Мадуро не успеа- минимален одѕив за барањето територија на Гвајана


  Владата на Гвајана здивна откако референдумот кој требаше да го зацврсти барањето на Венецуела за околу две третини од територијата на оваа јужноамериканска земја, се чини дека резултираше со контраефект. Николас Мадуро се надеваше дека ќе го искористи вековното барање на неговата земја за спорниот регион Есекибо за да мобилизира јавна поддршка, но гласачките […]

Ако вашиот здив ве потсетува на овие овошја, проверете се веднаш! Три симптоми на болест со која живеат многумина


Овие 3 симптоми можат да бидат тесно поврзани со дијабетес. Проверете ги! Некои од вообичаените симптоми на дијабетес вклучуваат прекумерна жед, чести одења во тоалет и губење на тежината. Освен овие, постојат и некои помалку познати симптоми кои луѓето можат да ги забележат врз основа на нивниот мирис. Еден од малку познатите симптоми се нарекува […]

Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло


Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни. Против сторителите, како што информираат утрово од Царинската управа, се поднесени кривични пријави до Јавно обвинителство.   -На влез во државата на граничниот премин Ќафасан пристигнале две […]

Наредното лето сезонски летови на полскиот авиопревозник „ЛОТ“ од Варшава до Охрид


Полската национална авиокомпанија „ЛОТ“ наредната летна сезона ќе воспостави нова сезонска авионска линија до Охрид. Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“ да стартува на 24 јуни и да оперира еднаш седмично секој понеделник до 23 септември. Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од […]

Зошто Норвешка ѝ подарува елка на Велика Британија секоја година?


Секоја година од 1947 година, жителите на Норвешка ѝ подаруваат на Велика Британија елка која ќе биде поставена на плоштадот „Трафалгар“ за време на празничниот период. Една од првите работи што ќе ги забележите ако се најдете во близина или околу плоштадот „Трафалгар“ во Лондон на Божиќ е елка висока 20 метри изложена за сите […]

(Во живо) Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство“


 Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ во организација на ОБСЕ на која свои обраќања ќе имаат: првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор Килиан Вал, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски […]

Британски модни награди 2023: Гвинет Палтроу во црвена тоалета во чест на Валентино


Лондон – Што може да биде побританско од Џонатан Андерсон, Шарлот Тилбери и Мартин Роуз да добијат награди во дождливата зимска вечер во Ројал Алберт Хол? Самото британско време во понеделникот беше соодветна заднина за Модните награди, ноќ која имаше за цел да ги прослави талентите на нацијата – но и меѓународните. Меѓу последните беше […]

Шукова од КОП28: Преку инструментот за зелено финансирање ќе се забрза енергетска транзиција


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во рамки на КОП28, учествуваше на панел-дискусијата на високо ниво фокусирана на искуствата на четири земји-членки на ОН, Северна Македонија, Мадагаскар, Уругвај и Зимбабве за користење на средствата од Заедничкиот фонд за Целите за одржлив развој на ОН (UN Joint SDG Fund) со чија помош во […]

По распишаната меѓународна потерница, одреден и 30-дневен притвор за Палевски


Скопскиот Кривичен суд му определи мерка 30-дневен притвор на првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, Љупчо Палевски со прекар Палчо, кој е во бегство, а која ќе биде спроведена по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. -Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на […]

Семејство во САД чувало хибрид волк-куче како домашно милениче. Им го убил тримесечното дете


Хибрид од волк и куче уби тримесечно дете во Челзи, Алабама, соопшти полицијата. Семејството на несреќното дете го чувало животното како домашно милениче. Ветеринар го евтанизирал животното на местото на настанот, потврди Канцеларијата на шерифот на округот Шелби. Градоначалникот смртта ја нарече „несреќна и трагична“. „Потврдено е дека едно од нашите деца овде во Челзи […]

Замрзнат дожд падна во Минхен. Замрзнати писти на аеродромот, сите летови суспендирани


