Јапонците воспоставија сигнал со лендерот на Месечината? Се чека потврда


 Радио аматерите известуваат дека откриле силни сигнали од Месечината на SLIM фреквенции на лендери. Се чека официјална потврда од Јапонската вселенска агенција (JAXA).

Откако денеска попладне, Јапонија успешно слета на Месечината, се јавува дека воспоставен е и сигнал со лендерот. Се чека официјална потврда од Јапонската вселенеска агенција. 

Јапонија се обиде и успеа

Јапонија денеска во 16 часот започна со тежок „вселенски маневар“ и за прв пат се обиде да слета на површината на Месечината. Досега во тоа успеале само четири земји: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат.

Што ќе истражуваат на Месечината?
SLIM слета во област која се протега само до 100 метри. За споредба, зоната за слетување на „Перегрин“ се протегала неколку километри. Доколку SLIM ја пропуштеше својата шанса да ја „допре“ Месечината, повторно ќе се обидеше на 16 февруари.

SLIM ќе ја проучува површината јужно од Морето на тишината за краток период. Неговата цел е локација во близина на мал ударен кратер во рамнината позната како Море на нектар, за која се верува дека е формирана од античка вулканска активност. Таму ќе го истражат составот на карпите, што би можело да ни помогне подобро да го разбереме формирањето и развојот на Месечината.