Петок неработен ден за сите граѓани на Македонија


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2023 година (петок), Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот Св.Климент Охридски.

Ковачевски на скринингот во Брисел: ЕУ е нашиот најголем економски партнер


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на работната посета на Брисел, се обрати и ја отвори последната сесија од скрининг процесот на Северна Македонија, посветена на Кластер 6 кој ги опфаќа: поглавјето 30 – надворешни односи и поглавјето 31 – заедничка, надворешна и безбедносна политика. На сесијата присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан […]

Mожностите на Креативна Европа – Култура за 2024 година: Дводневен транснационален настан во Скопје


Со дискусија посветена на „Европската димензија и одржливоста на европските престолнини на културата (ЕПК 2028)“ денеска (6 декември) во Музејот на македонската борба за самостојност започнува дводневниот Транснационалени вмрежувачки настан посветен на можностите на програмата „Креативна Европа“-потпрограма Култура. Претставници од градот Скопје и францускиот град Руан кои се во фаза на назначување за Европски престолнини на културата […]

Основците ќе пребаруваат наставни и едукативни содржини преку ИТ-опрема за безбеден пристап до интернет


Информатичко-комуникациската инфраструктура во основните училишта во државата се унапредува. Во 40 од нив веќе е поставена нова, современа опрема преку која учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до глобалната интернет мрежа со цел полесно да ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини, соопшти Министерството за образование и наука. МОН појаснува […]

Иран испрати капсула со животни во вселената


Техеран – Иран денеска соопшти дека во вселената лансирал капсула чии патници се животни, со цел да се подготви да испрати астронаути во наредните години. Министерот за телекомуникации Иса Зарепур изјави дека капсулата била лансирана со помош на ракета-носач Салман од иранско производство на надморска височина од 130 километри во орбитата, објави официјалната иранска новинска […]

ЕК одобри заедничка инвестиција на „Мусаши“, „Делта“ и „Тојота“


Брисел – Европската комисија даде дозвола за заедничка инвестиција во проект за производство на автомобилски компоненти на индиската фабрика „Мусаши Авто делови Индија“, тајванската компанија „Делта Електроникс“ и јапонската корпорација „Тојота Цушо“.  Инвестицијата првенствено се однесува на производство на автомобилски делови за погонските системи на електрични возила на две тркала во Индија.  Европската комисија заклучи дека […]

Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија


Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. Формирањето на Балканската алијанса беше поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка […]

ТАВ со нов уред вреден 2,4 милиони евра за скенирање за системот за ракување со багаж на скопскиот аеродром


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми денеска соопштија дека ја завршиле надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра. Отсега, се посочува во соопштението, патниците може да пристигнуваат на аеродромот, како и претходно, […]

Стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов се чествуваше во Загреб и во Љубљана


Стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се чествуваше и на филозофските факултети при државните универзитети во Загреб и во Љубљана. Професорката по современа македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ д-р Весна Мојсова-Чепишевска одржа предавање и се промовираше антологијата на младата македонска поезија „Ново раѓање на зборот“, приредена од неа и од […]

12 декември во историјата – Тетратката на Да Винчи продадена за 5 милиони долари


  На 12 декември 1980 година, американскиот нафтен тајкун Арманд Хамер плати 5.126.000 долари на аукција за тетратка која содржи списи на легендарниот уметник Леонардо да Винчи. Ракописот, напишан околу 1508 година, е една од 30-те слични книги што Да Винчи ги создал за време на неговиот живот на различни теми. Содржеше 72 лабави страници […]

Американскиот ИТ сектор е заинтересиран за инвестирање во Србија, вели амбасадорот Хил


 Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека американските компании не поставуваат политички услови и дека за нив најважно е Србија порано или подоцна да биде во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. – Мислам дека позицијата на Србија е многу важна, ако овде изградите фабрика, многу сте блиску до ЕУ, а наскоро […]

Одобрен притвор од 30 дена за осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски


  Основниот кривичен суд Скопје денеска објави дека е прифатен предлогот за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. за кого вчера Јавното обвинителство соопшти дека се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да пребегне во Турција. Повеќе медиуми објавија дека станува збор за лицето […]

Британската влада не е подготвена за екстремни временски настани


Владата на Обединетото Кралство не е доволно подготвена за екстремни временски настани кои би можеле да предизвикаат значителни нарушувања, утврди Националната ревизорска канцеларија (НАО) во извештајот објавен денеска, а во кој се вклучени резултатите од проценката за тоа како Обединетото Кралство е подготвено за четири типа екстремни временски услови: суша, поплава, бура и високи температури.  […]

УНИЦЕФ го осуди сексуалното насилство врз жените и децата на 7 октомври, без да го спомене Хамас


Организацијата за децата на ОН – УНИЦЕФ го осуди сексуалното насилство врз жените и децата на 7 октомври, но не ги споменува сторителите, терористичката група Хамас. – Извештаите за сексуално насилство на 7 октомври во Израел се ужасни, напиша извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел на X. – Преживеаните мора да бидат сослушани, поддржани и […]

Барањето за екстрадиција на Палевски од Турција најверојатно ќе биде испратено денеска


Се очекува во текот на денот да биде подготвено барањето за екстрадиција од Министерството за правда за Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција. За МИА од Министерството за правда информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување […]

Рижото со пилешко и сланина: Едноставно и традиционално италијанско јадење со одличен вкус


Рецептот за рижото со пилешко и сланина е еден од најдобрите, а ова познато италијанско јадење секогаш можете да го послужите. Рижотото е познато италијанско јадење направено од ориз, путер, кромид и супа. Има безброј варијации, а ние ви пренесуваме рецепт за рижото со пилешко и сланина. Ова едноставно јадење брзо се подготвува, а на […]

ИДФ во последните 24 часа погодиле 250 „терористички цели“ во Газа


 Израелската армија бомбардираше околу 250 „терористички цели“ во Појасот Газа во текот на изминатиот ден, соопштија изутринава Израелските одбранбени сили (ИДФ). „Трупите на ИДФ продолжуваат да лоцираат оружје, подземни шахти, експлозиви и дополнителна воена инфраструктура. Копнените трупи на ИДФ упатија борбен авион да нападне два ракетни фрлачи од кои терористите вчера (вторник) истрелаа низа ракети […]

Зошто треба да јадете бамја? Исклучително е здрава


Бамјата е исклучително здрава билка, можете да ја користите за приготвување на разни јадења, но неправедно е запоставена во нашата кујна. Бамја е растение кое потекнува од Африка. Се одгледува во јужните делови на јужна Европа, САД, Западна Африка, како и во Индија, Бразил и Турција. Во Босна и Херцеговина, бамјата е незаменлива состојка во […]

ОН: Речиси е невозможна дистрибуцијата на помош во Газа


 Продолжувањето на борбите во Газа ја засили кризата со гладот во оваа палестинска енклава, соопшти хуманитарната агенција на Обединетите нации. Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека за време на седумдневната пауза во борбите во Газа нивната помош стигнала до околу 250.000 лица, јави Би-Би-Си. Во соопштението се нагласува дека дистрибуцијата на помошта […]

Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“


„Филозофијата и глобалните проблеми“ е тема на осмиот Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“, што деенска и утре го организираат Центарот за стратегиски истражувања при Македонската наука на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет – Свети Николе, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија, соопшти Филозофското друштво […]