Земјотрес кај Зеница во БиХ, голем број граѓани излегоа на улица


Земјотрес ја погоди територијата на Босна и Херцеговина, а почувствуван е во многу градови. ЕМСЦ, прво јави за земјотрес од 5,4 степени според Рихтер, но подоцна намали на 4,7. Сепак, бројни сведоштва на оваа страница од граѓаните од речиси половина Босна и Славонија во Хрватска, велат дека го почувствувале тресењето и излегле надвор. Тресењето на […]

Два лета на скопскиот аеродром откажани поради магла


Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15:00 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Air Serbia“ и летот до Фридрихсхафен на „Wizz Air“. Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Turkish Airlines“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 […]

Нов протест во Белград, се обрати и Мариника Тепиќ, па е пренесена на интензивна нега


  Протестот на иницијативата во Србија „ПроГлас“ наречен „Не се согласуваме“ заврши пред Уставниот суд во Белград. Барањето на протестот е поништување на изборите поради „изборна кражба“. Граѓаните им покажаа црвени картони на институциите. Пред толпата кусо се обрати и изнемоштената Мариника Тепиќ која сѐ уште штрајкува со глад. Претходно иницијаторите на „ПроГлас“ ги повикаа […]

Како златните маски од Требениште ги обединија Скопје, Софија и Белград


  Три земји ги здружија силите за да организираат заедничка изложба поврзана со културното и историското наследство. Тоа немаше да биде чудно ако трите земји не беа Бугарија, Македонија и Србија. Изложбата веќе беше во Скопје, сега е изложена во Националниот археолошки институт со музеј во Софија и ќе биде во посета на Белград. На […]

Додик сака да постави граница во БиХ за да ја оддели Република Српска


  Сепаратистичкиот водач на босанските Срби вети дека ќе продолжи да ја ослабува својата земја зафатена од војна до точка каде што ќе се распадне, и покрај ветувањето на Соединетите Држави да спречат таков исход. „Јас не сум ирационален, знам дека одговорот на Америка ќе биде употреба на сила… но немам причина да ме плаши […]

Најголем напад врз рускиот град Белгород од почетокот на војната


  Центарот на рускиот пограничен град Белгород попладнето на 30 декември беше под оган од украинските вооружени сили, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм. „Според првичните информации има две мртви деца и повредени. Има последици и во резиденцијалниот сектор“, напиша тој. Гувернерот додаде дека селото Уразово, урбаната област Валујск, исто така, било под оган. […]

На уништениот руски брод „Новочеркаск“ загинале повеќе од 70 морнари


  Како резултат на ракетниот напад на Украина врз големиот десантен брод „Новочеркаск“ во Феодосија, загинаа 74 морнари, објави ТВ каналот Севастопол НТС, повикувајќи се на прес-службата на Црноморската флота. Слична публикација се појави на веб-страницата на вестите на Севастопол, но потоа и двата материјали беа избришани. Во текстот, кој е зачуван во кешот на […]

Криумчареле луксузни автомобили, обвинение за 18 лица


  Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци. Како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот […]

Албанија: Домашен притвор за Сали Бериша


  Специјалниот суд против организиран криминал и корупција денеска донесе одлука со која се прифаќа барањето на Специјалното обвинителство за определување засилени безбедносни мерки за поранешниот шеф на државата и екс-премиер, Сали Бериша, актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија. Според одлуката донесена од шефицата на судот, Ирена Ѓока, Бериша од денеска е […]

Новогодишна честитка на Ковачевски: Потребени ни се оптимизам и мудрост


  Премиерот Димитар Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните нагласува дека во овој момент, најмногу е потребна верба, оптимизам и мудрост. „Ни треба целото знаење со кое располагаме, за да ги постигнеме целите кои се пред нас. Често велам дека нашата предност, наша најголема вредност и најсилна страна се луѓето, нашите граѓани. Затоа што имаме […]

