Фицо си отвара пат за корупција, ќе го укинува специјалното обвинителство


Во градовите на Словачка денеска повторно протестираа илјадници луѓе поради планот на новата влада на премиерот Роберт Фицo за измена на Кривичниот законик, за кој треба да расправа Парламентот, каде владејачката коалиција има мнозинство. Со измените предложени од коалициската влада се предлага до средината на јануари да се укине специјалното обвинителство кое се занимава со […]

Би-би-си: Лажни видеа ги шират руските лаги до милиони гледачи на ТикТок


Руска пропагандна кампања која вклучува илјадници лажни кориснички сметки на ТикТок што шират дезинформации за војната во Украина, е откриена од страна на Би-би-си. Видеата рутински привлекуваат милиони прегледи и имаат очигледна цел да ја поткопаат поддршката на Западот, пишува Би-би-си. Корисниците во неколку европски земји биле подложени на лажни тврдења дека високи украински функционери […]

Кинезите направија батерија за рекордно возење: 1.044 км со само едно полнење


Новата полуцврста батерија од 150 kWh веќе постоеше, кога автомобилот Nio ET7 успеал да помине дури 100 километри повеќе со едно полнење на батеријата отколку овој викенд – 1.145. Електричниот автомобил на кинескиот производител Nio успеа да помине речиси неверојатни 1.044 километри со само едно полнење на батеријата. Моделот ET7, управуван од коосновачот и извршен […]

Интензивни преговори во Советот за безбедност за резолуција за Газа за да се избегне американското вето


  Членовите на Советот за безбедност на ОН во вторникот беа во интензивни преговори за резолуција спонзорирана од Арапите за поттикнување на очајно потребната хуманитарна помош во Газа за време на некој вид запирање на борбите, обидувајќи се да избегнат ново вето од страна на Соединетите Dржави. Гласањето, првично закажано за понеделник попладне, беше одложено […]

Анкета во САД: Широко незадоволство од политиката на Бајден кон Газа


  Гласачите генерално не го одобруваат начинот на кој претседателот Џо Бајден се справува со крвавите судири меѓу Израелците и Хамас, покажа анкетата на „Њујорк тајмс“/Колеџот Сиена, при што помладите Американци се многу покритични од постарите гласачи и за однесувањето на Израел и за одговорот на администрацијата на војна во појасот Газа. Гласачите, исто така, […]

На Гостиварец му се слошило во Старата скопска чаршија и починал


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 01.25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Стара скопска чаршија констатирале смрт без видливи траги на насилство кај машко лице. „Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за А.Т.(58) од с.Чегране, гостиварско. Според пријавеното, додека се движел со негова […]

Затвореници од Германија одбија да бидат ослободени: Сакаат Божик да го поминат в затвор


Повеќе од 670 затвореници се ослободени од германските затвори за да можат да го прослават Божиќ дома. Меѓутоа, божиќната амнестија, според ДПА, ја искористиле многу помалку затвореници.  Затворениците, кои сепак би биле ослободени на крајот на годината, може да бидат амнестирани според законот, но има и такви кои одбиле предвремено ослободување и сакаат да го […]

Мислење за Фетаи, Раичевиќ и Коцевски побара Владата по огласот за јавен обвинител


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука да достави писмо до Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, со барање писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно […]

Бочварски бара М-НАВ да не штрајкува за Нова година


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната средба со претседателот на Синдикатот при М-НАВ (ССКЛ), Александар Тасевски побара да не ја спроведуваат одлуката за прекин со работа, образложувајќи дека административните постапки во М-НАВ не смеат да влијаат во професионалноста на Друштвото во насока на нормалното одвивање на ависообраќајот во земјава. Како што соопштија […]

Утврден текстот на предлог-законот за забрана на нефер трговски практики


 Владата на денешната седница разгледа и донесе повеќе одлуки, меѓу кои утврдениот текст на Предлог на закон за забрана на нефер трговски практики, во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, утврдените текстови на предлози на закони за измени и дополнувања на законите за јавнообвинителска служба и за судска служба со цел усогласувања на […]

