За празниците бесплатно е паркирањето во Општина Центар


Паркинг

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани.

Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2024 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (сабота), 07.01. (недела) и 08.01.2024 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.