Скопјанка била нападната со остар предмет од соседот во Аеродром


Жена пријавила дека била нападната од нејзин сосед во скопската населба Аеродром.

„Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Р.(42) од Скопје пријавила дека околу 07.30 часот на подрачје на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Д.С.(53) од Скопје, кој се обидел да ја нападне и со остар предмет“, соопштија вчера од МВР во дневниот билтен.