Велингер победи во Оберстдорф – Кобајаши втор


Германецот Андреас Велингер победи во Оберстдорф, првата станица на турнејата Четири ски скокалници. Еден од најпопуларните спортски настани во овој период од годината традиционално започнува во Германија, а пред својата публика најдобар беше Велингер. Најдобриот од квалификациите ја оправда улогата на фаворит и зад себе ги остави Јапонецот Рјоју Кобајаши (306,3) и Австриецот Стефан Крафт […]

Работник во приватна фирма во РЕК Битола, донесен без свест во болница, починал по 10 минути


Во четвртокот, во 12.33 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен С.С.(44) од с.Новаци, битолско, кој во 12.45 часот починал, а смрт констатирал лекар од болницата. Според пријавеното, тој бил најден во безсознание при извршување работни задачи за приватна фирма во РЕК Битола. Увид извршила […]

Битолчанец загина во пожар во неговата гаража


На 28.12.2023 околу 6 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Стрежево“ во населба Горно Оризари настанал пожар во гаража од куќа, сопственост на Б.Ц.(75) од Битола. Во пожарот, од здобиените повреди починал сопственикот Б.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, додека неговата сопруга М.Ц. била пренесена во Општа болница Битола […]

Новогодишен караван во Кисела Вода, поделени 3000 пакетчиња


Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во Општина Кисела Вода, денеска пристигна на својата финална дестинација што донесе бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња во паркот во Расадник.   Како што наведуваат од Општината, Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот […]

Српските студенти и млади активисти им пишаа на европските институции за причините за протестите во Белград


Неформалната група студенти и млади активисти „Борба“, која речиси две недели протестира со цел поништување на изборите во Србија и отворање и ажурирање на избирачкиот список, денеска испрати писмо до европските институции и други меѓународни организации, во кое ги информира за причините за протестот, но и барањата што ги имаат кон домашните институции, но и […]

Израел ги проширува операциите околу Кан Јунис


 Израел ги проширува своите операции во областа околу градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објавија израелските одбранбени сили (ИДФ) во денешната објава на социјалната платформа „Х“, без да наведат детали, јави ДПА. -Нашите единици елиминираа десетици терористи преку воздушни напади и оган од снајперисти и тенкови, соопшти ИДФ, опишувајќи ги своите акции […]

Франција под невидени мерки за новогодишните празници


  Франција ќе распореди исклучително голем број полицајци и војници на улиците за новогодишната прослава овој викенд поради „многу голема“ терористичка закана, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Дарманин рече дека 90.000 полицајци ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 6.000 ќе бидат во Париз. Ќе бидат распоредени и 5.000 војници […]

Соработничката на Навални, Ксенија Фадеева, осудена на девет години затвор


Ксенија Фадеева, соработничка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска е осудена на девет години затвор. Фадеева, која раководеше со локалниот огранок на организацијата на Навални во сибирскиот град Томск, е осудена под обвинение за организирање екстремистичка група. Нејзините адвокати рекоа дека ќе се жалат на пресудата, тврдејќи дека таа ги прекинала врските со организацијата […]

Горазд Михајлов нов тренер на Вардар


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе ја продолжи сезоната во Првата македонска фудбалска лига под водство на Горазд Михајлов, откако 49-годишниот стратег денеска официјално е назначен за нов тренер на „црвено – црните“. Михајлов, кој изминатите две и пол сезони го предводеше Силекс, седнува на клупата на Вардар на местото на Александар Васоски, кој замина […]

Разрешен секретарот на Скопје Зоран Глигоров, на негово место доаѓа Наталија Митовска


  Нови промени во врвот на администрацијата на градоначалничката Данела Арсовска – денеска беше разрешен секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, а на негово место ќе биде назначена Наталија Митовска. Таа е сопруга на сопственикот и уредник на порталот „Инфомакс“, каде редовен гостин е градоначалничката на Скопје и каде постојано се промовираат нејзините активности.  За Митовска […]

Блупринт групата бара внимателност во постапката против Беса Адеми


  По одржаната денешна јавна седница за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд Блупринт групата за реформи во правосудството повикува на внимателно постапување од страна на Судскиот совет и доследно почитување на Уставот, конвенциите, законите и востановените добри практики при водење на оваа постапка. Според групата, која ја сочинуваат шест организации, загрижува […]

