Новогодишна прослава на плоштадот „Македонија“


Фото: Б. Грданоски

Веќе неколку денови по ред, најдобрата забава се случува во центарот на Скопје, на Плоштад Македонија. Благодарение на богатата празнична програма што ја подготви раководството на Комора на музичка индустрија, првите четири фестивалски вечери поминаа во одлична атмосфера и од ден на ден новогодишната еуфорија е сѐ поголема, а публиката побројна.

300 деца на сцената и двојно повеќе во публика, со гласен детски џагор и искрени насмевки започна вчерашната забава. Настапите на Еурека и Брејк а лег беа вистински хит кај најмладата публика. Веднаш потоа, атмосферата ја вжешти еден од најпопуларните млади артисти, Пајак. Свои настапи имаа и Благоја Грујовски и Елена Велевска и секако, култното музичко дуо Куку Леле.

Како и секоја вечер, така и вчера, посетителите имаа можност да учествуваат на наградните игри и да освојат вредни награди, а водителот Ненад Ѓорѓиевски со одлична интерактивна комуникација со публиката, дополнително ја разубави целата атмосфера.

Најдобриот дочек за Нова Година, дефинитвно ќе биде на Плоштад Македонија, а дотогаш одбројуваме заедно и уживаме во вечерашната празнична агенда, со настапите на групата Саут Парк, Ареа, Фолтин и диџеј Ерик Фокс.

За оваа сабота, подготвена е и дневна празнична програма со почеток од 11:00 часот. Дедо Мраз ќе пристигне на Плоштад Македонија, децата ќе имаат можност да се фотографираат со него и да се дружат со останатите маскоти. Биби и Боби се веќе подготвени за нивната шоу програма, а ќе настапуваат и Скопје Лејдис Орксестра. Вечерната забава започнува од 19:00 часот со Јанг Дади, ќе продолжи со настапите на Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска и Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска и диџеј Ампов.

За дочекот на Новата 2024та година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Комора на музичка индустрија во соработка со Град Скопје, со спонзорство на Дајмонд Мол подготвија празнична бајка во центарот на Скопје.

Градот убав Ве кани сите да бидете дел од овој магичен празничен базар, заедно да одбројуваме до Новата година и да создаваме спомени.