„Германија не е болниот човек на Европа; туку уморен човек, кому му треба кафе“


  Германскиот министер за финансии ги отфрли сугестиите дека неговата земја повторно стана „болен човек“ на Европа. Само е малку уморен и има потреба од „шолја кафе“, рече тој во петокот. Долго време како мотор на растот во Европа, германската економија се намали минатата година за 0,3%, веројатно најслабото остварување меѓу големите земји во регионот. […]

Јапонскиот лендер слета на Месечината, но соларните панели не работат


JAXA Јапонската вселенска агенција на прес-конференцијата изјави дека има контакт со лендерот, но се чини дека соларните панели не генерираат енергија. „Се обидуваме да добиеме и анализираме дополнителни податоци. Засега се чини дека повеќето системи работат, но сè уште има проблем со напојувањето. Добиваме податоци за температурата и притисокот на Месечината”, кажаа од JAXA. Јапонците […]

Поради дефект, центарот на Битола без струја


Од ЕВН Македонија известуваат дека поради дефект на електродистрибутивната мрежа од 19.40 часот без електрична енергија се: Скопје – Говрлево, Св. Петка, Чифлик, Каменоломи Техно Павер и Мис Вато.. Исто така, без струја е и Битола – односно централно градско подрачје и окололните населени места. Дел од граѓаните кои останаа без струја се греат токму […]

Најмалку 47 смртни случаи во налетот на снежни бури и студ во САД


 Во САД досега починале најмалку 47 лица под влијание на арктичките температури, обилните снежни врнежи и мразот во некои делови од земјата.  Повеќе смртни случаи се регистрирани во Тенеси, сојузна држава погодена од снежна бура и покривка од мраз, дел од циклонот кој стигна од северот од страната на Орегон. Во Тенеси досега починале најмалку […]

ЦУК: Утре и задутре возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво


Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на утрешниот ден и в недела, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните […]

Борел: Израел го финансираше Хамас за да ја ослабне Палестинската управа


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека државата Израел го финансирала палестинскиот исламистички Хамас со цел да ја ослабне палестинската власт. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли обвинувањата на неговите противници во Израел и некои светски медиуми дека неговата влада со години активно го охрабрува Хамас во Газа. […]

Вештачките заби на Винстон Черчил на аукција


Вештачките заби што ги носеше поранешниот британски премиер Винстон Черчил за време на неговиот говор „Ќе се бориме на плажите“ ќе бидат понудени на аукција следниот месец за сума која најверојатно ќе достигне меѓу 5.000 и 8.000 фунти. Позлатените протези ќе бидат понудени на аукција во Челтенхем на 6 февруари, објави Гардијан. Директорката на аукциската […]

Кавадарци препорача возрасните лица да се симнат од планинските села – следуваат екстремно ниски температури


Општина Кавадарци попладнево излезе  со препорака до возрасните лица кои живеат во планински села да се симнат во урбаните средини, поради најавените екстремно ниски температури.   -Во пресрет на најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за екстремно ниски температури и студено време проследено со обилни врнежи од снег, силен ветер и голомразица, Општина Кавадарци информира […]

Гаши, Меџити и Касами имале средба во Стејт Департментот, не кажуваат со кого


  Лидерите на „Европскиот сојуз за промени“, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити, како и советникот на премиерот Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, соопштија дека денеска за време на престојот во САД имале „важна средба“ во американскиот Стејт департмент. Со кого била средбата не стои во соопштемието, ниту пак има фотографија од неа. […]

На Граничниот премин Делчево нормализиран протокот на возила за излез од земјава


По утринскиот метеж кога се чекаше и до два часа, на граничен премин Делчево за излез од Република Северна Македонија кон Република Бугарија во моментот состојбата е нормализирана и чекањето е сведено на минимум. Од дежурните служби при граничен премин Делчево, потврдија дека утрово имало поголем метеж на возила кои ја напуштаат државата и заминуваат […]

