Експлозија на гас целосно уништи зграда во Вашингтон (видео)


Безбедносни камери го снимија моментот кога експлозија на гас целосно уништи зграда во Вашингтон, јавува Би-би-си. Пожарникарите брзо реагираа на дојавата за истекување на гас во населбата Анакотија, но не беа во можност да ја спречат експлозијата. Луѓето беа евакуирани навреме од зградата и околните објекти, вклучително и од градинката во која имаше 16 деца.

Истече гас поради удар на автомобил во зграда?
„Беше јасно дека е гас, можеше да се слушне истекување и можеше да се почувствува мирис како доаѓа од улиците“, рече пожарникар Рајан Болтон.

Во експлозијата се оштетени три згради, а локалните медиуми јавуваат дека еден маж е полесно повреден откако бил погоден од фрагменти од експлозијата и бил пренесен во болница.

Причината за истекувањето на гас се уште е под истрага, но шефот на противпожарната служба Џон Донели верува дека тоа можеби е резултат на удар на автомобил во мерачот на гас во зградата.