Западот мора да се соочи со реалноста во Украина


Греам Алисон од Харвард неодамна коментираше дека, иако Кина „е и ќе биде најлутиот ривал со кој се соочила владејачката сила“, сегашната „демонизација“ на земјата „повеќе збунува отколку што разјаснува“. За да се „создаде и одржи стратегија за исполнување на кинескиот предизвик“, инсистира Алисон, Соединетите Држави „мора да ја разберат Кина каква што е“ – […]

30 декември во историјата – Формиран е Советскиот Сојуз


  На 30 декември 1922 година, во постреволуционерна Русија е основан Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), кој ја сочинува конфедерацијата на Русија, Белорусија, Украина и Транскавкаската федерација (поделена во 1936 година на републиките Грузија, Азербејџан и Ерменија). Позната и како Советски Сојуз, новата комунистичка држава беше наследник на Руската империја и првата земја во […]

Студентите преноќија во шатори на главната улица во Белград


  Сообраќајната блокада на една од клучните крстоснициво Белград, која ја организираа млади студенти и активисти, продолжи и денеска, откако тие ноќта ја минаа во шатори во импровизиран камп на улицата. Сообраќајната блокада почна во петокот напладне, а треба да трае до денеска напладне, кога, како што е најавено, студентите ќе се приклучат на протестот […]

Путин го наредил прогонот на учесниците на полуголата забава во Москва


  Кремљ започна остра кампања против познатите личности кои учествуваа на „речиси голата“ забава на познатата руска инфлуенсерка Анастасија Ивлеева, со одобрение на претседателот Владимир Путин. Според извор на Блумберг близок до Кремљ, на Путин му биле покажани фотографии од скандалозниот настан во клубот „Мутабор“ во главниот град. Претседателот изразил огорченост од претерано слободното однесување […]

Магла наутро, температурата релативно висока


  Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени. Во Скопје, информираа од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, од […]

Ова се најлошо оценетите туристички атракции во светот


Врз основа на прегледите на патниците на веб-страниците Trustpilot и TripAdvisor, направена е листа на атракции за кои се жалат туристите. Некои од атракциите се создадени во минатото, додека други се создадени во последните децении. На прво место е познатата холивудска патека на славните, тротоарот за ѕвездите на познатите личности. Оваа атракција го зазеде првото […]

Бајден: Путин мора да биде запрен


Претседателот на САД, Џо Бајден денеска истакна дека последниот руски ракетен напад врз Украина е „силен потсетник“ дека рускиот претседател Владимир Путин останал посветен на уништувањето на Украина и рекол дека „тоа мора да се запре“, објавија британските медиуми. Бајден даде изјава за време на божиќниот одмор на Американските Девствени Острови во врска со рускиот […]

Израелската армија го пронашла и го уништила станот во кој се криел лидерот на Хамас


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) вечерва објавија дека пронашле и уништиле стан-скривница, која му припаѓала на лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, на северот од палестинската територија и под него голема мрежа од тунели. Станот, кој се наоѓа на периферијата на главниот град на Газа, го пронашла 14-та оклопна резервна бригада, а подоцна е претресена […]

Тесла има сериозна конкуренција: Кинезите го заземаат првото место?


Кинеската компанија BYD го фаќа чекорот со Tesla во продажбата на електрични автомобили. Според прогнозите на Блумберг, Тесла би можел да ја загуби предноста веќе во тековниот квартал. Форбс е малку повнимателен, но и тој предвидува дека јазот меѓу американскиот и кинескиот производствен гигант за електрични возила ќе биде значително помал во 2024 година. Според […]

Вонредна состојба, целосен мрак; Бајден ќе прогласи катастрофа?


Гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум денеска прогласи вонредна состојба во целата држава Северна Дакота како одговор на ледената бура. Како последица на невремето, повеќе од 20.000 луѓе останаа без струја. Тој додаде дека планира да побара од американскиот претседател Џозеф Бајден да прогласи катастрофа, што ќе ѝ даде на државната федерална помош за покривање […]