Заврши зимскиот распуст: Учениците се враќаат на настава


По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците денеска се враќаат во училишните клупи за да ја продолжат наставата од второто полугодие на 2023/2024 година. Ќе имаат уште еден, пролетен одмор, од 29 април до 6 мај 2024, што е новина оваа учебна година. Ново е и што учениците во основните училишта ќе учат до 17 […]

Зимата покажа „заби“, утрово со температури од -18 степени до -8 степени


Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе бидат во интервал од – 18 до – 8, а максималните од – 3 до 5 степени. Во Скопје наутро ќе биде ведро и многу студено време, преку ден сончево со мала облачност. Минималните […]

Грковска: Обвинителството и досега покренуваше постапки за лица на „црните листи“, но сега ќе биде обврзано да го прави тоа со конкретни рокови


Со измените на Законот за рестриктивни мерки, се проширува опфатот и се зајакнуваат механизмите за борба против корупцијата и организираниот криминал, се овозможува побрза судска завршница по овие предмети, а при тоа нема повреда на презумпцијата на невисност и човековите права, вели вицепремиерка задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. Таа во гостувањето на […]

Тинејџер избоден до смрт во Британија. Напаѓачите мислеле дека е некој друг?


 Мухамед Хасам Али (17) вчера околу 15:30 часот по локално време бил избоден со нож во центарот на Бирмингем, а подоцна починал од повредите. Истрагата е во тек, а полицијата наведува дека инцидентот не е поврзан со криминални групи. Хасам Али по нападот бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат […]

Демонстрации во Париз поради новиот закон за имиграција кој одобрува построги мерки


Во Париз денеска, врз основа на извештајот на француската полиција, 16.000 луѓе маршираа во знак на протест против законот за имиграција што беше усвоен од парламентот на 19 декември 2023 година. Целта на демонстрациите е да се изврши притисок врз француската влада пред очекуваната пресуда на францускиот Уставен совет за силно оспоруваниот закон за имиграција. […]

Зонско и во Стар Аеродром – најава и за Ново Лисиче


На иницијатива и барање на граѓаните од населбата Стар Аеродром и во соработка на Општината и ЈП „Градски паркинг“, донесена е одлука за обезбедување на бесплатно зонско паркирање на граѓаните кои живеат во оваа населба, соопштија денеска од општината. Станува збор за одлука која ги опфаќа жителите на улиците „Пандил Шишков“, „Фрањо Клуз“, „Ангел Димовски“, […]

Чет-бот со вештачка интелигенција надвор од контрола: Пцуе и ја критикува својата компанија


Корисник кој барал информации за својот пакет бил шокиран кога четботот излегол од контрола. Вештачката интелигенција, или чет-ботови базирани на вештачка интелигенција, сè повеќе се користат како поддршка за клиентите. Ваквите чет-ботови се обучени за голем број вистински разговори што агентите за услуги на клиентите ги имале со луѓе за да можат да одговорат на […]

Аеродромот во Амстердам откажа стотина летови поради невреме


Аеродромот „Шипхол“ во Амстердам откажа десетици летови закажани утре како мерка на претпазливост поради силните ветрови што се очекуваа кога бурата „Иша“ ќе стигне до Холандија, соопшти денеска аеродромот. Шипхол соопшти дека откажале 130 дојдовни и појдовни летови и ги советувале патниците да го проверат статусот на нивните летови преку Интернет. Холандската авиокомпанија KLM, главниот […]

Забуна со патници од Македонија предизвика хаос на аеродромот во Белград


Евакуација на сите патници од аеродромската зграда во Белград, а сите  мораше повторно да ја поминат безбедносната контрола која веќе еднаш ја поминале, пишуваат српските медиуми, а  „Блиц“ додава дека тоа би можело да предизвика одложување и забавување на авионскиот сообраќај од аеродромот во Белград. Сега, состојбата е нормализирана. „Се извинуваме за непријатностите и ви […]

Нетанјаху ги отфрли условите на Хамас за ослободување на заложниците


 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешното видео обраќање рече дека „категорично“ ги отфрла условите на палестинскиот Хамас за ослободување на заложниците, откако тие објавија извештај за нападот на 7 октомври. „Категорично ги отфрлам условите на Хамас“ кои бараат „крај на војната, повлекување на нашите сили од Газа“ и „ослободување на сите убијци и силувачи“, рече […]

Спас за вашите финансии: Дали го знаете правилото 50/30/20?


