Русија побара итна седница на Советот за безбедност поради паѓањето на авионот


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија побарала итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради паѓањето на авионот во регионот на Белгород. „Побаравме итен состанок на Советот за безбедност во 15 часот по њујоршко време и се надеваме дека француското претседателство совесно ќе ги исполни своите обврски […]

Јас и сестра ми Џулија Робертс: Ерик Робертс напиша мемоари


Ерик Робертс не е само брат на Џулија Робертс, татко на Ема Робертс и оставениот сопруг пред олтар на Мараја Кери во спотот за нејзиниот хит We Belong Together (2005) . Номиниран за Оскар и Златен глобус, Робертс ( 67) глумеше во повеќе од 700 филмови и ТВ серии откако се пресели во Њујорк на […]

„Лидл“ стави временска капсула во темелите на логистичкиот центар во Кумановско


  „Лидл“ денеска ја претстави својата најголема инвестиција во Северна Македонија, логистичкиот центар во близина на Куманово. Ова досега е највредна инвестиција на „Лидл“ во земјава со вкупна вредност од 80 милиони евра, којашто ќе отвори повеќе од 150 работни места. Според планот на компанијата изградбата на логистичкиот центар да започне во следниот период, додека […]

Орбан во небрано, остана сам против приемот на Шведска во НАТО


  Виктор Орбан рече дека ќе го повика унгарскиот парламент да ја завери кандидатурата на Шведска за НАТО „во првата можна можност“, откако дипломатите рекоа дека сојузниците на Унгарија се „огорчени“ од влечењето на земјата. Шведска поднесе барање за приклучување кон НАТО во мај 2022 година, но нејзиниот пристап беше одложен бидејќи Турција и Унгарија […]

За 48 илјади евра купивме две „тракторчиња“, велат од битолски „Паркинзи“


  БИТОЛА – Колку чинат машините за бележењето хоризонтална сигнализација – пет, 10, 20 или уште повеќе илјади евра? За битолското јавно претпријатие „Паркинзи“ беше наведено дека купило такво популарно наречено „тракторче“ за дури 48 илјади евра. Во јавноста со денови наназад се зборува за сомнителни јавни набавки со нереални, астрономски цени во општините каде […]

Малолетник фрлил петарда во дом на старец во Кисела Вода и го запалил


Денеска, во полициска станица, во присуство на родител, претставник на центарот за социјални работи и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека на 23.01.2024 околу 17 часот на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на пиротехнички средства, предизвикал пожар во куќа сопственост на Б.Т.(70) од Скопје. Повредени лица нема, […]

„Носиме уметност“ – омажот за Пикасо и кубизмот продолжува со нова модна изложба во Скопје


Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Шпанија, има чест да ве покани на модната изложба „носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева. Изложбата ќе биде отворена в петок, 26 јануари 2024, во 18 часот, […]

Зверев го победи Алкараз за полуфинале на Австралија Опен


Мелбурн– Александар Зверев го одигра својот најдобар меч во последните неколку години, откако Германецот го совлада Карлос Алкараз со 6:1, 6:3, 6:7 и 6:4, во денешното четвртфинале на Австралија Опен, обезбедувајќи си место меѓу најдобрите четири во првиот овогодишен гранслем турнир. Алкараз допатува во Мелбурн полн со оптимизам најавувајќи дека ќе го запре налетот на […]

Клисаровска: Имаме по 20 нови случаи со карцином на грло на матка на 100 илјади жени


Во нашата држава има висока инциденца од 20 нови случаи со карцином на грло на матка на 100 илјади жени, споредено со она кон кое треба да се стремиме, два до четири нови случаи на 100 илјади жени. Ова беше кажано попладнево на прес-конференцијата на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, во соработка со […]

Уставниот суд поведе постапка за урбанистички планови во Маврово


Уставните судии на денешната седница дискутираа по два предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост. Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 […]

Врховен суд: Објектите дадени на користење од поранешните општествено-политички заедници се државна сопственост


Откако ССМ денеска обелодени дека ќе им биде одземен објекотот кој работниците го граделе со сопствени средства уште во 1952 година, по пресуда на Врховниот суд, од судот појаснуваат дека сите објекти кои биле добиени на користење од страна на поранешните општествено-политички заедници и самоуправни интересни заедници, се државна сопственост. Врховниот суд вели дека на […]

Битиќи: Моменталната субвенција во сметките за струја е 84 отсто


Цената на електричната енергија на регулираниот пазар во овој момент е субвенционирана со 84 отсто и субвенционирањето ќе продолжи до носењето на следната одука за цената при крај на јуни годинава, прецизира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. -Електричната енергија со последната одлука за цената со која ЕСМ ја даде кон ЕВН и количината […]

Јовески е изненаден што бил повлечен предлогот да биде уставен судија


  Поранешниот државен јавен обвинител кој беше кандидат за избор на уставен судија, Љубомир Јовески, за кого денеска од Собранието информираа дека е повлечен предлогот, во изјава за МИА вели дека е изненаден дека предлогот беше повлечен без да се наведат основни причини за тоа.  – Изненадувачки, вулгарно беше тоа дека предлогот е повлечен без да […]

Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ донираше амбулатно возило на струмичката болница


Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ денеска донираше амбулатно возило на струмичката болница. Директорот на Фондацијата Зоран Заев и ги предаде клучевите од возилото наа директорката Катерина Кузмановска, а на настанот присуствуваа и заменик министерката за здравство, Маја Манолева и поранешниот министер за здравство, сега член на Одборот на Фондацијата, Венко Филипче. Според него, донацијата е […]

Фицо „легна на брашно“, сега ќе ја поддржува Украина


Премиерите на Украина и на Словачка денес потпишаа заедничка изјава за зајакнување на билатералните односи  засновани на взаемна доверба и почит. Документот беше ратификуван по средбата на шефот на украинската влада, Денис Шмихал, со  премиерот Роберт Фицо, што се одржа во Ужхород. Како што објави Денис Шмихал, оваа изјава ја потврди подготвеноста за понатамошна соработка […]

Бешлиовска: Статусот ,,договор на дело” најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците


Статусот „договор на дело” најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците. И апелираме во иднина да не се вработуваат сестри под договор на дело, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ,,За нас”. На новинарско прашање, таа се осврна на проблемот со потребата од трајно вработување на […]

Италијанската „Леонардо“ избрана за најповолен понудувач за хеликоптерите за АРМ


Италијанската компанија „Леонардо“ е избрана како најповолен понудувач од каде Министерството за одбрана треба да набави нови хеликоптери. Во следниот период ќе биде формирана Комисија која ќе треба да ги продолжи преговорите, а министерката за одбрана се надева дека овој процес ќе биде успешно завршен. – Во период од речиси три години, интегрираниот проектен тим […]

Петровска: Да не бевме во НАТО кога почна војната во Украина не ќе можевме да кажеме дека земјата е безбедна


Најбрз и највидлив пример од нашето зачленување во НАТО е трансформацијата на нашата Армија, се она што е направено и долгорочните планови што се донесени, но и нивната успешна реализација, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на панелот „Северна Македонија – безбедна членка на нато со европска иднина“ во рамките на конференцијата „Година на европски […]

Ковачевски: Јас сум на страната на ССМ, не коментирам судски одлуки


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека е на страната на Сојузот на синдикати на Македонија кој на вонредна прес-конференција побара одговорност од Врховниот суд доколку се точни информациите дека е донесена пресуда со која им се одзема работничкиот дом. – Јас сум член на Синдикатот од 1999 година и сум 100-процентно […]

Меџити: Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.   „Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од […]