(Видео) Рецепт од италијанските баби за лазањи: Наместо кори користете палачинки


Со рецепт на италијанските баби, направете едноставна лазања со палачинки која на сите ќе им се допадне.

Лазања е познато италијанско јадење направено од тестенини, рагу сос и кашкавал. Италијанските домаќинки обично си прават кори за лазањи, но една италијанска баба открила многу поедноставен рецепт. Станува збор за лазањи направени со палачинки, а тие се неверојатно вкусни. Сосот од рагу не мора ни да го готвите со часови, бидејќи меленото месо и сосот од домати се подготвуваат посебно. Доколку сакате да пробате нешто поинакво, ви го предлагаме овој фантастичен рецепт за лазањи.

Состојки:

30-35 готови палачинки
200-300 гр моцарела
200 гр пармезан
600 гр мешано мелено месо
1/2 кромид
2-4 листови свеж босилек
путер
1 литар сок од домати
1 јајце
3-4 лажици млеко

Направете го филот

На малку масло во тавче пропржете го ситно исечканиот кромид, а потоа додадете го меленото месо. Кога ќе се испржи, оставете го на страна. Варете го доматниот сос додека не се згусне малку, па оставете го да се излади. Моцарелата исечкајте ја, а ако имате свеж пармезан изрендајте го. Можете да користите и пармезан во кесичка. Во чинија изматете ги јајцето и млекото.

Наместо кори користете палачинки

Намачкајте ја тавата со путер, а потоа наредете ги палачинките потопени во смесата со јајца по дното и работ. Прелијте со сосот од домати, па наредете ја моцарелата и посипете со пармезан. После тоа, истурете го прженото мелено месо. Потоа повторно наредете ги палачинките кои сте ги потопиле во смесата со јајца. Направете го тоа додека не ги искористите сите состојки. На крајот затворете со палачинки кои вират од тавчето и една палачинка што сте ја одвоиле од страна. Намачкајте го сосот од домати. Сечете на неколку места со нож и таму прелијте ја преостанатата смеса со јајца, а одозгора ставете уште малку сечкана моцарела. Се пече во рерна на 180°C околу еден час