Ѓорческа во квалификациите на Австралија Опен


 Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа новата календарска година ќе ја стартува со настап во квалификациите на грен – слем турнирот Австралија Опен во Мелбурн. Ова за Ѓорческа ќе биде втор настап во квалификациите на Австралија Опен, откако во 2017 година беше на чекор до пласман на главниот турнир, но загуби во третото квалификациско коло од […]

Пендаровски ги посети транзитниот центар „Винојуг“ и припадниците на Армијата во Млаз Богданци


Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија и разговараше со претставници на институциите и организациите кои се ангажирани таму за Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија и разговараше со претставници на институциите и организациите кои се ангажирани таму за нивните тековни активности, регистрацијата на мигрантите и […]

Во Тетово запленети над 2500 парчиња пиротехнички средства, приведени две лица


СВР Тетово информира дека денеска полициски службеници околу 13:30 часот привеле две лица на плоштадот кај кои нашле и одзеле над 2500 парчиња пиротехнички средства. Посочуваат дека за двајцата ќе следат пријави. -Полициски службеници ја привеле 53-годишната Х.М. од тетовски Челопек кај која биле пронајдени и одземени 1686 парчиња пиротехнички средства, а десеттина минути пред […]

Законот за матична евиденција утре повторно на седница на Уставниот суд


Уставниот суд утре ќе ја одржи 45. седница на која меѓу останатите предмети е предвидено да се гласа по предметот кој опфаќа оспорени одредби од Законот за матичната евиденција. Овој предмет, како што информираат од Уставен, беше ставен на дискусија на 19 јули 2023 година при што се исцрпи дискусијата, но во фазата на гласање, […]

Ова се градовите со најмногу милионери


  Харвивил, градот во кој живее Ричи Рич (познат лик од популарни стрипови), можеби не постои, но светските милионери од реалниот живот се концентрирани во одредени држави и градови низ светот. Од Извештајот за најбогатите градови во светот на Henley & Partners за 2023 година, Вижуал капиталист (VisualCapitalist) ги мапираше топ 20 области низ светот […]

Сараево денеска повторно град со најзагаден воздух во светот


Сараево денеска повторно го достигна врвот на листата на градови со најголема загаденост на воздухот, покажуваат податоците на порталот AirVisual, кој собира информации од мерните станици од земјите низ светот. Концентрацијата на загадувачки материи во утринските часови е означена со индекс 235 и е во категоријата што укажува на „многу нездрав воздух“. Но, концентрацијата на […]

Во Србија годишно се произведуваат 50 милиони литри ракија


Во Србија годишно се произведуваат околу 50 милиони литри ракија, од кои 30 милиони се произведуваат во дестилерии регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека останатите 20 милиони литри се произведуваат за лична употреба, покажуваат податоците на Стопанската комора на Србија, Покрај тоа, секоја година во Србија се отвораат околу 100 нови дестилерии. […]

Бугарија од март ќе престане да увезува руска сурова нафта


 Бугарија ќе престане да увезува сурова нафта од Русија од 1 март следната година, иако има посебна дозвола од Брисел да продолжи со тоа до 1 октомври. Вчерашната одлука на Парламентот беше протуркана од прозападното владејачко мнозинство и со неа се става крај на извозот на производи од руска сурова нафта од 1 јануари. Новите […]

„Европска иднина, поблиску од кога било“ – почна медиумската кампања на Владата


  Владата од денеска почнува со медиумска кампања која има за цел да ја информира јавноста за конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија. Кампањата, како што се наведува, ќе овозможи и подобро разбирање на реформите врзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности. Како што информира владината прес-служба, […]

Распродадени влезниците за кошаркарскиот фајналфор во Берлин


Влезниците за овосезонскиот фајналфор во кошаркарската Евролига во Берлин се распродадени, објавено е денеска на официјалниот сајт на натпреварувањето. Како што е наведено, влезниците кои беа во претпродажба биле распродадени за еден час во понеделникот, а влезниците кои беа пуштени во слободна продажба за помалку од четири часа ова претпладне. Фајнлфорот е на програмата од […]