Младите претприемачи предлагаат девет начини за насоките во кои ќе се движи државата


Асоцијацијата на млади претприемачи -ТИМ при Стопанската комора на Северна Македонија бара од политичарите предвидливост, концепт и визија во која насока ќе се движи државата во следните 10 години.  – Младите бизнисмени имаат знаење и имаат создадено капитал којшто може да го преместат надвор од државата доколку се разочараат, пред се во политичката сфера. Сакаме […]

Еве ги најчестите типови на oперации на абдоменот


Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, неодамна недела беше подложена на операција на абдоменот во клиника во Лондон. “Таа беше примена во болница за планирана операција на абдоменот. Операцијата беше успешна и се очекува да остане во болница десет до четиринаесет дена пред да се врати дома за да продолжи да закрепнува. Врз основа на сегашните […]

Општина Битола од денеска има ГИС систем


Општина Битола денеска го пушти во употреба ГИС системот, а во напредна фаза е и проектот за дигитализација на општината, изјави градоначалникот Тони Коњановски. Со ставање во функција на ГИС системот, општината ќе го замени хартиеното водење на документација со електронско, а за многу скоро, општината ќе ја активира и услугата за електронска наплата на […]

(Видео) Изјави Ковачевски и Битиќи


Проследете ги во живо изјавите на Фатмир Битиќи и Димитар Ковачевски по почетокот на изградбата на логистичкиот центар „Лидл“ во Кумановско.

Предлог законот за употреба на македонскиот јазик во петок на дневен ред на собраниска седница


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска информираше дека Предлог законот за употреба на македонскиот јазик во петокот ќе биде ставен на дневен ред на собраниска седница. Таа се надева дека истиот ќе се изгласа и ќе се пристапи кон неговата практична примена. Костадиновска Стојчевска на денешниот панел што се одржува во рамки на конференцијата „Година […]

Ден пред оставката Ковачевски на средба со Агелер


САД сакаат да ја видат Северна Македонија што поскоро во Европската унија, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер. -Уште еднаш беше потврдена цврстата поддршка од САД за нашите европски политики. Високо ја цениме добронамерноста на нашите американски пријатели, кои и на лидерскиот состанок посветен […]

Папата Франциск: Војната секогаш е пораз, победници се само производителите на оружје


Папата Франциск, по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, повторно апелираше за крај на сите војни. – Сеќавањето и осудувањето на тоа страшно истребување на милиони луѓе може да им помогне на сите да не заборават дека логиката на омраза и насилство никогаш не може да се оправда. Не […]

Изборите ќе потрошат 17 милиони евра, од нив 10,6 за платено политичко рекламирање


Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху на денешната 73 седница, на која се изгласаа вкупно 22 точки на дневниот ред. Шеху на денешната седница образложи дека над шест милиони евра ќе одат за организирање […]

Огромни штети на сараевскиот пазар „Хецо“, пожарникарите со часови се борат со пламените јазици


Покрај пожарот на кинескиот пазар во Белград, утринава пожар изби и во сараевскиот маркет „Хецо“, а според последните информации од терен, се чини дека пожарникарите успеале да го стават под контрола. Сепак, пожарот сѐ уште не е целосно изгаснат. Иако на почетокот се чинеше дека пожарот, кој според информациите кои првично ги добивме од Професионалната […]

Филмот „Недела“ за Џеј Рамадановски доаѓа во Синеплекс


 Филмот „Недела“ за српскиот фолк пејач Џеј Рамадановски од 26 јануари ќе игра во скопското кино Синеплекс. Рамадановски, кој потекнуваше од ромско семејство од Македонија, почина во 2020 на 57 години. Филмот во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ е насловен според една од најпознатите песни на Рамадановски. Во насловната улога е Хусеин Алијевиќ, […]

Урошевиќ и Плевнеш испратија пораки до македонистите во светот


Вториот ден на Четвртата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Скопје поттикна голем интерес и интеракција кај 81 семинарист кои се: македонисти, балканолози, слависти, филолози, културолози и преведувачи од 21 земја. Реномираната филолошка и лингвистичка школа на претставена преку лекторите, секојдневно доаѓа до израз на редовниот курс по македонски јазик […]

(Во живо) Почнува изградбата на логистички центар „Лидл“ кај Куманово


Активности за изградба на логистички центар „Лидл“. Во индустриската зона „Речица“ кај Куманово денеска ќе биде претставена најголемата инвестиција на меѓународниот малопродажен синџир „Лидл“ во Северна Македонија.  Станува збор за подготвителни активности за изградба на логистички и диструбутивен центар на „Лидл“. Според најавите на компанијата, логистичкиот и диструбутивен центар ќе се простира на околу 200.000 […]

Во Русија ќе се одзема имот за ширење „лажни вести“ за војската


Долниот дом на рускиот Парламент денеска го усвои во прво читање нацрт-законот за конфискација на имотот на осудените за ширење лажни информации за вооружените сили на Руската Федерација и повикување на активности насочени кон поткопување на интегритетот и безбедноста на Русија. Мерката за конфискација на имотот и државните награди, за која гласаа 395 пратеници на […]

Вработените во „Конде Наст“ во штрајк заради отпуштања, еве што вели Ана Винтур


Речиси 400 членови на синдикатот кои работат во изданијата на  Condé Nast почнаа штрајк во знак на протест против практиките на преговарање за кои тврдат дека се незаконски. Престанокот на работа се совпадна со објавувањето на номинациите за Оскар за 2024 година. Вработените во Vanity Fair, Vogue, GQ, Allure, Condé Nast Entertainment, Architectural Digest, Glamour, […]

Спасовски: Личните амбиции сега не се во прв план, важно е да се избере најдобриот претседателски кандидат


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека за него како човек и политичар најважно е за претстојните двојни избори партиските органи да го изберат најдобриот кандидат за претседател и најдобрите кандидати за пратеници. Тој денеска, одговарајќи на новинарски прашања на маргините на владината годишна конференција „Година на европски можности“, посочи дека исто толку […]

Спасовски: МВР ја завршува годината со 80 реконструирани објекти и 35 отсто поголеми плати


Безбедноста и одбраната е базата за развој на секое општество. Во ниту еден случај не е дозволено безбедноста и одбраната да бидат актуелни само во моменти на криза, рече министерот за внатрешни работи,Оливер Спасовски, на панел дискусијата „Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“, во рамки на владината годишна конференција „Година на […]

Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати


Истражување на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) покажува дека 55 проценти од 3146 медиумски работни позиции имаат потпросечни плати. Од вкупниот број, 53 отсто се жени во оваа професија. Една петина односно над 600 работат во онлајн-медиуми каде што, според наодите, е и најголем процентот (над 70) на медиумски работници што примаат […]

Нови 75 места во градинката „Димче Мирчев“ во Велес


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо го одбележаа официјалното отпочнување на функционирањето на доградбата во градинката „Димче Мирчев“ во Општина Велес со која се обезбедува нови 75 места за деца во предучилишната јавна установа. Воедно на посетата беше промовирана и сензорна соба, реализирана со […]

Има обрасци за пасоши, документи ќе се издаваат по 12 февруари, вели Спасовски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека има обрасци за патни исправи, откако омбудсманот Насер Зибери во неделата во интервју за Радио Слободна Европа рече дека граѓаните се жалат до Народниот правобранител дека МВР не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи и кажа дека МВР има недостиг на обрасци за […]

По 60 години се анализира водоводот во Гази Баба


Град Скопје продолжува со трета фаза за реализација на стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи. Со изработката на стратешката Студија се добива дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600, за прв пат од нивната изградба.   Во третата фаза се анализира состојбата на самите […]