Вучиќ и Курти во понеделник во Скопје на состанок на регионалните лидери за планот за раст за Западен Балкан


Лидерите на Западен Балкан ќе се соберат на почетокот на следната недела во Скопје. Тие треба да разговараат за планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската комисија со претставници на ЕУ и регионални организации. Домаќин на средбата во понеделник на 22 јануари ќе биде премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а учество најавија […]

Експлозија на гас целосно уништи зграда во Вашингтон (видео)


Безбедносни камери го снимија моментот кога експлозија на гас целосно уништи зграда во Вашингтон, јавува Би-би-си. Пожарникарите брзо реагираа на дојавата за истекување на гас во населбата Анакотија, но не беа во можност да ја спречат експлозијата. Луѓето беа евакуирани навреме од зградата и околните објекти, вклучително и од градинката во која имаше 16 деца. […]

Дејан Манасков нов ракометар на Еурофарм Пелистер


Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го официјализираше денеска трансферот на поранешниот долгогодишен македонски репрезентативец Дејан Манасков. „Левото крило со богата интернационална кариера целосно се вклопува во мозаикот на тим составен од најдобрите македонски ракометари и елитни странци“, соопшти попладнево битолскиот ракометен клуб во чиј редови во 90-те години од минатиот век со голем успех настапуваше и […]

Јапонците воспоставија сигнал со лендерот на Месечината? Се чека потврда


 Радио аматерите известуваат дека откриле силни сигнали од Месечината на SLIM фреквенции на лендери. Се чека официјална потврда од Јапонската вселенска агенција (JAXA). Откако денеска попладне, Јапонија успешно слета на Месечината, се јавува дека воспоставен е и сигнал со лендерот. Се чека официјална потврда од Јапонската вселенеска агенција.  Јапонија се обиде и успеа Јапонија денеска […]

Врнежи од снег викендов, од понеделник стабилизација на времето со ниски утрински температури


Врнежи од снег утре и во недела претпадне на локално ниво. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. УХМР за утре прогнозира облачно и студено време со врнежи претежно од снег. […]

Уапсени се сите осуммина осомничени за упадот во М-НАВ


Лишени од слобода се сите осуммина кои се сомничат за загрозување на воздушниот сообраќај, за упадот во М-НАВ, соопшти Јавното обвинителство. „Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за […]

Најевтините ресторани се наоѓаат во овие земји: Погледнете каде котира Македонија


На страницата „Светот на статистиката“ објавен е преглед на цените на оброците во евтините ресторани по земји во светот, а најскапа е Швајцарија со просечни 28,99 долари. На другиот крај на листата е Нигерија, каде просечната цена на оброк во евтин ресторан чини 1,48 долари. Меѓу најскапите се Данска, Соединетите Американски Држави, Луксембург, Белгија, Норвешка […]

(Во живо) Јапонците слетаа на Месечината. Засега нема контакт


Јапонија денеска во 16 часот започна со тежок „вселенски маневар“ и за прв пат се обиде да слета на површината на Месечината. Досега во тоа успеале само четири земји: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат. Лендерот слета на Месечината. Засега нема сигнал Според последните информации, лендерот слетал на површината […]

Германија го олесни добивањето државјанство


Германскиот парламент го прифати денеска, со гласовите на претставниците на партиите од владејачката коалиција, нов закон за државјанство со кој се олеснува стекнувањето германски пасош и се дозволува двојно државјанство. За изменетиот закон за државјанство гласаа 382 претставници, а против 234, вклучително и претставничкиот клуб на опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ и Алтернатива за Германија. „Овие […]

ДУИ нема да гласа за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за министри во техничката влада


 Пратениците на Демократската унија за интеграција нема да ги поддржат предлозите за министри во техничката влада кои ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, потврдија за МИА извори од партијата. Оваа одлука на ДУИ доаѓа откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски претходно истакна дека Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер и […]