Поради замрзнат дожд, утрово, повторно беа прекинати летовите на аеродромот во Минхен. Портпаролот на аеродромот потврди за ДПА дека сите писти се замрзнати поради замрзнат дожд. Нема да има полетувања или слетувања барем од првите летови во 6 часот наутро до пладне. На онлајн распоредот на пристигнувања и полетувања на летовите на тој аеродром, сите […]

Јордан Плевнеш добитник на највисокото општинско признание на Охрид


 Поетот, драматургот и романсиерот, амбасадорот Јордан Плевнеш, е годинешниот добитник на највисокото признание што го доделува Општина Охрид – наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“. Членовите на Стручната комисија едногласно  ја донеле таквата одлука, имајќи ја предвид импозантната биографија на проф. д-р Плевнеш, неговото животно дело и неговата завидна научна дејност во областа […]

Министер на Ликуд најави кандидатура против Нетанјаху, велејќи дека на партијата „ѝ треба промена“


Израелскиот министер за економија Нир Баркат, висок член на владејачката партија Ликуд, наводно планира да се кандидира против премиерот Бенјамин Нетанјаху кој 18 години е на чело на партијата, велејќи дека на партијата „и требаат промени“ и повика на одржување национални избори откако ќе заврши војната. – Повторно нема да го поддржам Нетанјаху. По војната […]

Британија ги заострува условите за работна виза


Велика Британија најави планови за намалување на бројот на легални имигранти во земјата со зголемување на минималната плата за една трита што мора да ја заработат за квалификувана работа, во услови на притисок врз премиерот Риши Сунак да се справи со рекордниот број нови имигранти. Високите нивоа на легална миграција доминираат на политичката сцена во […]

Производителите на оружје во 2022. тешко ја следеа побарувачката


Приходите на водечките производители на оружје во 2022 година благо се намалија бидејќи капацитетите не можеа да бидат во чекор со побарувачката, објави шведскиот институт СИПРИ(SIPRI). Приходите на 100-те водечки производители минатата година се намалени за 3,2 отсто, на 597 милијарди долари, пресметани од Стокхолмскиот институт за меѓународни мировни истражувања (СИПРИ). Руската инвазија на Украина […]

Грчката невладина организација за заштита на децата информираше за убиството на Вања


Трагичен крај на потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, објави грчката невладина организација за заштита на децата и нивните права „Насмевката на детето“ во соопштението во кое информира дека девојчето од Скопје беше пронајдено убиено, јави дописничката на МИА од Атина. Минатата седмица, како што објави МИА, „Насмевката на детето“ информираше во Грција за исчезнувањето на […]

Самостојна изложба на Ешреф Ќахили


Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на Ешреф Ќахили. На отворањето ќе се обрати директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и професорот Решат Амети, член на Управниот одбор на Националната галерија. Изложбата „Музеј на детството“ опфаќа триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника и ќе биде […]

Промоција на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“


Во кино Фросина, МКЦ денеска ќе биде промовирана книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“, од архивските материјали на Васил Хаџиманов. Книгата претставува монографија за тажачките песни од скопскиот земјотрес со транскрипција на ракописните материјали и на дел од аудиоматеријалите снимени од Васил Хаџиманов во 1963 година.  Станува збор за записи снимани во […]

На Евро 2024 ќе користи топка што ќе сигнализира играње со рака


На Европското првенство во 2024 година ќе се користи топка со висока технологија од компанијата „Адидас“. Според „ The Times“, топката ќе биде опремена со микрочип што ќе помогне да се утврди дали е користена рака при нападите кога ќе биде постигнат гол. Овој систем ќе работи заедно со технологијата за следење на екстремитетите, која […]

Трибина „130 години МРО“ и промоција на зборникот „120 години од Илинденското востание“


Матица на иселениците од Македонија и Општина Карпош денеска, во годината кога се одбележуваат 130 години од основањето на Македонската револуционерна организација, 120 години од Илинденското востание и 120 години од смртта на Гоце Делчев, организираат трибина „130 години МРО“ и промоција на зборникот на трудови „120 години од Илинденското востание“ и зборник на трудови […]