Тинејџер избоден до смрт во Британија. Напаѓачите мислеле дека е некој друг?


 Мухамед Хасам Али (17) вчера околу 15:30 часот по локално време бил избоден со нож во центарот на Бирмингем, а подоцна починал од повредите.

Истрагата е во тек, а полицијата наведува дека инцидентот не е поврзан со криминални групи.

Хасам Али по нападот бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Властите најавија дека уште го истражуваат можниот мотив за нападот, но дека тоа би можело да биде „замена на идентитети“.

„Изгледа дека овој трагичен случај на убиство на млад човек е случај на погрешен идентитет“, изјави детективката Мишел Тургуд, како што пренесе Би-би-си.