ЕУ ги принудува тешките товарни возила и автобусите да ги намалат емисиите на CO2


 Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ денеска се договорија да се намали дозволената емисија на јаглерод диоксид од моторите на тешките товарни возила и да воведат општа одредба за „нулта емисија“ за градските автобуси со цел борба против климатските промени. Емисиите на гас од тешките возила продадени од 2030 година мора да се намалат за […]

Награди БАФТА: „Опенхајмер“ води со најмногу номинации – 13


Британската академија за филм и телевизија (БАФТА) денеска ги објави номинираните за своите годишни награди БАФТА, кои ќе бидат доделени на церемонија на 18 февруари во Лондон, предводена од филмовите Oppenheimer на Кристофер Нолан со 13 номинации, научно-фантастичната црна комедија Poor Things доби 11, драмата на Мартин Скорсезе, Killers of the Flower Moon, доби девет номинации […]

Словенечките судии штрајкуваат веќе една недела – платите не им се сменети од 2012 година


Словенечките судии започнаа двонеделен предупредувачки штрајк на 10 јануари бидејќи не се почитуваше одлуката на Уставниот суд, кој утврди дека платите на судиите се прениски и му наложи на законодавецот да ја исправи. Имено, во јуни минатата година, словенечкиот Уставен суд утврди дека платите на судиите се прениски, што ги нарушува уставните принципи за независност […]

Утре топло, викендот постудено со снег


Во дел од котлините утре ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските […]

Убиен обвинителот кој го истражуваше телевизискиот упад во Еквадор


Обвинителот кој го истражуваше упадот во телевизиското студио во Еквадор бил убиен минатата недела, соопштија официјални лица, а пренесува Би-Би-Си. Обвинителот Сезар Суарез бил застрелан во пристанишниот град Гвајакил во провинцијата Гвајас, изјави еквадорскиот главен јавен обвинител. Тој бил убиен во близина на неговата канцеларија. Не е јасно дали смртта на Суарез е поврзана со неговата истрага […]

Фон дер Лајен доби рок да одлучи за втор мандат


Европската народна партија (ЕПП) очекува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да се бори за втор мандат на изборите во јуни. Германската политичарка сè уште не ги потврдила информациите, известува германската новинска агенција ДПА. ЕПП ѝ дала рок на Фон дер Лајен да даде изјава во следните недели, до 21 февруари. Кандидатот на ЕПП за […]

Автобусите на ЈСП утре и в сабота по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии


Поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, соопштија од ЈСП Скопје. Исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. По неделен возен ред ќе се вози и в сабота, на 20 јануари, […]

Учениците ќе имаат превоз в понеделник, и ако ЈСП одлучи да не вози


Доколку до понеделник не им се исплатат платите на вработените во ЈСП, јавен градски превоз нема да има. Но, сепак, од синдикатите на ЈСП уверуваат дека ќе се договорат со своите вработени, да ги опслужуваат линиите со кои се возат учениците, за кои почнува второто полугодие. Синдикатите на ЈСП сметаат  дека надлежните треба да ги […]

Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа


Неколку лица утрово заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заглавените побарале помош на бројот 112, по што акцијата на ЦУК траела три часа – од 5 до 8 утрово. Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила. „Веднаш се известени […]

По седум години пауза, отворен Лекторат по македонски јазик во Тирана


На Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, вчера беше отворен Лекторатот по македонски јазик, на иницијатива на Меѓународниот семинар за македонски, јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје. На свечената церемонија обраќања имале ректорот на Универзитетот во Тирана проф. д-р Артан Хоџа, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана […]

Од 1 февруари еврото ќе биде единствена валута за готовина и платежни трансакции на Косово


Приштина – Централната банка на Косово (ЦБК) донесе уредба според која, од 1 февруари единствена валута за готовина и платежни трансакции ќе биде еврото. Во тој указ се наведува дека ваквата уредба е донесена во согласност со Уставот на Косово и законот на Централната банка на Косово и дека ЦБК е единствената „монетарна власт која […]

НАТО најавува за идната недела најголема воена вежба во изминатите неколку децении


Брисел – Околу 90.000 војници ќе учествуваат во вежбата на НАТО „Steadfast Defender 2024“, најголема во изминатите неколку децении, што ќе почне следната недела и ќе трае до мај, најави денеска врховниот командант на силите на НАТО за Европа, Крис Каволи. „Алијансата ќе ја покаже својата способност да ги зајакне евроатлантските области со трансатлантското движење […]

Четиригодишно дете од Струмица во тешка состојба по физички напад


Четиригодишно дете од Струмица во тешка здравствена состојба по физички напад, вчера било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во 02.30 часот вчера во СВР Струмица било пријавено дека во струмичката Општа болница во 00.58 часот, во тешка здравствена состојба, било донесено четиригодишно дете. Тоа […]

Во последен момент случајот „Ласкарци“ спасен да не почне од почеток


Судскиот совет на денешната итна 474-та седница донесе одлука новоизбраната судијка во скопска Апелација, Александра Ристеска, времено да биде упатена во Основниот кривичен суд Скопје, сѐ до објавувањето на пресудата за случајот „Ласкарци“. Ристеска е член на судечкиот совет за предметот „Ласкарци“, поради што постеше опасност од враќање на предметот кој трае повеќе од четири години […]

Викендов да се вози внимателно, се најавуваат обилни врнежи снег


По најавата на УХМР дека следните денови се очекува значителна промена на времето со обилни врнежи од снег и ниски температури, ЈП „Македонија пат“ апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат законскaта одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот. Како што […]

Приштина бара ЕУ да не одобри безвизен режим на косовските Срби со српски пасоши


Владата на Косово бара од земјите членки на ЕУ да го отфрлат предлогот на Европската комисија, според кој косовските Срби со пасоши издадени од Директоратот за координација на Србија можат да влезат во Унијата без визи, пишува денеска бриселскиот портал Политико. Според сегашните прописи, сопоственици на пасоши од 61 земја можат да влезат во ЕУ […]

Разрешен директорот на Агенцијата за вработување Мурати, Ведат Османи е нов директор


Беким Мурати од Демократската унија за интеграција е разрешен од функцијата директор на Агенцијата за вработување. На местото на Мурати, нов директор ќе биде Ведат Османи, потврди за МИА претседателот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, чиј кадар е Османи. Мурати преку својот Фејсбук профил вчера информираше за неговото разрешување. -Почитувани, денеска ја завршив мојата […]

Почина Југослав Тодоровски, поранешен градоначалник на Скопје


По долго и тешко боледување, вчера почина поранешниот градоначалник на Скопје, Југослав Тодоровски. Тодоровски беше градоначалник на Скопје во периодот од 1986 до 1991 година. Претходно бил на повеќе државни функции. Погребот ќе се изврши в петок на Градските гробишта – Бутел, а последна почит ќе биде оддадена од 11 часот во капелата на гробиштата. […]

М-НАВ со нови директори, Надзорниот одбор го прифати предлогот на Владата


Хекуран Асани и Милан Кораќ следната недела стапуваат на новата функција директори во М-НАВ, дознава „Телма“. Надзорниот одбор на денешната седница го прифати предлогот на Владата донесен на седницата одржана на 9 јануари и ги разреши досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Третиот директор во државната компанија, Хасим Деари, ја задржа својата функција. Поради […]