Сите девет државни студентски домови ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје


Целосна реконструкција на сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид се предвидува со Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија кој се реализира со средства од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска […]

Русија: Долги години затвор за двајца поети затоа што рецитираа поезија


  Московскиот суд во четвртокот осуди двајца мажи на години затвор за учество во рецитал на стихови против кампањата во Украина за време на антимобилизацискиот протест минатата година. Артјом Камардин (33) доби седумгодишна затворска казна за рецитирање песна, а Егор Штовба (23) е осуден на пет и пол години за присуство на протестот. Двајцата беа […]

LG произведе робот со вештачка интелигенција кој може да ги следи домашните миленици


Компанијата LG произведе компактен робот со две нозе кој може сам да се движи низ домот на својот сопственик. Станува збор за робот со вештачка интелигенција кој ќе дебитира на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас во 2024 година и има различни можности, од известување на сопственикот дека го оставиле клима уредот до следење […]

Принцот Вилијам и кралот Чарлс имаат „ривалство“ поради желбата на Вилијам за моќ


Време е за нова свежа кралска драма, а овој пат нема никаква врска со принцот Хари. Според Дејли бист, има одредена тензија помеѓу принцот Вилијам и неговиот татко, кралот Чарлс – конкретно за тоа колку контрола има принцот Вилијам во неговата улога како наследник на тронот. „Сигурен сум дека ќе има несогласувања бидејќи Чарлс е […]

За празниците бесплатно е паркирањето во Општина Центар


Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2024 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ […]

За празниците ќе работат дежурните служби во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, „Ѓорче Петров“, Драчево и Бит Пазар


За време на новогодишните празници, ЈЗУ  „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, велат за МИА од оваа установа. – На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за Новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации […]

29 декември во историјата – Американската армија изврши масакр над Индијанците Сиукси кај Рането Колено


  На 29 декември 1890 година, во едно од последните поглавја од долгите индиjански војни во Америка, американската коњаница уби 146 Сиукси во резерватот Рането Колено во Јужна Дакота. Во текот на 1890 година, американската влада беше загрижена за зголеменото влијание на духовното движење на Танцот на духовите, кое учеше дека домородните Американци биле поразени […]

Први јануари неработен за сите граѓани


 Први јануари 2024 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.  Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Први јануари е неработен согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07). Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ја честита Новата година. 

Уште два дена има грчки „Архиродрон“ да се одлучи за „Чебрен“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на грчката компанија „Архиродон“, која беше избрана на тендерот за „Чебрен“ останува до крајот на месецов да одлучи дали ќе го потпише договорот и ќе формира заедничка компанија со ЕСМ или тоа нема да го направи.  Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека Владата има донесено многу јасна одлука […]

Надал ги спушти на земја надежите за Австралија опен


  Рафаел Надал се обиде да ги намали своите „невозможни“ надежи за титулата на Австралија опен како прва станица на неговата проштална светска турнеја во 2024 година. Но, за 37-годишниот Шпанец, кој треба да се врати на турнирот во Бризбејн по речиси една година пауза поради повреда, Австралија е место каде што се случува невозможното. […]

Ковачевски: Препораката за работа на продавниците на мало за празниците е донесена на барање на трговците


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека препораката на Владата за новогодишните и божиќните празници да работат продавниците, штандовите и киосците што вршат трговија на мало е донесена на барање на трговците и угостителите. Работниците што ќе работат во тие денови, како што рече Ковачевски, ќе бидат платени согласно законот за работа во неработни денови […]

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори


Од вкупно 1144 пријавени кандидати, на 150 професионални војници денеска свечено им беа врачени договорите за работа во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. – На Македонија и требаат храбри, подготвени и одлучни девојки и момци кои секогаш ќе бидат таму каде што е најпотребно, бранејќи ги државните интереси и штитејќи ги НАТО сојузниците, […]

На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во Беликесир


На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во ,, Затворена казнено -поправна установа Беликесир“, Турција, соопшти Министерството за правда. Во дописот од Републичкото Јавно обвинителство Беликесир – Турција информираат дека на лицето Љупчо Пелевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело „Намерно убиство на дете”, согласно Законот 6706 член 14 , со цел […]

Отворена реконструираната спортска сала „Партизан“ во Карпош


 Спортската сала „Наум Наумовски – Борче”, поранешна сала „Партизан” во Општина Карпош е целосно реконструирана и од денеска е официјално отворена. Како што посочи премиерот Димитар Ковачевски по денешната посета на салата, истата беше донација на Франција по земјотресот и речиси 20 години претставуваше руина во овој дел од главниот град. Сега таа е реновирана […]

Здравствените синдикалци задоволни: Добро е што ќе има вработувања


Добро е што ќе има нови 1.117 вработувања во здравствениот сектор, но, предност да имаат тие со искуство кои досега работеа со години под договор на дело, истакнаа денеска националниот координатор на Независниот синдикат на здравствени работници, Боби Бојчевски и претседателот на Независниот синдикат во геријатрија, Лазе Костовски. – Веќе неколку месеци бараме и еве […]

Договор за реконструкција на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, во Скопје (во живо)


Денеска, во 12.30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати и ќе присуствува на потпишувањето на договорот за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, во Скопје. На настанот обраќања ќе имаат и Јетон Шаќири, министер за образование и наука , Штефен Худолин, Вршител на […]

Беса Адеми на истражно столче во Судскиот совет во случај клучен за иднината на судството


  Седницата на дисциплинската комисијата на Судскиот совет, која расправа за покренатата дисциплинска постапка против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, заврши и според образложението што е поднесено, нејзе ѝ се префрла дека покажала професионална и правна некултура со недоаѓањето на седниците на ова тело, а особено на седницата на која беше повикана откако јавно […]

Русија ја нападна со 122 ракети Украина, најсилен бараж од почетокот на војната


  Русија лансираше 122 проектили и 36 дронови против украински цели, соопштија официјални лица во петокот, при што загинаа најмалку 18 цивили низ целата земја. Како што рече претставник на воздухопловните сили, ова е најголемиот воздушен бараж во 22-месечната војна. Украинската авијација пресретнала 87 проектили и 27 дронови од типот „Шахед“ во текот на ноќта, […]

Северна Македонија „даночен рај“ за грчките бизниси


 Вкупно 42 земји, меѓу кои и Северна Македонија се најдоа на листата држави со привилегиран даночен статус за 2022 година објавена од Министерството за национална економија и финансии на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како земји кои имаат привилегиран даночен статус Министерството ги дефинира оние држави во кои „правното лице или правниот ентитет […]

(Видео) Рецепт од италијанските баби за лазањи: Наместо кори користете палачинки


Со рецепт на италијанските баби, направете едноставна лазања со палачинки која на сите ќе им се допадне. Лазања е познато италијанско јадење направено од тестенини, рагу сос и кашкавал. Италијанските домаќинки обично си прават кори за лазањи, но една италијанска баба открила многу поедноставен рецепт. Станува збор за лазањи направени со палачинки, а тие се […]