Добар начин да управувате со вашите финансии е правилото 50/30/20. Идејата е да го поделите вашиот приход во три категории, трошејќи 50% на потреби, 30% на желби и 20% на заштеди. 50% за потребите Вашите потреби обично се ваши трошоци за живот и треба да сочинуваат 50% од вашиот приход по оданочување. Потребите се работи […]

Јавен превоз утре ќе има до 9 часот, потоа возачите заминуваат пред Град Скопје


Првиот автобус на ЈСП утре ќе биде во 4.30 часот, а последниот во 9 часот. Автобусите ќе се повлечат во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров и нема да има јавен превоз. Вработените пак,  во 10.30 ќе одат пред Град Скопје, каде утре на седница Советот ќе расправа за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони […]

До средината на неделава стабилно време со ниски утрински температури и под -15 степени


До средината на оваа седмица времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Како што соопштуваат од УХМР, најстудено ќе биде утре и во вторник. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, […]

Реал од 0:2 дојде до 3:2 во 99. минута!


Фудбалерите на Реал Мадрид направија голем пресврт против Алмерија и славеа триумф од 3:2 (0:2) во натпреварот од 21. коло на шпанската Ла Лига. Почетокот на натпреварот беше интересен, бидејќи српскиот напаѓач Марко Миловановиќ играше за тимот кој од стартот беше последнопласиран во поредокот. Уште во првата минута „Бернабеу“ беше во шок бидејќи Ларги Рамазани […]

Браќата и сестрите на девојчето кое се лекува од тешки повреди ќе добијат старател по службена должност


Трите малолетни деца од семејството на четиригодишното девојче кое пред пет дена беше донесено во критична состојба во Клиничкиот центар во Скопје и таму се лекува, ќе добијат старател по службена должност, односно ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, потврдија за МИА од Министерството за труд и социјална политика. Како што информираа оттаму, по пријавувањето […]

Албанските граѓани први од оние од Западен Балкан по апликации за азил во земјите на ЕУ


Албанските граѓани и понатаму се први на списокот на баратели на азил од земјите на Западен Балкан,  во земјите на Европската унија, објави Топ чанел. -Според  последниот извештај на Европската агенција за азил, во ноември лани, Албанците поднеле околу 892 барања за азил. Втори на листата се Македонците со 711 барања, Србите со 507, граѓаните […]

Баерн заостанува седум бода зад Баер, двете екипи ќе се сретнат на 10 февруари


 Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен заостанува седум бодови зад Баер по завршувањето на 18. коло. Избраниците на Томас Тухел денес на домашен терен загубија од Вердер Бремен (0:1), додека Баер Леверкузен вчера го победи Лајпциг (3:2). Во моментов Баварците се на второто место со 41 бод, но и натпревар помалку од Баер Леверкузен кој […]

Минхен: Демонстрациите против крајната десница се прекинати поради премногу учесници


 Демонстрациите против екстремната десница организирани денеска во Минхен беа прекинати поради преголемиот број луѓе на улиците, јавија германските медиуми. Организаторите најавија дека на тој протестен марш дошле над 50.000 луѓе, што е двојно повеќе од пријавениот за него. Според други проценки, таа бројка е уште поголема. Во големите германски градови со денови се организираат демонстрации […]

Лидерите од регионот во Скопје на состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на Западен Балкан, посветен на Планот за раст на Западен Балкан, усвоен од Европската Комисија, што ќе се одржи утре во Скопје. Според прес-службата на Владата, на средбата ќе присуствуваат претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерите на Албанија […]

(Видео) За еден ден ерупција на три вулкани во Индонезија


Вулканите Мерапи, Левотоби и Марапи во Индонезија денеска еруптираа, а повредени нема. Вулканот Мерапи на островот Јава во Индонезија денеска еруптираше исфрлајќи облаци гас, пепел и лава, а нема повредени, а денеска и вулканот Левотоби во таа земја исфрли гасни облаци во воздухот. Регистрирана е и ерупцијата на вулканот Марапи во провинцијата Западна Суматра. Мерапи […]