Договор за реконструкција на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, во Скопје (во живо)


Фото: Б. Грданоски

Денеска, во 12.30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати и ќе присуствува на потпишувањето на договорот за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“, во Скопје.

На настанот обраќања ќе имаат и Јетон Шаќири, министер за образование и наука , Штефен Худолин, Вршител на Должност Амбасадор на ЕУ и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија, по што ќе биде потпишан договорот.

Реконструкцијата е во рамки на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските дома во Република Северна Македонија со кој се опфатени сите деве државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. Согласно утврдената динамика, реализацијата на работите е предвидена во три фази.