Осудениот за двојното убиство кај „Император“ бара во Бугарија да ја доиздржи казната затвор


Охриѓанецот Бојан Петрески, кој во 2015 година е осуден на доживотна казна затвор поради двојното убиство пред хотелот„Император “ во Охрид, врз основа на двојното државјанство што го поседува (македонско и бугарско) бара трансфер во соодветна казнено-поправна установа во Бугарија, за доиздржување на казната затвор. Токму неговото барање за трансфер предизвика судир на надлежности меѓу […]

Разрешувањето на Весна Дамева било незаконско, одлучи Управниот суд


  Поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева ја доби правната битка во Управниот суд околу нејзиното скандалозно разрешување оваа пролет. Управниот суд донесе одлука со која решението на Судскиот совет со кое Весна Дамева, беше разрешена од претседателската функција е поништено. Ова е денеска вториот настан во кој драматично е вклучен Судскиот совет откако […]

Е-дневник како пилот-проект во 40 училишта од второто полугодие


Во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава од второто полугодие на учебната година ќе се применува електронскиот дневник (Е-дневник) како пилот проект додека не се отстранат евентуални слабости за да биде применлив во сите училишта, најави ресорниот министер Јетон Шаќири. Пред неколку години целосно беше повлечена хартиената форма на дневникот и […]

Бредли Купер и Џиџи Хадид прават планови за живот во Пенсилванија: „ Станува сериозно“


  Бредли Купер не е непознат во Пенсилванија. На крајот на краиштата, таму е роден и израснат познатиот фудбалски навивач на Филаделфија Иглс. Но, кога тој и супермоделот Џиџи Хадид уживаа во одморот во Ривер Хаус во Одет во Њу Хоуп, Пенсилванија, овој октомври, актерот од Silver Linings Playbook најде сосема нова причина да ја […]

Нема криење од прекршоците, МВР ќе постави камери во Скопје, Тетово и Куманово, и на автопатите


Новите сообраќајни камери ќе бидат поставени во Скопје, Куманово и Тетово, како и на автопатите, најави денеска на брифинг со новинарите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.   Реализацијата е во тек, вели тој, нагласувајќи дека набавката е класифицирана и повеќе информации за тоа ќе бидат соопштени кога ќе заврши постапката. – Сега се прави надградба […]

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ утре (30 декември) ќе работат од 8 до 16 часот


Шалтерите за издавање готови документи во објектот во МРТВ утре ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, информира Министерството за внатрешни работи.  Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, процесот на издавање лични документи во Скопје и во секторите за внатрешни работи во земјава е интензивен. -Во внатрешноста во земјава овој процес е […]

„Неуништиви“: Украина досега не соборила ниедна од руските ракети „Х-22“


  Од почетокот на целосната инвазија, руските сили истрелале околу 300 ракети „Х-22“ кон Украина, од кои ниту една не била пресретната и соборена, изјави во петокот официјален Киев. Говорејќи само неколку часа по масовниот напад на градовите низ Украина, портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат рече дека оваа и изменетата верзија на ракетата најверојатно […]

Новогодишна прослава на плоштадот „Македонија“


Веќе неколку денови по ред, најдобрата забава се случува во центарот на Скопје, на Плоштад Македонија. Благодарение на богатата празнична програма што ја подготви раководството на Комора на музичка индустрија, првите четири фестивалски вечери поминаа во одлична атмосфера и од ден на ден новогодишната еуфорија е сѐ поголема, а публиката побројна. 300 деца на сцената […]

Стопанска банка ги избра проектите за инклузија на лицата со попреченост што ќе добијат вкупно 20.000 евра


Во рамки на петтото издание на „Сонуваме. Менуваме“, општествено одговорниот проект за поттикнување на инклузијата на лицата со попреченост во општеството, Стопанска Банка одобри грантови за проекти со вкупна вредност од 20.000 евра. Објавувањето на добитниците на финансиската поддршка се случува на денот кога Банката одбележува 79 години од своето основање. Петтото издание на „Сонуваме. […]