, „Тесла“…


Вчера на Волстрит берзанските индекси паднаа втор ден по ред, бидејќи по новите економски показатели, надежите на инвеститорите дека американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки уште во март дополнително ослабна. Дау Џонс загуби 0,25 отсто, на 37.266 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,56 отсто, на 4.739 поени, а индексот […]

Убиен обвинителот што го истражуваше нападот на ТВ станицата во Еквадор


Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда вчера бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил, најопасниот град во земјата. Локалната полиција соопшти дека нападот е атентат и додаде дека тој бил застрелан повеќе пати. Суарез го истражуваше минатонеделниот напад на телевизијата ТЦ, кога членови на […]

Кој береше јагоди?


„Не секој човек кој носи униформа на хрватската армија е припадник на хрватската армија“. Со овие зборови Наташа Рајковиќ, портпаролката на претседателот Фрањо Туѓман, се обиде да одговори на првата скромна вест од теренот во октомври 1995 година на прес-конференцијата, според која лица во униформи на хрватската армија наводно убиле српски старци и палеле куќи […]

Ледениот џин исчезнува – последните месеци на огромната санта мраз А23а, двојно поголема од Лондон


  Најголемата санта мраз во светот А23а се оддалечува од Антарктикот и полека се топи. Таа веројатно ги брои последните месеци од своето постоење поради ерозијата. Брод со кој управува компанијата „Eyos Expeditions“ во неделата пристигна до ледениот гигант A23a за да ги истражи огромните пештери и сводови врежани во ледените ѕидови. А23а плови по […]

Германскиот парламент го отфрли предлогот за испорака на ракети Таурус на Украина


Германскиот парламент го отфрли предлогот поднесен од конзервативната опозиција за снабдување на Украина со ракети со долг дострел Таурус. Против проектот синоќа гласаа речиси сите пратеници од владејачката трипартиска коалиција. Овој развој на настаните може да изгледа збунувачки со оглед на тоа што две од трите партии кои се дел од владата, Зелените и Слободната […]

18 јануари во историјата – Во Париз почна мировната конференција по Првата светска војна


  На 18 јануари 1919 година, во Париз, Франција, некои од најмоќните луѓе во светот се состанаа за да ги започнат долгите, комплицирани преговори кои официјално ќе го означат крајот на Првата светска војна. Водачите на победничките сојузнички сили – Франција, Велика Британија, Соединетите Држави и Италија – ќе ги донесат повеќето клучни одлуки во […]

Без вода ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и објекти во непосредна близина


Поради уличен дефект на бул. „Илинден“ бб прекинато водоснабдување изутрина од 09:30 часот ќе имаат ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје и неколку објекти во непосредна близина, најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

Бензема добива закани во Саудиска Арабија поради зборовите на францускиот министер за внатрешни работи


Адвокатот на напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема, Хјуг Виже, објави дека играчот добивал закани во Саудиска Арабија откако францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека напаѓачот имал врски со терористичка организација. – Коментарите на министерот имаат сериозни последици. Играчот добива закани во Саудиска Арабија, каде што работи, вели Виже во интервјуто за „RMC […]

Зеленски ги повика своите сонародници да ја преземат иницијативата во војната со Русија во свои раце


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика своите сонародници да преземат иницијатива во свои раце за да го решат текот на војната со Русија, која трае речиси 23 месеци, и да обезбедат поддршка ширум светот. Зеленски ова го изјави во своето редовно вечерно видео обраќање по враќањето од Светскиот економски форум во Давос, каде што апелираше […]

САД повторно нападнаа позиции на Хутите во Јемен


САД извршија нови напади врз цели на Хутите во Јемен, соопштија американски официјални лица кои сакале да останат анонимни. Тие не открија за кои цели станува збор или колку ракети биле лансирани, но американската војска подоцна соопшти дека биле елиминирани 14 ракети на Хутите кои биле подготвени за лансирање. Јеменската новинска агенција Саба јави дека […]

Русија соборила два украински дрона во близина на Москва и Санкт Петербург


Руското Министерство за одбрана рано утрово соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила два украински дрона, едниот над Москва, а другиот во околината на Санкт Петербург. Министерството на Телеграм соопшти дека инцидентот се случил околу 1:30 часот по полноќ. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно на Телеграм напиша дека противвоздушната одбрана го соборила дронот на […]

Даштевски: На 25 јануари Управниот суд ќе расправа за тужбата на потпретседателката на ДИК Шеху за изборот на составот на ОИК и ИО


На 25 јануари Управниот суд ќе расправа по тужбата што потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху ја поднесе откако членовите на Комисијата не го усвоија упатството со кое таа бараше составот на Општинските изборни комисии (ОИК) и Избирачките одбори (ИО) да се бира согласно вкупното население од пописот од 2021 година. Претседателот на […]

Поранешен соработник на Трамп повикал на убиство на демократски конгресмени


Полицијата на Капитол хил и Федералното биро за истраги започнале истрага околу изјава наводно дадена од Роџер Стоун, политички соработник и агент на поранешниот претседател Доналд Трамп, за убиство на видни демократи. Во разговор со поранешен вработен во безбедносните служби пред изборите во 2020 година, и објавен како аудио снимка од изданието „Мидиејт“, Стоун кажал […]

Досега променети околу 1.210.000 патни исправи, процесот продолжува и по 12 февруари


Досега променети се околу 1 210 000 патни исправи, повеќе од 1 100 000 лични карти и околу 540 илјади возачки дозволи. Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нема никаков проблем дали да се продолжи рокот за издавање на патни исправи, ако така одлучи Собранието, и нагласува дека се работи со зголемена динамика и […]

Променливо облачно со повремен дожд, температурата до 18 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје […]

Македонија и Бугарија се борат за албански села: Репортажа на Франс прес


  Пописот во Албанија отвори нов фронт во долготрајниот спор меѓу балканските соседи Бугарија и Северна Македонија. И двете тврдат дека сѐ помалото македонско малцинство во Албанија е нивно. Војната за идентитетот е нешто како нерамноправна борба, велат локалните жители, бидејќи оние кои ќе се одлучат да станат Бугари, имаат шанса да добијат ценет пасош […]

Каде да патувате оваа година за најмалку пари – и Македонија е на списокот


При планирањето на одмор земаме предвид многу фактори, од наоѓање евтини места за патување и безбедноста на саканата дестинација до сместување. Една од работите што влијае на одлуките повеќе од било што друго се парите. Кога ќе се соберат сите трошоци поврзани со одењето на одмор, повеќето луѓе претпочитаат места кои чинат помалку, но сепак […]

Стотици демонстранти се судрија со руската полиција во Башкортостан


  Стотици демонстранти се судрија со полицијата во руската република Башкортостан како редок израз на бес на јавноста, откако судот осуди локален активист и го осуди на затвор, според извештаите на медиумите и групите за права. Немирите во средата – еднi од најголемите пријавени демонстрации од почетокот на војната во Украина во 2022 година – […]

Се затвора швајцарска фабрика за соларни панели во Германија – ѝ пресудија кинеските


Швајцарскиот производител на соларни панели Мејер Бургер планира да ја затвори својата фабрика во Фрајберг во германската покраина Саксонија.500 работни места се погодени од затворањето.Мејер Бургер ги објави плановите во средата. Следствено, најголемото европско производство на соларни панели би можело да биде затворено веќе во април 2024 година. Според германските медиуми, 500 работници сега мора […]