Самостојна изложба на Ешреф Ќахили


Во Националната галерија Чифте амам денеска ќе се одржи самостојна изложба на Ешреф Ќахили.

На отворањето ќе се обрати директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими и професорот Решат Амети, член на Управниот одбор на Националната галерија.

Изложбата „Музеј на детството“ опфаќа триесетина дела во техника масло на платно и комбинирана техника и ќе биде достапна до 18 декември.

Ќахили првпат изложува во Националната Галерија, а овој проект е во рамките на билатералната културна размена меѓу Република Северна Македонија и Косово.

Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.