„Веселите девојки“ : Мјузикл со Тијана Дапчевиќ доаѓа во Скопје


Урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен, кончено во Скопје. Музичко-сценскиот спектакл ,,Веселите девојки’’ во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува и Тијана Дапчевиќ, на 23 март ќе биде изведен на сцената во Македонска Филхармонија.    Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои […]

Едно лице повредено во експлозија на плинска боца во центарот на Куманово


Едно лице е повредено од експлозија на плинска боца  што се случила попладнево на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, соопштија надлежните од кумановската Општа болница и Единицата за територијалната противпожарна заштита (ТППЕ) Куманово.  Според податоците на надлежните, при експлозијата е повредено 30 годишно лице, кое по првичната помош во кумановската болница поради сериозноста на повредите […]

Градинката „Пролет“ во Центар го доби финалниот изглед


Градинката Пролет, го доби финалниот изглед. Денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски направи увид го градежните работи на градинката која треба да згрижи нови 150 дечиња од населбите Пролет и Маџир Маало. „Градежните зафати во градинката Пролет течат одлично. Фасадата која е енергетски ефикасна е веќе завршена и периодов се работи на внатрешноста. Преградните […]

Промоција на ново винил издание на ПМГ Џез „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“


Оваа сабота, 20-ти јануари, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во 21 часот ќе се реализира промотивен музички настан на кој ќе се претстави новата винил компилација на македонска музика „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“ издадена за ПМГ Џез. Уште еден музички запис на винил кој ќе остане како историски документ на современата македонска авторска џез, […]

Поради снежната бура стотици летови откажани на аеродромот во Франкфурт


Франкфурт – Стотици летови на аеродромот во Франкфурт во Германија се откажани денеска, еден ден откако поради зимска бура накратко беа прекинати полетувањата и слетувањата. Повеќе од 300 од околу 1.000 планирани летови за денеска на аеродромот во Франкфурт се откажани, изјави портпаролката на аеродромскиот оператор Фрапорт. Авиони полетуваат и слетуваат на аеродромот, но воздушниот […]

Политико: ЕУ не се засити од вакцината против Ковид, смислуваат нов план за нарачка


Брисел – И покрај сите контроверзи, на Европската унија не се засити од вакцини против Ковид, пишува Политико. ЕУ подготвува тендер за речиси 150 милиони дози mRNA вакцини против Ковид, а голема е веројатноста дека новиот договор ќе биде доделен на Модерна. Времето на објавување на тендерот според многумина не е соодветно. Бидејќи заканата од […]

Наскоро тендер за новата клиничка болница во Штип, кривична пријава за грчката фирма што досега го градеше објектот


Нова тендерска постапка за доизградба на Клиничката болница во Штип ќе биде објавена наскоро, а средствата за негово комплетирање ќе бидат обезбедени од државниот буџет. Веќе е покрената кривична постапка против грчката фирма „Интеркат“ која пред осум години почна да го гради објектот, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. -Постапката ќе биде објавена многу […]

Камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија ќе се мерат само еднаш


Директорот на Царина Стефан Богоев во емисијана МРТ1 посочи дека со Меморандумот за признавање на белешките од мерење на царинските терминали, т.н. кантарски белешки помеѓу Македонија и Србија, од први февруари македонските компании кои увезуваат или извезуваат во Србија и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш, а со тоа ќе заштедат и […]

Синдикатите од ЈСП најавуваат прекин на работата доколку не ја добијат декемвриската плата


 Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)  Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат. – Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Богојавление-Водици


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре 19.01.2024 (петок), поради активности по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Од МВР информираат дека од 08.00 часот […]

Стотици патници заглавени на патиштата во Германија поради снегот


Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен, откако снежните врнежи го прекрија автопатот, што доведе до сообраќаен метеж и колони возила кои се протегаа со километри. Полицијата не можеше да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани главните сообраќајници, пренесува неделникот „Билд“. […]

Богојавление 19 јануари неработен за граѓаните од православна вероисповед


Петок 19 јануари, Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството им го честитаат празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед.

Жителите на Долна и Горна Бањица ги блокираа работниците на „Бехтел и Енка“


Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата. Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа […]

Колапс на здравствениот систем во Газа, Палестинци умираат во болници од нетретирани рани


 Експертот на ОН за итни здравствени случаи, Шон Кејси изјави дека ранети Палестинци умираат од нетретирани рани во преполните болници во Појасот Газа во услови на колапс на здравствениот систем. Кејси неодамна се врати од Газа каде што помина пет недели обидувајќи се да обезбеди повеќе персонал и неопходен материјали за 16 делумно функционални болници. […]

Иран: Нобеловката Наргес Мохамади доби дополнителна затворска казна


  Суд во Иран ѝ изрече дополнителна казна од 15 месеци на затворената добитничка на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади за наводно ширење пропаганда против Исламската Република, соопшти нејзиното семејство во понеделникот. Според објавата на Инстаграм од семејството на Мохамади, новата казна е изречена на 19 декември. Во него се вели дека Мохамади одбила […]

Пиењето 100% овошен сок е поврзано со зголемување на телесната тежина


Пиењето една или повеќе чаши 100% овошен сок дневно е поврзано со мало зголемување на телесната тежина кај децата и возрасните, покажува нова студија за преглед. „Фундаменталниот проблем со сокот е количината, бидејќи со овој начин на консумирање овошје полесно се предозираме“, вели експертот за исхрана од Харвард, Волтер Вилет. „На пример, колку често јадеме […]

Тајван регистрирал 24 кинески воени авиони во близина на островот


Тајван регистрирал 24 кинески воени авиони околу островот во рок од 24 часа, соопшти тајванското Министерство за одбрана. Единаесет авиони ја преминале неофицијалната демаркациона линија меѓу Кина и Тајван. Покрај авионите, во последните 24 часа, до денеска во 6 часот по локално време, регистрирани се и пет кинески бродови соопшти Министерството. Ова е најголемата демонстрација […]

Повеќе од 60 водечки економисти песимисти : Годината ќе биде неизвесна, економиите ќе ослабат


Оваа 2024 година веројатно ќе биде бурна година за глобалната економија бидејќи економскиот раст забавува и геополитичките тензии растат ширум светот, покажа анкетата на Светскиот економски форум (СЕФ), како што објави Бизнис инсајдер. СЕФ анкетираше повеќе од 60 водечки економисти пред годишниот состанок во швајцарскиот ски-центар Давос оваа недела. Повеќе од половина од испитаниците рекоа […]

Поранешен полски министер уапсен поради издавање визи за пари


  Поранешниот заменик-министер за надворешни работи на Полска беше уапсен во врска со тековната истрага за скандалот со пари за визи во земјата, соопшти во средата варшавската антикорупциска агенција. Пјотр Вавжик, кој беше заменик-министер за надворешни работи од јануари 2021 година до август минатата година, беше приведен и обвинет за пречекорување на неговите овластувања при […]

Израел соопшти дека за 24 часа во Газа се убиени околу 60 палестински милитанти


Израелските сили убиле околу 60 палестински борци во појасот Газа во последните 24 часа, се вели во денешното соопштение на армијата. Околу 40 борци биле убиени во областа Кан Јунис на југот на областа и уште неколку во северниот дел на Појасот Газа. Според армијата, милитанти биле убиени и во напади врз објекти што ги […]