Како христијанскиот светец Свети Никола ја инспирираше легендата за Дедо Мраз?


  Белобрадестиот христијански светец чии дела на дарежливост ја инспирираа секуларната фигура на Дедо Мраз на Америка е познат во целиот свет – но приказната за потеклото на Свети Никола не е. Легендите околу радосниот стар Свети Никола – кој се слави секоја година на 6 декември според грегоријанскиот календар и на 19 декември според […]

Го зголемуваат данокот – СЗО повикува алкохолот да поскапи


Светската здравствена организација повикува на зголемени даночни стапки за алкохолните и засладените пијалоци. Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика властите ширум светот да ги зголемат даноците за алкохолните пијалоци и слични производи кои во моментов не се оданочуваат, како виното во одредени европски земји. Пијалоците кои содржат шеќер, исто така, треба да се оданочуваат […]

Вашингтон доби пристап до сите воени бази во Скандинавија


Вашингтон – Шведска и САД потпишаа договор во областа на одбраната што му овозможи на Вашингтон пристап до сите воени бази во скандинавските земји, соопшти шведското Министерство за одбрана. Шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон изјави дека договорот потпишан вчера во Вашингтон „ќе создаде подобри услови за Шведска да добие помош од САД во случај […]

Како министерка се залагам секоја година да имаме повисок буџет, вели Костадиновска-Стојчевска


Како министерка се залагам секоја година да имаме повисок буџет. Секој проект што сме го поддржувале и финансирале во минатото ќе продолжиме да го поддржуваме и понатаму, а сме отворени и за нови проекти, порача денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. -Новиот предлог буџет за 2024 година ќе се задржи во рамките на она […]

Со автомобил удрил жена на тротинет, па избегал


Во вторникот, во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, патничко возило удрило во електричен тротинет, управуван од Е.М.(32) од Берово, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од […]

Сенатори од Чешка во посета на МНР


Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со делегација од Комисијата за европски прашања на Парламентот на Чешката Република, предводена од претседателот на оваа Комисија, Владислав Вилимец, која претстојува во работна посета на Северна Македонија. Во фокус на разговорите со чешките сенатори беа перспективите и предизвиците на процесот на пристапување во ЕУ и недвосмислената […]

Ѓорѓиевски: Владата не им помага на општините – за заштеда на струја се исклучи уличното осветлување


Нема општина со проблем во плаќањето електрична енергија и верувам дека годинава ќе бидат избегнати проблеми како минатата година кога дел од општините беа исклучени. Многу поспремни влегуваме оваа година, изјави Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС пред почетокот на Годишната конференција за децентрализација и локално управување, која ја организира Програмата за развој на Обединетите нации […]

Мерил Стрип позираше со децата и зетовците на црвен килим- поводот е наградата „Гала икона“


Тоа беше „семеен портрет“ за најголемата актерка во Холивуд, Мерил Стрип, која ги покани сите нејзини деца да ѝ се придружат на Гала вечерта на Музејот на Филмската академијата  во Лос Анџелес . Целото семејство позираше на тепихот иако децата на Стрип генерално остануваат надвор од центарот на вниманието кога станува збор за славата на […]

Бруталните убиства на жените во Западен Балкан предизвикаа голема тревога


  БЕЛГРАД – Маж во Босна ја уби сопругата и го пренесуваше убиството во живо на Инстаграм. Во соседна Србија, 27 жени беа убиени во родови напади оваа година, и покрај напорите да се подигне свеста и да се смени трендот. Активистите во Косово велат дека насилството врз жените таму е „национална вонредна состојба“. Низ […]

Скопјанка била нападната со остар предмет од соседот во Аеродром


Жена пријавила дека била нападната од нејзин сосед во скопската населба Аеродром. „Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Р.(42) од Скопје пријавила дека околу 07.30 часот на подрачје на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Д.С.(53) од Скопје, кој се обидел да ја нападне и со остар предмет“, соопштија вчера од МВР […]

Бислимовски вели дека до крајот на месецов 90 отсто од домаќинствата ќе имаат евтина тарифа


Првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски вели дека оние домаќинства кои немаат евтина тарифа на струја ќе почекаат додека да се сетираат нивните мерила.  – Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по […]

Путин на едниот крај од салата, гостите на другиот: „За жал, не можеме да се дружиме“


Владимир Путин вчера стоеше доста далеку од новите странски амбасадори во Русија, сцена која потсетува на периодот на пандемијата на корона вирус. На церемонијата во Кремљ, рускиот претседател ги прифати акредитивните писма на повеќе од 20 странски амбасадори, вклучувајќи го и најновиот британски пратеник во Русија, Најџел Кејси. Рускиот лидер одржа говор во кој рече […]

Магла во Крушево, снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка. Магла со видливост до 100 метри има во Крушево, соопшти ЈП Македонијапат. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување […]

(Видео) Ослободете се од главоболката за 15 секунди: Овој трик ќе ве ослободи од болката за кратко време


Со притискање на палците на слепоочницата и под главата, ќе си ја олесните главоболката. Многу луѓе страдаат од главоболки, од кои некои се предизвикани од проблеми со синусите. Наместо веднаш да посегне по некои индустриски лекови, терапевтот Џејмс Мур предлага да се обиде со акупресура. „Подобрете ги вашите главоболки сега! Нежниот притисок и топлината на […]

Дожд и снег утре, за викендот стабилно и потопло


Времето во четврток ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, соопшти УХМР. Во петок ќе дува засилен […]

Министерството за правда побара од турските власти Љупчо Палевски да биде задржан во притвор сѐ до екстрадицијата


Министерството за правда информира дека од надлежните турски власти побарале Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршувањето на постапката. Оттаму велат дека очекуваат Турција веднаш да постапи по нивното барање. – Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување […]

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари


За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! Корисниците на Mastercard дебитните и кредитните картички на Комерцијална банка со секоја трансакција од 6 декември 2023 до 10 јануари 2024 година учествуваат во наградната игра и стануваат потенцијален добитник на вредни награди. Празничната магија дефинитивно […]

Без македонски претставник на Евросонг 2024 во Малме


На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска нема да учествува македонска делегација, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување. На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во Малме, во мај следната година, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји. „Ваквата одлука е […]

Бројот на пратеничките групи во грчкиот Парламент се зголеми на девет


Новоформираната пратеничка група Нова левица на пратениците кои си заминаа од СИРИЗА, од денеска и официјално е дел од грчкиот Парламент, со што бројот на пратеничките групи од осум, колку што беа по изборите, се зголеми на девет, јави дописничката на МИА од Атина. „Премиерата“ за новата пратеничка група е на денешната расправа во Парламентот […]

Мараја Кери повеќе не е кралица на Божик- ова е песната на тронот (видео)


Благодарение на песната „All I Want For Christmas Is You“, Мараја Кери со години ја носеше титулата кралица на Божиќ. Но, повеќе не е на тронот. Имено, песната на Бренда Ли – „Rockin’ Around the Christmas Tree“ го зазеде првото место на билбордовата „Хот 100“ листа во САД. Таа го издаде овој сингл во 1958 […]